Видете, не е спорно дека ако имавме подобар резултат на ЕП веројатно немаше да ги имаме овие нервози. Велам веројатно, затоа што ако Франција паднеше место подолу на сметка на тоа то сме ние во топ 14, можам да се обложам дека ЕХФ немаше да го решава проблемот со баражите на начинот на кој што го реши.
Се работи за класична насилничка теоретски економска математика. ИХФ е познат по тоа. Ние се жалиме најчесто на ЕХФ, но Мустафа и компанија се драстично покорумпирани. Арапите во голема мера владеат со ИХФ и таму се тераат "други политики". Впрочем најлесно тоа може да се види по бројот на европски екипи на СП, кој е далеку под квалитативно логичниот со оглед дека одвај 7-8 екипи во светот реално се во најјаките 32 - останатите се објективно европски, а Европа има само 14-16 места. Доволно е само да се фрли поглед кој се е на главните раководни позиции во оваа организација. Првите 5 луѓе (претседатели и потпретседатели: Египет (Мустафа), Кувајт, Бенин, Франција и Австрија (Видерер).
en.wikipedia.org
Да, треба да гледаме натаму и да се трудиме да не ни се одлучува судбината на зелената маса во иднина, но се надевам дека ова ќе послужи и како пример зошто треба да се бориме за поголема вклученост на наши кадри во самите организации ЕХФ/ИХФ. Ако во ЕХФ солидно стоиме (барем последните 5-10 години), во ИХФ сме послабо застапени и мора малку постратешки пристап на таа тема да се преземе со оглед дека реалноста е дека сме мала земја и кога ќе дојде до пари одлуката секогаш ќе го добиваме подолгиот стап. Затоа мора да максимизираме колку е можно во лобирачкиот дел од приказната.
Се покажа и дека нашиот фин умилкувачки став околу вајлд картите е погрешен. Полска и Русија кои плачеа на сите страни со месеци во пресрет на оваа одлука се добитниците. За жал некогаш насилникот е поуспешен од поштениот.
Исто така се наевам и дека ова ќе послужи како школо за балканските федерации генерално дека ќе мора обединето да функционираат во некои аспекти и да си помагаат. Од 5 екипи кандидати за вајлд карта, сите 3 балкански изгубија во трката. По секоја логика на зачувување на некаков паритет на пазарот, требаше да се даде една вајлд карта на Македонија/Србија/ЦрнаГора, а другата на Полска/Русија.
Инаку, реално најмногу ми е жал за Кире. Ќе беше фантастично да ја заврши својата кариера на настапи на шампионати во Египет - таму каде што ја почна пред 21 година.