Прв ден од Германска верзија на лок даун. Што да кажам, освен затворени ресторани нема голема разлика. Пошто не одам на шминкање, масажи и во клуб на спортување не осеќам голема разлика. Градот попразен, нормално. Верувам среда и сабота ко ќе има пазар пак ќе има солидно луѓе. НА работа исто, освен малце попразно поќе колеги на домашна работа. Продавниците си тераат исто кај маркетите исто нема строги контроли колку луѓе влагаат. Паника нема, хартија за вц колку сакаш има али не смееш да земаш поќе од пакло две. Преживеавме, иако на вечер побрзо затемнујт, јебига Ноември е. Потенцирам само пошто читаќи ги македонските онлајн медиуми кои известуваа за локдаунот во Германија ти се чинеше апокалипса следува. Бројките сигурно ќе растат уште недела две па ќе видиме што ќе се деси. Не верувам дека драстично ќе паднат ваљда ќе стагнираат. Иначе понатаму со секој респект према вирусот, не морам воопшто да го закачам па малце внимание и понатаму.