Геноцид, погром и етничко чистење

Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Све супер ова, само идеологијата на Хитлер, нема баш таква врска со христијанството, туку е контрадикторна суштински со него и тоа нацистите не го криеле. Тие се згрозувале од христијанските постапки, од типот на - сврти го другиот образ и нивната идеологија има многу повеќе пагански елементи, отколку христијански. Но, морале да прават на тоа поле разно-разни козметички компромиси заради огромната христијанска традиција.


Ок да не толку со Христијанството, колку со државното национално протестантство и традициите од теократскиот крстоносен католицизам. Во 1933, како протестанти се изјасниле 2/3 од населението и како католици 1/3 . Хитлер ги добил изборите од претежно протестантско население, и едно од првите нешта после изборите било политичка кастрација на Католичката црква и обид за обединување на расцепканите протестантски секти во една државна црква, како што било во старата добра Прусија. Последното не му успеало. Екстремното крајно-десничарско наци-протестантство тука може да се види и во обидот да се создаде „Позитивно Христијанство“, каде ќе бидат уништени сите врски со евреите и стариот завет, и каде Исус ќе биде прикажан како ариевец, русокос и со сини очи, можеби со свастика тетоважа и како пилотира Bf 109...
За нив „Негативното Христијанство“, особено присутно во католицизмот, папството, индулгенциите, вината, смртните гревови, догмата, мекоста и млитавоста, безусловното вртење на другиот образ... било симбол на потиснување на германството, потиснување на коктелот од реваншистички емоции предизвикан од поразот на веќе премногу гордо националистичко општество... Може да се гледа кон ова како еден вид проколнет обид за реформација, со комплетно отфрлање на стариот завет и селективно толкување на новиот во рамките на преовладувачката идеологија на тогашницата, како и секоја протестанска секта, но овојпат со преголема политичка моќ и скроз идеолошки мрдната и сосем hell bound...
И веќе кога нацистите презеле тотална контрола врз германското општество, им текнало дека веќе нема потреба од било какво Христијанство и може да се оди целосно кон ариевско-расистички паганизам, замена на Библијата со Мајн Камфп, замена на крстот со свастиката, замена на Христос со Фирерот итн...


Не може да се бара корен на германската геноцидност во христијанството или протестантизмот, а не може ниту во прускиот милитаризам. Што се однесува на нацизмот, таа појава ќе изненадува генерации историчари кои доаѓаат, настрана досегашните, затоа што не може рационално да се објасни. Да, има варијабили кои се поклопиле за да такво лудило стане државна политика, но сепак постоењето на таков режим е недофатливо за сфаќање.

Во лутерово време немало нит идеја за германство како што ја знаеме денес.



Германскиот срамен геноцид врз народот Хереро во нивната колонија Германска југозападна Африка и Силувањето на Белгија 1914-18 (меѓу друго палеле библиотеки, оттука британскиот израз the Hun) укажува дека како обединета целина, германството е геноцидно. Па германците започнаа не една, него две светски војни во 25 години! Среќа што ги скопија пост WW2, па сега нема опасност, иако никогаш не вели никогаш.



Нема ништо "природно" во геноцидот, тоа што шимпанза се млателе или мрави се бореле има ништавно значење за човечката цивилизација. Ако беше природен ќе беше присутен во сите војни и ќе го правеа сите етноси. Но како што знаеме, го немало во сите војни и бројот на етноси кои се впуштале во геноцидни дејанија е само мал процент.

Чист пример се Фокланди. При инвазијата, аргентинските сили заробиле неколку стотици британци. Се однесувале према нив према правила на женевска конвенција и подоцна ги ставиле на брод и ги пратиле во Чиле каде што биле повторно на слобода.

Друг пример е Вуковар. Што се случи по неговиот пад и какви ѕверства правеа четниците.
Не можело да се барало корен... АБЕ АЗ С'М ДЛ'ЖЕН ДА ОПИТАМ :)
Тоа лудило има мал милион прецеденти во германската и општо европската историја, и секако без длабоки увидувања во човечката индивидуална и колективна психа која плови низ времето (zeitgeist) ќе остане недофатлива за сфаќање...

