Фан клуб - РК Вардар

Вардар 1961 во продолжение од сезоната ќе остане без услугите на Дејан Периќ. СПОРТМЕДИА дознава дека стратегот на голманите на единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите и челниците на клубот се разделиле.
Засега не се познати причините, но она што е јасно е дека „црвено-црните“ остануваат без одличниот стратег кој две години работеше со голманите на Вардар 1961 и беше една од главните алки на стручниот штаб.
Периќ дојде во февруари 2018 година како дел од тимот на Раул Гонзалез и Давид Дејвис. Под негово водство блесна Дејан Милосављев, го насочи Калифа Гедбан, како и младиот Марко Кизиќ.

WTF!?!?

Sent from my SM-G980F using Tapatalk
 
Навистина штета доколку е вистина. Можеби добил некоја побогата понуда?
 
Човекот делуваше посветен и дека си ја знае работата. Али колкава разлика ќе направи ако си отиде, тоа не знам.
 
Види види,неписменоќа,Столе струмичанец го направија
 
Види види,неписменоќа,Столе струмичанец го направија
Да не испадне дека изигравам полицаец, ама колку што знам Стоилов е од Струмица. Да не речам е скопјанец исто колку што Грчеви се стари скопјани.
 
@Ilumious ти што ќе кажеш?
Автоматски споено мислење:

Да не испадне дека изигравам полицаец, ама колку што знам Стоилов е од Струмица. Да не речам е скопјанец исто колку што Грчеви се стари скопјани.
Деуше неам ништо против Струмица,али Столе не е Струмичанец
 
@Ilumious ти што ќе кажеш?
Автоматски споено мислење:

Деуше неам ништо против Струмица,али Столе не е Струмичанец
Се' ок, само велам дека така имам чуено.
 
@Ilumious ти што ќе кажеш?
Автоматски споено мислење:

Деуше неам ништо против Струмица,али Столе не е Струмичанец
Си пишува јасно по потекло, а не дека е струмичанец, фамилијата му е од Ново Село и се населува во Скопје кај што си е роден и израснат. Цела поента на муабетот е дека за секој успех мора да има нешто струмичко кај спортистот (со исклучок на Лазаров), нема потреба од такви чувства, не ви ја зима никој иконата не се плаши ;););).
 
Последно уредено:

Треба да се има скопска улична школа за да бидеш Столе Стоилов;)
 
@Ilumious ти што ќе кажеш?
Автоматски споено мислење:

Деуше неам ништо против Струмица,али Столе не е Струмичанец
Татко му е од Ново Село ама дај не заебавајте каква црна Струмица, роден Ѓорчевец, покасно преселен во НЛ. Права скопска фаца е дебелото, во Ново Село два пати дали е биден, не ни знае да збори на струмички дијалект, во Лешок, Тетовско од кај што е мајка му е сто пати поредовен.

Скопска школа си е ама да бидеме реални, ако веќе ситничариме, ликот повеќе го има лешочкото херојство во него како паднатиот борец Ѓоко Лазаревски. Од мајка му му е таа бестрашливост што ја има, кој ја знае жената, ќе потврди :D
 
Кладилнициве ептен го потценуваат Вардар
1,37 за Кјелце 4,25 за Вардар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom