Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Мислење за самсунг С20 фе ?! Дали вреди за парите или што друго во тој ценовен ранг
за многу помалку пари(околу 21 000) можиш да земиш А71, и ако не ти е за фалење, можи скоро све што можи и поскапиот.
 
Реалме 6с го имет некој користено? Слабо има за нештово на јутуб, изгледа е исто како 6ката освен главната камера.
 
Мобилен кој има можност за две СИМ картички дали доколку ставам една пример српски број ќе може така да ги инсталирам апликациите што се достапни само во Србија да се инсталираат?
Одамна имам телефон со можност за два СИМ картички ама никогаш не сум ставил уште една картичка.
 
Веројатно не ама нека ти одговори некој со повеќе искуство (освен ако не остваруваш интернет сообраќај преку србскиот број). Од каде го влечам заклучокот, девојка ми има телефон со една сум картичка и покрај тоа што моментално живее во Шведска (јер работи од дома) поради обврските од работа мора да го користи унгарскиот број (секако нема роаминг низ ЕУ). Дома на вифи кое го рутира Сообраќајот низ шведски адреси има опции на инстаграм кои не и се достапни кога е надвор од дома на 4Г бидејќи истите не се овозможени во Унгарија
 
Имал некој искуство со хиаоми редми 9 ( обичниот, не ноте)? Гледам вака солидна конфигурација за парите нуди, конкретно 4/64 верзијата ме интересира. Имав редми 3 порано и беше лошо искуство, па сеа сум малце скептичен кон брендов и се мислам дали да му дадам пак шанса.
 
Нема шо да те лажи напишаното,оди на самсунг.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Мислење за најдобар телефон моментално на пазарот? Не сум за Apple, користев еднаш и не бев задоволна од многу работи, батеријата на прво место. Се мислам меѓу Huawei и Samsung.
Моментално имам Huawei Mate 10 Pro, пре пре презадоволна сум од се, и од камера и батерија и перформанси.
Се мислев за Huawei 40 Pro ама искрено ме кочи банот со Google. P 30 Pro ги има Google услугите, па и тоа е опција.
Од друга страна е Samsung Galaxy S20, изгледа за нијанса подобар од Huawei ама сите се жалат дека Самсунг општо многу им загреваат телефоните.

Од работи што ми се најважни се батерија и камера.
 
Скршено е заштитно стакло на камерите од Redmi Note 8T, може да се најде некаде ново или тешко?
 
Колку што знам...не се менува само стаклото, тоа е составен дел на камерата. вероватно под стаклото постои совршена чистина, која неможи така лесно да се постигни
 
Колку што знам...не се менува само стаклото, тоа е составен дел на камерата. вероватно под стаклото постои совршена чистина, која неможи така лесно да се постигни

Се менува стаклото, само нез дали има по мобилариве, на али сигурно може да се нарача.
 
Се менува стаклото, само нез дали има по мобилариве, на али сигурно може да се нарача.
Нарачано е од али ама месец дена пројде уште нема, у Ледиком прво рекоа има за утредента да кажат дека нема.
 
Барам да купам матична за iPhone 8 plus , ако има некој понудете
 
Здраво дечки.
Во последно време почнав да испробувам разни тајни андроид кодови(MMI codes) како *#0*#...
Но тој е еден од ретките кој работи на мојов телефон. Незнам зошто, но кога сакам да испробам некои други кодови со други функционалности
пр. *#7353# , *43# , *#06# итн. не успеваат.
Дури испробав и листа од разни други кои ги најдов од интернет, ниедно не функционира.

1604608447800.png

Ако знаете во што може да е проблемот, некој нека пише?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom