Trump's opposition to the Diversity Visa Program (DV)
www.youtube.com
Говор на Трамп во кампањата за годинешните претседателски избори во САД.
За некои работи е во право, но сепак извлечените добитници на зелена лотарија лесно можат да бидат проверени од амбасадите на САД ширум светот и од Американските безбедносни служби дали би претставувале ризик за националната безбедност на САД.
Претерува Трамп околу тие легални 55.000 визи преку зелената лотарија.
Моментално БАН кој го донесе лично Трамп за забрана на влез во САД трае до крај на годинава и стопирани се постапките за визи за влез во САД ширум Американските амбасади во светот. Оние кои во Мај 2020 се извлечени на лотарија и кои се дел од програмата за влез во САД во 2021 се во неизвесност дали на време ќе успеат да ги завршат процедурите и успешно да влезат во САД до крај на 2021 година.
Ако повторно Трамп победи, извесно е дека ќе го продолжи БАН за влез во САД, и ќе ја отежнува миграцијата колку што ќе биде во моќта на Трамп. Сам да ја укине зелена лотарија без Конгрес и Сенат нема да може.