Ох да, Хустон им дале „вербална согласност“ на Нетс за „рамката“ на договорот со кој брадата би дошол у Бруклин.
Ова всушност е најполитички можниот, а коректен начин за да кажат како Хјустон им соопштиле на Нетс, дека за возврат за доаѓање на брадата кај нив, покрај тоа што ги бараат сите нивни првородени синови, ги сакаат и сите први пикови на Нетс до 2040-та (и сите втори пикови чисто за забава), и дека ќе одберат колку сакаат и кои сакаат од сите играчи на Нетс што не се викаат Дурант и Ирвинг (а евентуално и нив). Исто така Нетс ќе мораат да вклучат и трет и четврт тим, на кои Нетс ќе им дадат се што ќе побараат, за Хјустон да ги истовари сите утепани договори што ги испонаправија кога брадата си играше генерален менаџер заедно со Д’Антони во нивната потрага по најнискиот можен тим што може да се склопи, а сепак да се влезе во плејоф (и се разбира, да се изгуби најкасно во втора рунда).
И тоа дами и господа е „рамката“ во која ќе биде договорена увертирата во најголемата комедија во историјата на НБА.
(но само затоа што не се деси размената Крис Пол од Оклахома во Клиперс, за Вејоф Пи (Пол Џорџ, за тие што не му го знаат надимакот)).
Забегаф?
Ај лека ноќ.