Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Што може да биде кога колата од време на време, не секогаш, трокира само во прва брзина на тргнување. Пробано е со повеќе гас на тргнување кога ќе сс појави и пак исто. Ако беше ламелата би требало стално да се дешава или не?
Бензин? Или плин? Клапна или моторче за лер, бобина свеќици треба да се провери
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.418
Поени од реакции
30.001
Iskustva ili informacii za Fusion 1.4 tdci 2006 i potrosuvacka?
Имам возено Fusion 1.4 на мој пријател од Скопје до Битола и назад. Страшно трома и нестабилна кола. Баш како што ти ја опиша @argenthessis .
Јас навикнат со мојата да возам малку побрзо и да сечам кривини низ Велешка клисура.....со Fusion-от нема шанса, максимум 70 и имав чуство дека ќе се преврти во секој момент. На Плетвар тромава, како комбе да возиш.....на ветер во вожња се ниша од што е висока од доле и нема аеродинамичност. Не би ја купил лично за мене.
Потрошувачка на отворено негде околу 5,5 памтам дека беше на борд.
ПС Да не искочи дека ти кршиме филм, ако не ти пречат овие негативности ОК.
 
Последно уредено:
Член од
13 октомври 2014
Мислења
57
Поени од реакции
7
Каде можам да се обратам на некој што ќе ми помогне при избор на автомобил? Мајстори прават такви услуги, да се провери кола дали е сѐ во ред, и сл...?
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
488
Поени од реакции
433
Каде можам да се обратам на некој што ќе ми помогне при избор на автомобил? Мајстори прават такви услуги, да се провери кола дали е сѐ во ред, и сл...?
Најверојатно половен така? Кога имаш положено(Ако си почетник треба да биде послабо од 77 kw или околу 100 hp)?
Второ кој буџет го планираш(ако планираш 3 000 купи си кола од 2 000. Зошто? Епа оти најверојано ќе и треба мал и голем сервис и можда нови гуми)? Според буџетот и потребите стесни го изборот, избегавај ги плацевите за коли, гледај да има сервисна книшка, да не светат непотребни работи на шалт табла, види која димензија гуми вози колата(за да ја провериш цената на гумите) пошто ќе ти требаат нови зимски и летни на аколу 5/6/7 год. или 50 000 км а можат да бидат скапи итн.
Откако ќе го стесниш изборот можеш да се договориш(малце потешко оти у вукоебина живеаат само преваранти) да ја однесете заедно( ти да си платиш) колата на технички/дијагностика или проверка у официјален сервис или пак механичар кој го познаваш за да ти каже реално колку дополнително ќе те кошта колата и дали моменталната состојба е соодветна на цената.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.785
Поени од реакции
8.309
Бензин? Или плин? Клапна или моторче за лер, бобина свеќици треба да се провери
Дизел. Свеќици мислам дека нема. Кога ќе се стави од она ликви моли адитив во горивото, тогаш исчезнува, а кога ќе се потроши горивото од време на време пак се појавува. Мислам дека ако не е ламелата да не е дроселовата клапа да е сензорот проблем. На компјутерскиот скенер нема грешки, а оние параметрите покажува варијации на отварање на дроселовата клапа од 88% до 100% мада не знам дали е тоа нормално пошто не покажува грешки скенерот. Не знам дали да ја менувам ламелата?

Си мислам да беше ламелата требаше стално да се дешава ова, а од друга страна ако еден забец на ламелата е скршен може затоа се дешава од време на време. Појма немам.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
па да нека биде 75 да е послаб може да е лошо а 75 е океј и така е електроника све му треба јачина да покрене и се мислам да земам ексајд ги фалат многу сега
Ако има место кај да го поставиш, кај мене е исто 75kw 1.9dci и возам 60ah, поголем не собира физички, последно кога го менував пробавме 6-7 различни брендови пониски/повисоки и од ниту еден не ја собра 75ката.
Автоматски споено мислење:

Друже сепак дизел е, и му треба јак акумулатор за да запали, особено во ладно.

А за марка која сакаш, и топла се одлични акумулатори, дури и кбк тие што се, не знам какви се солидни ги возат по три години четири.
Кбк од мое лично искуство ни со стап нека не го допира, мојот 2 години не прогура, ми го дополни во продавница кога се пожалив дека не пали и на следно празнење нов.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.609
Поени од реакции
2.123
Се погодило така, знам луѓе КБК ги возат по четири пет години на крш коли на кои ни алтернатор им работи како треба ни па инсталција им е во ред...на други варта и ексајд заминале еден месец послем истек на гаранција.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Се погодило така, знам луѓе КБК ги возат по четири пет години на крш коли на кои ни алтернатор им работи како треба ни па инсталција им е во ред...на други варта и ексајд заминале еден месец послем истек на гаранција.
Без разлика на колата, ако ја гаражира има подолг век, кај мене колата е надвор цело време и Вартата отиде на 2 години (плус фабрично користат мали акумулатори 60ки, што искрено ме буни, исто 1.9 мотори на германски возила не сум видел под 75кв акумулатор).
Автоматски споено мислење:

П.С најдолго сум го возел Exide, ама го имаше сменето Италијанецот пред мене во овластен сервис во Италија, 6 и пол години издржа.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.609
Поени од реакции
2.123
Друже ако е фабрички 60-ка, голем пропуст тоа е на Рено. Можно е заради тоа да ти траат помалку време.


Искрено и јас немам видено 1.9 дизел со 60-ка, фабрички. Сеа не дека е болка за умирање али си има ефект, особено ако ја возиш на кратки растојанија, да нема време алтернаторот да го дополни.

Исто на некој дизели греачите работат и по две три минути послем палење додека загрее моторот, па во тоа време акумулаторот скоро воопшто не се полни...4 греачи = 60 ампери струја, додај фарови (мораш по закон), парно, музика, итн.
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
64
Поени од реакции
47
Имам возено Fusion 1.4 на мој пријател од Скопје до Битола и назад. Страшно трома и нестабилна кола. Баш како што ти ја опиша @argenthessis .
Јас навикнат со мојата да возам малку побрзо и да сечам кривини низ Велешка клисура.....со Fusion-от нема шанса, максимум 70 и имав чуство дека ќе се преврти во секој момент. На Плетвар тромава, како комбе да возиш.....на ветер во вожња се ниша од што е висока од доле и нема аеродинамичност. Не би ја купил лично за мене.
Потрошувачка на отворено негде околу 5,5 памтам дека беше на борд.
ПС Да не искочи дека ти кршиме филм, ако не ти пречат овие негативности ОК.
Го ценам многу мислењето и информациите. Јас не сум доволно искусен и немам големо познавање, па затоа прашувам. Може и досадувам на форумов, ама нели е за тоа темава па...Се што пробувавме до сега не беше добро и сеуште сум во потрага. Битно ми е колата да е со 4-5 врати, клима, потрошувачка до 300-330ден, и не помала од клио, корса...Многу ме привлекуваат азиските автомобили, и француските помалку. Мислам дека азиските се подобри на бензин. Дали се исплати Пунто 1.2 2004 со 170 000 да се стави плин со оглед на силината на моторот?
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
351
Поени од реакции
203
Што може да биде кога колата од време на време, не секогаш, трокира само во прва брзина на тргнување. Пробано е со повеќе гас на тргнување кога ќе сс појави и пак исто. Ако беше ламелата би требало стално да се дешава или не?
Егр има или исклучен е? Провери се што е поедноставно за проверка, маф исчисти, гориво исклучиво од макпетрол. Дизни провери дали чади. Делува како ламела/замаец ама остави ја последна.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.609
Поени од реакции
2.123
Го ценам многу мислењето и информациите. Јас не сум доволно искусен и немам големо познавање, па затоа прашувам. Може и досадувам на форумов, ама нели е за тоа темава па...Се што пробувавме до сега не беше добро и сеуште сум во потрага. Битно ми е колата да е со 4-5 врати, клима, потрошувачка до 300-330ден, и не помала од клио, корса...Многу ме привлекуваат азиските автомобили, и француските помалку. Мислам дека азиските се подобри на бензин. Дали се исплати Пунто 1.2 2004 со 170 000 да се стави плин со оглед на силината на моторот?

Друже ко што рече и сам не може да најдеш добра кола па така не пребирај...нема да најдеш пунто, корса или поло од 2004 и да биде исправно толку да ти само бензин ставаш 300 ден. на 100 км и вози.

Тоа не се случува, првин имаат послаба изработка, за да постигнат помала цена на продажба а и тие градските коли од 2000-та, 2003, 2004 се роскоп сторени од возење низ град низ сите дупки и лежечки, со минимално одржавање. Ко на времето што беше томос аутоматик сега се тие коли...кола за до маркет, за децата до школо/од школо, до работа и назад, итн. Масло се дотура,ретко се менува, ако се расипе нешто, се крпи не се поправа...помножи се ова х5 ако колата е на плин, никој не става плин за 5000 км годишно.

Сега има и добри и зачувани ама таква никој нема да ти продаде туку ќе ја чува.


Наравоучение купи поголема кола со поголем мотор, многу поголеми шансите ти се најдеш некоја позачувана и помалку вртена низ град по дупки...е сега ќе троши повеќе од 300 ден. макар да не многу, 2.0 хди троши по 7.0 л на 100 низ град, тоа тие 350 - 400 ден.
 
Последно уредено:

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Дизел. Свеќици мислам дека нема. Кога ќе се стави од она ликви моли адитив во горивото, тогаш исчезнува, а кога ќе се потроши горивото од време на време пак се појавува. Мислам дека ако не е ламелата да не е дроселовата клапа да е сензорот проблем. На компјутерскиот скенер нема грешки, а оние параметрите покажува варијации на отварање на дроселовата клапа од 88% до 100% мада не знам дали е тоа нормално пошто не покажува грешки скенерот. Не знам дали да ја менувам ламелата?

Си мислам да беше ламелата требаше стално да се дешава ова, а од друга страна ако еден забец на ламелата е скршен може затоа се дешава од време на време. Појма немам.
Уф незнам ... дизни мерени се?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.250
Поени од реакции
15.330
Друже ако е фабрички 60-ка, голем пропуст тоа е на Рено. Можно е заради тоа да ти траат помалку време.


Искрено и јас немам видено 1.9 дизел со 60-ка, фабрички. Сеа не дека е болка за умирање али си има ефект, особено ако ја возиш на кратки растојанија, да нема време алтернаторот да го дополни.

Исто на некој дизели греачите работат и по две три минути послем палење додека загрее моторот, па во тоа време акумулаторот скоро воопшто не се полни...4 греачи = 60 ампери струја, додај фарови (мораш по закон), парно, музика, итн.
Незнам како е кај другите брендови, кај мене на Алфата на дисплејот од бордот се покажува колку време се вклучени греачите. Мислам дека никогаш не работеле подолго од 10....ете 15 секунди. утрово беше најладно, кровот беше целиот со мраз и греачите работеа околу 3 секунди,....плус минус...
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.609
Поени од реакции
2.123
На многу коли иако гаси ламбичето греачите уште работат, така наречен post-heating режим, направено е пред се за екологија да има помалку лоши вредности на издувните гасови додека моторот загрее. Подобро (почисто) согорува дизелот во ладен мотор ако греачите работат.

Пример на кај мене на колата гаси ламбичето исто али работат уште макс. 3 минути (ако моторот е поладен од 60 степени во моментот), или дур дадеш појако гас (вртежи над 1500 - 2000). Нормално може да се види само ако се мери напон на греачите со мултиметар во тој момент.

Исклучок на ова се ептен стари дизели од типот на голф 2 или опел кадет дизел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom