Имало и по некој поразумен кај бугариве, ама за жал многу ретки се ваквите
Бојко Пенчев: Што сакаме од Македонија Македонија opserver.mk »
opserver.mk
– Немоќна да се справи со растечката епидемија, исплашена од кенкавите и неефикасни, но инаку дрски протести, владата се обидува да покаже мускули барем на темата „Македонија“. С
è започна со ВМРО, која во пумпањето на оваа хистерија виде шанса да го подигне својот рејтинг над прагот од 4 процени за влез во Парламентот. И сега, заради некои избори на пролет, Бугарија е пред грешка со голема историски последици, пишува Бојко Пенчев, декан на Факултетот за словенска филологија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија во авторскиот текст „Што сакаме од Македонија“ кој денеска го пренесуваат бугарските медиуми.
Зошто си го нарекуваат јазикот „македонски“? Ние не даваме!
Како што ќе си решат, така и ќе си го нарекуваат јазикот, тие се независна држава. Дури и да е ист како литературниот бугарски, тие сепак можат да го наречат „македонски“. А тој не е ист. Речиси 30 години во Бугарија се преведуваат и објавуваат македонски автори, но „државниците“ сè уште не сакаат да ја признаат реалноста. Кое е значењето на чисто јазичните изјави за блискоста и разликата?! Ајде, ако тие сакаа да го наречат својот јазик „бугарски“, а ние бевме „против“ затоа што ги држиме авторските права, ќе имаше некаква логика.
Да се сопне Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија не е само морално неодбранливо, туку и глупаво од геополитичка гледна точка. Предавство на бугарските национални интереси е да се работи на тоа Северна Македонија да остане разединета држава, оставена надвор од ЕУ, растргната од секакви конфликти, и за сето тоа со право треба да се обвинува Бугарија.