Тоа не е баш точно, баш во тоа време со протестанизмот се засилува германството, се локализираат црквите, се преведува Библијата и се одржуваат црковните служби на германски, се охрабруваат толпи кои палат библиотеки (иако Лутер потоа го осудил ова), се прогонуваат евреите од веќе Лутеранските држави, сето тоа благодарение на Лутер...

Првата светска војна е зенитот на национализмот, пропратен со тотално објективен научен расизам, каде луѓето од другите нации и раси не се веќе луѓе, туку само карикатури... искрено не знам што очекуваш овде.

Поентата ми е дека тоа е животински нагон, присутен и кај братучедите шимпанза, групирањето по племе/нација и војување со друго племе/нација за територија и без никакви правила/женевски конвенции. Не е тоа каракеристика на човечка цивилизација, туку на животинско царство...

Аргентина е интернационално-интегрирана имигрантска латинска цивилизација со скромни територијални претензии, не е ова шовинистичко српско православно племе на кое му треба ликови како Маршал Тито и комунизам за да не праи зулуми...

Ај и едно бонус меме за крај:

4ca.jpg
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Ок да не толку со Христијанството, колку со државното национално протестантство и традициите од теократскиот крстоносен католицизам. Во 1933, како протестанти се изјасниле 2/3 од населението и како католици 1/3 . Хитлер ги добил изборите од претежно протестантско население, и едно од првите нешта после изборите било политичка кастрација на Католичката црква и обид за обединување на расцепканите протестантски секти во една државна црква, како што било во старата добра Прусија. Последното не му успеало. Екстремното крајно-десничарско наци-протестантство тука може да се види и во обидот да се создаде „Позитивно Христијанство“, каде ќе бидат уништени сите врски со евреите и стариот завет, и каде Исус ќе биде прикажан како ариевец, русокос и со сини очи, можеби со свастика тетоважа и како пилотира Bf 109...
За нив „Негативното Христијанство“, особено присутно во католицизмот, папството, индулгенциите, вината, смртните гревови, догмата, мекоста и млитавоста, безусловното вртење на другиот образ... било симбол на потиснување на германството, потиснување на коктелот од реваншистички емоции предизвикан од поразот на веќе премногу гордо националистичко општество... Може да се гледа кон ова како еден вид проколнет обид за реформација, со комплетно отфрлање на стариот завет и селективно толкување на новиот во рамките на преовладувачката идеологија на тогашницата, како и секоја протестанска секта, но овојпат со преголема политичка моќ и скроз идеолошки мрдната и сосем hell bound...
И веќе кога нацистите презеле тотална контрола врз германското општество, им текнало дека веќе нема потреба од било какво Христијанство и може да се оди целосно кон ариевско-расистички паганизам, замена на Библијата со Мајн Камфп, замена на крстот со свастиката, замена на Христос со Фирерот итн...




Не можело да се барало корен... АБЕ АЗ С'М ДЛ'ЖЕН ДА ОПИТАМ :)
Тоа лудило има мал милион прецеденти во германската и општо европската историја, и секако без длабоки увидувања во човечката индивидуална и колективна психа која плови низ времето (zeitgeist) ќе остане недофатлива за сфаќање...

Тоа не е баш точно, баш во тоа време со протестанизмот се засилува германството, се локализираат црквите, се преведува Библијата и се одржуваат црковните служби на германски, се охрабруваат толпи кои палат библиотеки (иако Лутер потоа го осудил ова), се прогонуваат евреите од веќе Лутеранските држави, сето тоа благодарение на Лутер...

Првата светска војна е зенитот на национализмот, пропратен со тотално објективен научен расизам, каде луѓето од другите нации и раси не се веќе луѓе, туку само карикатури... искрено не знам што очекуваш овде.

Поентата ми е дека тоа е животински нагон, присутен и кај братучедите шимпанза, групирањето по племе/нација и војување со друго племе/нација за територија и без никакви правила/женевски конвенции. Не е тоа каракеристика на човечка цивилизација, туку на животинско царство...

Аргентина е интернационално-интегрирана имигрантска латинска цивилизација со скромни територијални претензии, не е ова шовинистичко српско православно племе на кое му треба ликови како Маршал Тито и комунизам за да не праи зулуми...

Ај и едно бонус меме за крај:

Прегледај го приврзокот 270891
Може сето тоа што си го навел да се земе предвид и повторно имаме недофатливост на причината за доаѓање на власт на нацистите. Половина германци биле протестанти а имаме целосно протестански земји, па и империи каде не се појавиле нацисти.
Можеби е полесно да се одговори зошто во Италија или Шпанија, но за Германија не верувам дека некогаш ќе имаме задоволителен одговор. Тоа ќе остане една од историските мистерии на 20.век.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Мислам дека е тотално погрешна теоријата за нацистите и протестанството. Ако нешто презирал Хитлер најмногу од христијаните е протестанството. А го презирал и христијанството како целина, прво заради јудеизмот(во неговата како и секогаш изопачена логика го сметал како алатка на Евреите за да го владеат Светот), а и дел заради тоа што религијата не била ,,воинствена" или империјална или агресорна(обратно од исламот, чии што повикувања на џихад и воинственост ги ценел и многу повеќе ја почитувал таа религија, нормално ценејќи ја како подобра алатка за неговата агресивна политика за експанзионизам). Туку истата се повикувала на покорност, мир, пацификација исл. Т.е. термини кои биле непоимливи со наци-идеологијата, која била во суштина предаторска и расистичка. Е сега како дел од Христијанството уште повеќе ги презирал Протестантите, кои ги сметал за глупаци зашто сметале дека со одделување од Римската црква(кој во суштина ја почитувал заради нејзината долговечност, широко влијание и алатка за империјализам) всушност ништо не постигнале, туку станале уште послаби и поранливи.
Значи, во суштина(како и што во претходните постови во кои што дискутиравме за ова прашање напоменав) Хитлер имал замисла за ариевска раса и животен простор на исток. Христијанството, како такво не му вршело работа и сакал тотален бан на црквата и христијанската религија и формирање на нова религија(со симболи сонце, земја исл.) како алатка за неговата политика. Простантизам посебно не одел со ова, па поради тоа сметам дека нема никаков поттик на Хитлер за оваа христијанска религија(дури и го критикувал Бизмарк дека се фатил за протестантизмот не гледајќи дека е тотално трула религија, без никаква иднина).
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Околу религиите се согласувам со Хитлер :) Од ниедна од монотеистичките религии човештвото не видело ништо арно освен затупување на човештвото. Христијанството на пример, го уназадило човештвото во сите сфери за околу 1000 - 1500 години.
И пред Христијанството луѓето убаво си живееле. Дури не биле лицемери како денес. Ако те напаѓа и ограбува тоа не го прави за да го “запознаеш Христос“ или под изговор дека се шири Христијанството, туку просто и искрено - се знаело дека те напаѓа за да те освои и ограби.
Нека си има религија, ама на неа не смее да и се придава толкава важност, а уште помалку треба таа да биде основен двигател во општеството или не дај Боже да учествува во управувањето со световни работи во државата. Една Религија која пропагира мирољубивост - испраќа луѓе во војна во која што ќе убиваат други такви луѓе?!?
Во СФРЈ Религијата беше маргинализирана па никому ништо не му недостигаше, дури многу појака држава беше.
Доста пишував, ќе почнам да личам на Ниче.
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Може сето тоа што си го навел да се земе предвид и повторно имаме недофатливост на причината за доаѓање на власт на нацистите. Половина германци биле протестанти а имаме целосно протестански земји, па и империи каде не се појавиле нацисти.
Можеби е полесно да се одговори зошто во Италија или Шпанија, но за Германија не верувам дека некогаш ќе имаме задоволителен одговор. Тоа ќе остане една од историските мистерии на 20.век.
Да знам тешко е да се објасни, но ова ми е дел од поголема теорија дека сите тие големи 3 секуларни религии во периодот после Просветлението, либерализам, комунизам и фашизам, се на некој начин поврзани но воедно се и протест кон доминантните 3 традиционално-рисјански форми на Христијанството, Католицизам, Православие, Протестантизам, во државите каде завладеале, Франција, Русија и Германија, респективно. Но има премногу фактори овде и не е така црно-бело. Туку ај штом ти е полесно, одговори ми зошто фашизмот се појавил во Италија и Шпанија? :)
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Мислам дека е тотално погрешна теоријата за нацистите и протестанството. Ако нешто презирал Хитлер најмногу од христијаните е протестанството. А го презирал и христијанството како целина, прво заради јудеизмот(во неговата како и секогаш изопачена логика го сметал како алатка на Евреите за да го владеат Светот), а и дел заради тоа што религијата не била ,,воинствена" или империјална или агресорна(обратно од исламот, чии што повикувања на џихад и воинственост ги ценел и многу повеќе ја почитувал таа религија, нормално ценејќи ја како подобра алатка за неговата агресивна политика за експанзионизам). Туку истата се повикувала на покорност, мир, пацификација исл. Т.е. термини кои биле непоимливи со наци-идеологијата, која била во суштина предаторска и расистичка. Е сега како дел од Христијанството уште повеќе ги презирал Протестантите, кои ги сметал за глупаци зашто сметале дека со одделување од Римската црква(кој во суштина ја почитувал заради нејзината долговечност, широко влијание и алатка за империјализам) всушност ништо не постигнале, туку станале уште послаби и поранливи.
