Да, таа категорија на луѓе треба да биде осудена од припадниците на една заедница, маало, кварт, село, град без разлика. На тој начин се дестимулира изневерување и слични кукавички ситуации.
А што треба, да ги пофалат? Лелел кој фрајер ја изневери сопругата уау опнал нешто помладо или браво сестро си ја истражуваш сексуалноста, сопругот нек оди по ѓаволите.
Си постојат т.н. отворени бракови, па кој сака нек изволи но не, луѓето како што реков сакаат да имаат колач, т.е. да уживаат предностите на моногамност а од друга страна да го изедат колачот истовремено, као Шредингерова мачка му доаѓа
Морално-етичкото релативизирање е една од најстрашните појави во 21.век.
Често се вели дека жените не знаеле што сакаат, од мое искуство не е тоа точно. Жената на мојот живот и тоа како знаеше што сака, а тоа беше маж кој многу добро знае што сака
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Од некое скромно искуство би рекол дека на многу жени им се одбивни мажи кои не знаат што сакаат.