Се што се случува во Универзумот е продукт на законите кои владеат со истиот.
Секоја последица мора да има причина и обратно, причината секогаш резултира со некаква последица.
Тоа е тој повторувачки ефект што никогаш не завршува.
Во контекст на темава, залудно би било да читам од проста причина што тоа ќе резултира со моја непосакувана реакција која потоа ќе резултира со ваше масовно незадоволство кое повторно ќе допринесе за моја инстиктивна реакција како резултат на вашиот обид да ги исправите неправдите на темава што всушност се резултат од вашето некоректно однесување кое ме приморува мене да реагирам на начин на кој што вие нема да ми возвратите со добар фидбек и така повторно разочаран од целокупната ситуација се соочувам со ризик да добијам симптоми на Корона која всушност е обичен продукт на масонските конспиративни операции што имаат задача да завладеат со светот преку чипирање на човештвото со 5џи софтвер измислен од Бил Гејтс.
Е сега има шанса Бил Гејтс на ова да реагира со плачење и смеење.. но тоа би било лош потег што може да иницира гнев и бунт кај обичниот човек што подоцна ќе метастазира низ сите слоеви на опшеството.
И неможам повеќе, муабетов ми беше... читал Никола или не, универзумот и вие на темава ќе си останите исти, ќе си останите тие што сте