Некој има искуство со огромна болка и отечени дланки и прсти?
Татко ми веке еден месец има болки на 2 те дланки , беше на физиотерапевт , ортопед, кардиолог и никакво чаре, му препишаа некои лекови но никакво подубрување нема а со воа ковидов ни може да се снима ни ништо..
... артритис, секогаш е пропратена со болка, оток, деформитет најчесто на злобовите на прстите,може да потечат и прстите, ама ако е отечена цела дланка веднаш болниот ја лоцира болката на зглобовите,
... можеби проблем со урогенитален тракт, може бубрезите не функционираат како треба и еден диуретик би завршил работа, дали направивте лабораториска анализа уреа, кратинин и ацидум урикум (мокрачна кислелина)?
... мочна киселина ако е покачена може да се манифестира и како акутен уричен артритис, ама вие цел месец имате мака, па сте биле по соодветните специјалисти што би требало да дадат дијагноза и барем да му ја смират болката, (не ги спомнуваш добиенте резултати од крвна слика)
... размислите дали некој лек што го пие таткото, за некоја негова хронична болест може да биде причина за отекувањето на рацете (не спомнуваш дали отоци се појавени и на нозете- зглобови), било да е некој нов воведен лек во негова терапија или пак некој стар лек што ја зголемил дозата? честопати лековите против висок крвен притисок како и калциеви антагонисти (амлодипин) можат да дадат отекување на дланките на рацете и стопалата и присуство на болка поради самиот оток,