Значи, во суштина(како и што во претходните постови во кои што дискутиравме за ова прашање напоменав) Хитлер имал замисла за ариевска раса и животен простор на исток. Христијанството, како такво не му вршело работа и сакал тотален бан на црквата и христијанската религија и формирање на нова религија(со симболи сонце, земја исл.) како алатка за неговата политика. Простантизам посебно не одел со ова, па поради тоа сметам дека нема никаков поттик на Хитлер за оваа христијанска религија(дури и го критикувал Бизмарк дека се фатил за протестантизмот не гледајќи дека е тотално трула религија, без никаква иднина).
Да и мене нешто не ми чинеше вака теоријава, премногу контрадикции и субјективност, како и во самото Протестантство... :)
Сега ќе ме натераш и јас да се согласам со Хитлер, до некаде... Ова ваљда објаснува взаимната меѓупочит измеѓу исламистите и Хитлер која трае до ден денешен. Но тука се и Воинствено Рисјанство, Теутонски Ред, Прото-Фашизам, Железен Крст, ККК... Дел од рисјанството повикува на покороност и пацификација, тоа е „Негативното Христијанство“ како што го дефинирале нацистите, за разлика од позитивното нели, кое повикува кон крусади, погроми, геноциди и слично.
Еве го претпоследното решение за евреите од основачот на Протестантизмот:
  • "First, to set fire to their synagogues or schools … This is to be done in honor of our Lord and of Christendom, so that God might see that we are Christians …"
  • "Second, I advise that their houses also be razed and destroyed."
  • "Third, I advise that all their prayer books and Talmudic writings, in which such idolatry, lies, cursing, and blasphemy are taught, be taken from them."
  • "Fourth, I advise that their rabbis be forbidden to teach henceforth on pain of loss of life and limb …"
  • "Fifth, I advise that safe-conduct on the highways be abolished completely for the Jews. For they have no business in the countryside …"
  • "Sixth, I advise that usury be prohibited to them, and that all cash and treasure of silver and gold be taken from them …"
  • "Seventh, I recommend putting a flail, an ax, a hoe, a spade, a distaff, or a spindle into the hands of young, strong Jews and Jewesses and letting them earn their bread in the sweat of their brow … But if we are afraid that they might harm us or our wives, children, servants, cattle, etc., … then let us emulate the common sense of other nations such as France, Spain, Bohemia, etc., … then eject them forever from the country …"
Во одбрана на Лутер ќе речам дека неговата намера најверојатно не била да ја подели црквата и да создаде услови за 30 годишна религиозна војна во Германија, туку да ја реформира, да ја изведе од тој средновековен црно-бел свет на догми, страв, мачеништво, преокупација со смрт и задгробен живот и да ја донесе во ерата на ренесансниот хуманизам, со духовна преродба, оптимизам, надеж, нови небеса и нова земја... Така може да се каже дека ова било дел од еден поширок прото-либерализам, кој е ставил крај на доцниот средниот век и почеток на раниот нов век.
Мислам дека најпрво треба да се дефинира од каков карактер е нацизмот. Конзервативните велат дека Хитлер бил најопасниот либерал, а либералите викат бил дефиниција за конзерва. Иако и со кон/либ веќе не е јасно што е што. Мислам дека сите ќе се согласат дека нацизмот е авторитарно ултра-десничарство. Прашање е дали Протестантството тежнее кон десничарство, и например либертаријанизам во УСА како последица од независните протестантски секти и немање национална црква или силна национална-социјална држава и авторитарност и послушен народ во Северна Европа како последица од национализирање на црквата. На пример Католицизмот исто така често е социјално конзервативен, но и тежнее кон колективистичко левичарство. Пример левичарската авторитарна Латинска Америка vs десничарска либертарна Америка. Исто прашање е зошто 80% од евангелистите протестанти во Југот на УСА, гласат за републиканците на секои избори... Ми бега закључокот.
Ок ќе престанам со ревизионизмот и ќе речам дека нацизмот не било протестантско движење, туку националистичко-атеистичко-паганско ултра-десничарско-конзервативно реакционерско движење, со анти-либерализам и анти-комунизам како основа и каде се слави пред се Нацијата и се друго се преобликува да и служи неа. Сепак е чудно како во држава со 2/3 протестантско и 1/3 католичко население на власт доаѓа лик и партија со добро познати ставови и намери и без многу отпор кон сето тоа што следува? Освен ако биле само рисјани на хартија, а фашисти и нацисти во душа. Пописите и гасните комори не лажат ваљда...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Антисемитизмот е претежно источно-европска "врлина". До доаѓањето на Хитлер (или можеби до Прва Светска) тој бил поизразен источно од германските територии, отколку во самата
Германија.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Антисемитизмот е претежно источно-европска "врлина". До доаѓањето на Хитлер (или можеби до Прва Светска) тој бил поизразен источно од германските територии, отколку во самата
Германија.
Шпанија?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Да, али тoa e далеку назад, после конквистата.
Од тоа малку што го имам читано, слушано и видено, нели Полска им ги отворила вратите и ги примила кога бегале од запад? Исто и во Украина, нели си живееле во огромен број без никакви проблеми? Едино Сталин ги ловел и ги испратил во Сибир во автономната област. Ако имаш време, можеш да детално да објасниш за нивниот живот на исток.
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Антисемитизмот е претежно источно-европска "врлина". До доаѓањето на Хитлер (или можеби до Прва Светска) тој бил поизразен источно од германските територии, отколку во самата
Германија.
Ако е така зошто тогаш 70% од европските евреи во 1933 живееле во Источна Европа? Можеби како последица од официјалната религиозна толеранција во Полско-Литванскиот Комовелт?

