Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Мрм Гејмс, тамам некој да го едитира на гифов :ROFLMAO:

tenor.gif
 
Ај вака сега, на 6 саата до утакмицата, знаеме кои нема од Грузија да играат, али кои од кај нас сигурно НЕМА да играат? Пошто милијарда глупости се изнапишани по порталине глупи, некоја сигурна информација нека каже..
 
Барди,Велковски и Ристевски не играат другите тука се
 
Давајте линкови за од странство, Мрт не ги отвара тука.
Тука со гаранција ќе има:

Автоматски споено мислење:

Ај вака сега, на 6 саата до утакмицата, знаеме кои нема од Грузија да играат, али кои од кај нас сигурно НЕМА да играат? Пошто милијарда глупости се изнапишани по порталине глупи, некоја сигурна информација нека каже..
Најверојатно ќе стартува Адеми. Така што нема да играат Крсте Велкоски(напаѓачот од Сарајево), Ристевски и Барди.
 
На Грузија денес ке им ги нема најдобрите двајца играчи , тој од Гент и тој од Рубин Казан што ни даде гол прошлата утакмица .

За нашите само Барди ке фали , најново е дека Адеми ке игра од прва минута што е добра вест , така да незнам зошто во кладилнициве Грузија е мал фаворит (2.75) а за Македонија 3.05 ..

Домашниот терен нема да им биде предност бидејки публика нема да има ради короната , така да реално овде Македонија е во предност , подобри играчи имаме од нив и би било голема штета да изгубиме од Грузија и да ја испуштиме оваа шанса, со среќа на нашите момци !
 
Ноќеска листам низ каналиве и на МРТ 3 начекувам Македонија - Данска од 94та. Викам чек да погледам малце, ја фатив негде на средината на првото полувреме. Ако не се лажам ова е прва официјална утакмица на Македонија, квалификации за Европско у Англија 96та, Данска доаѓа како актуелен европски шампион со Шмајхел на голот и Лаудруп у состав. Ужасна екипа Данска, не знам како освоиле првенство овие.

А ние па, поима да се немало од фудбал, само на избивање, рогај напред, 5-3-2 формација..

Некако вака ни беше поставата, на гол Кире Трајчев некое бркато чиче што бранел у Силекс. У одбрана десно Вујадин Станојковиќ, штопери десно Љупчо Марковски Калц со тоа џигериците како Фернандо Коуто, централно Илија Најдоски, лево Зоран Јовановски овој не го знам, лев бек Митко Стојковски стрелецот на првиот гол за Македонија во квалификации за едно големо натпреварување.

У средина централно Бобан Бабунски, лево и десно од него Бошко Ѓуровски и Тони Мицевски.
Hапад Дарко Панчев и Чоко Бошковски.

Шанса добија и Канатларовски и Серафимовски. Панчев црвен доби, му напика лакт у заби на некој данец.

Многу лош фудбал се на се, ко што кажав, само на избивање, макс 2-3 додавања и рогај напред. Бековска напуцаваа Најдоски и Мицевски како у 3та лига, пошто голманчето не можеше да дотера до центар. :D
1-1 завршивме откако водевме од 4та минута, у 90та примивме глуп гол.

Една друга работа дојдов да споделам, во еден момент у кадар го забележав нашиот омилен Зоран Видески на форумов познат и под псевдонимите Видара, Видич, Стена и според неговиот голем другар Југо, наречен едноставно Зоки.

Официјален спикер бил на утакмицава, погледнете, како микс од Брајан Адамс и Тим Рот е.
125029626_825283354898765_3298491062035118017_n.jpg

Едноставно врие.

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:

ТЕПАМЕ ВЕЧЕР!!!!!!
 
24 саати има пренос на натпревари на Македонија на МРТ3 иначе почна вчера во 18 саат и ќе завршат нели со мечот со Грузија
 
@Джонтра Вохохолта Данска не се ни пласирала на тоа првенство, поради распадот на Југославија зела учество на тоа првенство и на крај го освоила. Каков само среќен сплет на околности, едноставно некогаш кога оди, оди.
 
Освојување на ЕП кога во нормални услови не би се ни пласирале не е нешто unheard of?

А денеска меч за ЕП играат Грузија и Македонија... хммм

NOtSkd3.gif
 
@Джонтра Вохохолта Данска не се ни пласирала на тоа првенство, поради распадот на Југославија зела учество на тоа првенство и на крај го освоила. Каков само среќен сплет на околности, едноставно некогаш кога оди, оди.
Знам тоа, со вајлд карта ги протнале и освоиле. Е сеа можеби утакмицава со Македонија не е баш меродавна ама сепак, ВРССССССССКА немаа од фудбал. У второ полувреме ние со 10 играчи игравме скоро 40 минути, тие немаа буквално ниту еден шут у рамки на гол.

Што викаш, среќен сплет на околности, од друга страна па Југославија со тој состав сигурно еден од потесните фаворити за титула.
 
Спремни сте вечер за неинтелигентни спиновски спамови од Триоран Триарев, Стево Иванов, Икстијан Мицко и останти фаци ако победиме?

....море мамицата

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom