Македонска фудбалска репрезентација

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Таа генерација струмички напаѓачи во репрезентацијата беа стварно култни. Стојков и Мазнов. Покрај Пандев секако. Овие двајцата, понеуспешните имаат вкупен скор од нешто помалку од 20 голови за репрезентацијата. Да имавме тогаш еден од Елмас/Барди или Адеми, ќе се пласиравме на едно ЕП уште 2007.
Без Мрмевич тешко таа работа. :kafence:

Не бевме лоши и тогаш. Одбраната ни беше едно милион пати појака од моменталнава со прави столбови како Васовски, Митрески, Новевски и Седлоски. Играчиште до играчиште, камо еден со сличен квалитет да имавме денес. Додека во средината беше обратно пропорционално. Еден асален немаше, залижаниот Тасевски кој можеше да истрча 2 км макс. и Македонскиот Стиви Џи-Шуми кој пас не погодуваше а се нарекуваше среден играч и Влатче Гроздановски(овој не беше лош, ама мислам многу се повредуваше). Горе долу слични капацитети имаа екипите, па дури мислам дека таа и поарна беше со Илчо и Гоче напред(кој тогаш беше многу подобар играч од сегашниов 38 годишен Гоче) и плус Стојков, Ристич и Мазнов како резерви. Со нормално единствена разлика на селекторската позиција каде што Мрмињо го шие во секој поглед Сречко. :kafence::kafence::kafence:
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.756
Поени од реакции
8.852

Нема грешка дека ќе се плассиравме со тогашната пеколна конкуренција и во група каде две репрезентации одат понатаму од кои беа секогаш јаката Англија, Русија со Аршавин,Павличенко, и со секогаш стандардната Хрватска...во првенство каде само 16 репрезентации настапуваа за разлика од сегашните 24.

Уште пет души како Елмас ,Барди и Адеми да имавме тогаш максимум ќе извлечевме 4-то место...немаше теорија во онаа група да се пласираме на ЕП
 
Точно. Би немала шанси за пласман моменталната репрезентација тогаш реално. Една Англија испадна во тие квалификации од Хрватска и Русија, која беше страшна генерација, нивна најдобра во последните не знам колку години.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.756
Поени од реакции
8.852
Без Мрмевич тешко таа работа. :kafence:

Не бевме лоши и тогаш. Одбраната ни беше едно милион пати појака од моменталнава со прави столбови како Васовски, Митрески, Новевски и Седлоски. Играчиште до играчиште, камо еден со сличен квалитет да имавме денес. Додека во средината беше обратно пропорционално. Еден асален немаше, залижаниот Тасевски кој можеше да истрча 2 км макс. и Македонскиот Стиви Џи-Шуми кој пас не погодуваше а се нарекуваше среден играч и Влатче Гроздановски(овој не беше лош, ама мислам многу се повредуваше). Горе долу слични капацитети имаа екипите, па дури мислам дека таа и поарна беше со Илчо и Гоче напред(кој тогаш беше многу подобар играч од сегашниов 38 годишен Гоче) и плус Стојков, Ристич и Мазнов како резерви. Со нормално единствена разлика на селекторската позиција каде што Мрмињо го шие во секој поглед Сречко. :kafence::kafence::kafence:
Вака играчки од денешна перспектива делуваат солидно...ама да не заборавиме дека играмве очаен и беден фудбал, два паса не знаеа да сврзат ...сега барем пак ги гледаш Барди,Алиоски,Елмас,Несто ќе врзат некој дупли пас,триаголник, ќе се уфрли онај Ристовски , ќе дадат повратна нешто...

Тогашниот фудбал што го играа беше во стилот "тресни ја топката напред и кој како ќе се снајди"...одбрана цврсти, ама во организацијата на нападите тешка беда
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Вака играчки од денешна перспектива делуваат солидно...ама да не заборавиме дека играмве очаен и беден фудбал, два паса не знаеа да сврзат ...сега барем пак ги гледаш Барди,Алиоски,Елмас,Несто ќе врзат некој дупли пас,триаголник, ќе се уфрли онај Ристовски , ќе дадат повратна нешто...

Тогашниот фудбал што го играа беше во стилот "тресни ја топката напред и кој како ќе се снајди"...одбрана цврсти, ама во организацијата на нападите тешка беда
Тоа беше ради стручњакот Катанец. Нели Пандев и се искара со него заради неговата бункер игра во сите 90 минути. Не дека средината беше надарена, но можеше барем повисоко да се притиска и да се оди на брзи контри, но Сречко играше строго бункер.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.756
Поени од реакции
8.852
Точно. Би немала шанси за пласман моменталната репрезентација тогаш реално. Една Англија испадна во тие квалификации од Хрватска и Русија, која беше страшна генерација, нивна најдобра во последните не знам колку години.
Абе реално ние како репрезентација најаки играчи имавме после осамостојувањето како држава кога сите играчи излегоја од Југославија....само тогаш генерално или сме биле родени или сме биле мали па не памтиме...
Автоматски споено мислење:

Тоа беше ради стручњакот Катанец. Нели Пандев и се искара со него заради неговата бункер игра во сите 90 минути. Не дека средината беше надарена, но можеше барем повисоко да се притиска и да се оди на брзи контри, но Сречко играше строго бункер.
Katanec беше сеоски Конте со 3-5-2 дефанзивна формација :D
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Абе реално ние како репрезентација најаки играчи имавме после осамостојувањето како држава кога сите играчи излегоја од Југославија....само тогаш генерално или сме биле родени или сме биле мали па не памтиме...
И што постигнаа тие играчи тогаш?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.012
Поени од реакции
67.903
Пандев со успехов најверојатно го помина Панчев во поглед на најдобриот Македонски фудбалер на сите времиња. Панчев се посра во Италија, а Пандев веќе 20 години игра, и имаше култни утакмици, головите против Реал, голот на Мурињо против Милан од слободен, голот против Баерн во ЛШ, тројна круна.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.756
Поени од реакции
8.852
И што постигнаа тие играчи тогаш?
имавме слаб коефициент бидејќи нормаллно нова држава и ни се паѓаа по 3-4 јаки репрезентации во група..иначе да ги имаш во тимот Панчев,Најдовски,Стојковски,Мицевски...не е забеанција....во сериозни екипи играа...плус тогашните играчи беа многу технички понадарени и доаѓаа од организирани Југословенски школи.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
имавме слаб коефициент бидејќи нормаллно нова држава и ни се паѓаа по 3-4 јаки репрезентации во група..иначе да ги имаш во тимот Панчев,Најдовски,Стојковски,Мицевски...не е забеанција....во сериозни екипи играа...плус тогашните играчи беа многу технички понадарени и доаѓаа од организирани Југословенски школи.
Да, и сите пред пензија играчи.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.756
Поени од реакции
8.852
Да, и сите пред пензија играчи.
Можеби Канатларовски и Јаневски кои беа 30+...Тони Мицевски,Стојковски и Панчев беа под 30..и овие што играа во нашата Македонска лига Грозданов и Марковски кои беа солидни играчи за тие години беа под 30...Најдовски беше тука негде околу 30 години.

Не беа баш под пензија.

Сега овој тим да го имавме , ќе се носевме со Австрија и Полска во групата и ќе бевме тука некаде со бодојте
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Таа генерација струмички напаѓачи во репрезентацијата беа стварно култни. Стојков и Мазнов. Покрај Пандев секако. Овие двајцата, понеуспешните имаат вкупен скор од нешто помалку од 20 голови за репрезентацијата. Да имавме тогаш еден од Елмас/Барди или Адеми, ќе се пласиравме на едно ЕП уште 2007.
Ме потсети на легендарново интервју.

Kajgana Shop

На врв Bottom