Еве за евреите во источната:

The Jews engaged in trade and various crafts, such as tailoring, weaving, leather processing and even agriculture. The economic activity of Eastern European Jewry was different from that of Central and Western European Jews: in Eastern Europe, the Jews developed specializations in trade, leasing, and crafts, which were hardly found in Western Europe. The Eastern European Jewry also had a great deal of involvement in economic matters that Jews in Central and Western Europe did not deal with at all.

Until the mid-17th century with the 1648 Cossack riots on Jewish population, eastern European Jews lived in a relatively comfortable environment that enabled them to thrive. The Jews, for the most part, enjoyed extensive economic, personal and religious freedom. Thus, for example, deportations, foreclosure of Jewish property, and the removal of financial debts of non-Jews to Jews, which were common in Western Europe, hardly existed in the East. Despite the privileges, there were also hatred expressions towards the Jews. This phenomenon was described by a Jewish sage named Shlomo Maimon:

"It is possible that there is no country other than Poland, where freedom of religion and hatred of religion are found in equal measure. The Jews are allowed to preserve their religion with absolute freedom, and the rest of the civil rights have been assigned to them, and they have even their own courts. And in opposite to that, you find that religion hatred is so great there to the extent of that matter, the word 'Jew' is an abomination."

Насекаде низ Европа ја имало таа антисемитска врлина, тоа е интегрален дел од рисјанскиот фолклор, за алчниот злобен евреин со крив нос, за малцинството кое не се претопува во селската монокултура, за оние одбиле да ги разменат еврејските схоластички традиции за рисјанско селско суеверие...


Еве уште решенија од Лутер:

Martin Luther at first made overtures towards the Jews, believing that the "evils" of Catholicism had prevented their conversion to Christianity. When his call to convert to his version of Christianity was unsuccessful, he became hostile to them.[39][citation needed]

In his book On the Jews and Their Lies, Luther excoriates them as "venomous beasts, vipers, disgusting scum, canders, devils incarnate." He provided detailed recommendations for a pogrom against them, calling for their permanent oppression and expulsion, writing "Their private houses must be destroyed and devastated, they could be lodged in stables. Let the magistrates burn their synagogues and let whatever escapes be covered with sand and mud. Let them be forced to work, and if this avails nothing, we will be compelled to expel them like dogs in order not to expose ourselves to incurring divine wrath and eternal damnation from the Jews and their lies." At one point he wrote: "...we are at fault in not slaying them..." a passage that "may be termed the first work of modern antisemitism, and a giant step forward on the road to the Holocaust."[40]

Luther's harsh comments about the Jews are seen by many as a continuation of medieval Christian antisemitism. In his final sermon shortly before his death, however, Luther preached: "We want to treat them with Christian love and to pray for them, so that they might become converted and would receive the Lord."[41]

Еве уште еден крст...
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Да знам тешко е да се објасни, но ова ми е дел од поголема теорија дека сите тие големи 3 секуларни религии во периодот после Просветлението, либерализам, комунизам и фашизам, се на некој начин поврзани но воедно се и протест кон доминантните 3 традиционално-рисјански форми на Христијанството, Католицизам, Православие, Протестантизам, во државите каде завладеале, Франција, Русија и Германија, респективно. Но има премногу фактори овде и не е така црно-бело. Туку ај штом ти е полесно, одговори ми зошто фашизмот се појавил во Италија и Шпанија? :)
Во Италија пост WW1 и покрај териториите кои ги добиваат, се случува економски крах при што на површина излегуваат две политички опции, крајната десница на Мусолини и левицата. Мусолини практично врши државен удар со маршот на Рим 1922 и го принудува кралот да го стави мандатар на новата власт. Подоцна забранува други партии.
Фашизмот во Италија се јавува на темелите на корпоративната држава која ја прорекол Џентиле. Како што некој примерил, ранетиот национализам е најопасен па така и катастрофите во битките против Австрија а подоцна и Германија, разочарувањето од териториите кои ги добиле, митот за нож во грб од страна на искварените политичари, немаштијата, очајот сето тоа делува
Треба да се знае дека уште од обединувањето во Италија царува национализмот во нивното општество. По секоја цена, како новоформирана држава, талијани се обидуваат да се прошират територијално. Значи национализмот е пажљиво негуван низ образовен систем, медиуми, интелектуала едно добри 70 години при што фашизмот му доаѓа како логична кулминација.

Во Шпанија имаме некои слични елементи со Италија, но пред се фалангизмот е концепт кој се добрал до власт исклучиво благодарејќи на активната подршка на Германија, Италија па и фашистичка Португалија. Значи брутална сила и ништо повеќе. Бидувајќи поразени на избори, фалангистите дигаат востание во Шпанско Мароко а освен фалангистите тука се и колонијалните војски кои се префрлани со воздушен мост од Мароко во Шпанија (Ју-52, СМ-81, СМ-73) и подоцна знаеме што се случи.

Кога сме кај евреите и исток
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Може некој еден ден ќе направи мапа на христијанските точки на Блискиот Исток, кои во рок од една година беа премавнати, тивко и без галама. За само една-две години од таканаречената Арапска пролет, процентот на христијани во одредени региони опфатени со ова движење, се намали до исчезнување.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Може некој еден ден ќе направи мапа на христијанските точки на Блискиот Исток, кои во рок од една година беа премавнати, тивко и без галама. За само една-две години од таканаречената Арапска пролет, процентот на христијани во одредени региони опфатени со ова движење, се намали до исчезнување.
За тоа треба нова тема се мислам да отворам, еуро и САД политичарите сеуште се внесени во ректумот на геноцидниот клан Ал-Сауд. Не само христијани, евреи, језиди туку и муслимани, само во Јемен има проценки за 140К мртви од почетокот на агресијата на Сауди Арабија врз независна суверена држава. ОН, ЕУ, САД, никој не писнува.

И после како да не верува човек во заговори кога западот со децении што се вели стави орлови нокти за да ги елиминира муслиманските секуларни режими и да ги доведе на власт џихадистите. Последна таква бламажа е Сирија каде што западот и Турција ги опремуваат, вооружуваат и финансираат најтешките болесници на светов во моментот, само и само да падне Башар Ал-Асад.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom