Еве во старт ти кажувам не сум експерт! Ама,за разлика од другиве експерти тука,ќе ти кажам една проста физика.
Сите мерења на КОП на еуровент беа на 30 или 35ц(треба да проверам). Ако тебе ти треба 60ц на вода,да точно има ТП и толку можат да извадат(ама на максимум и богзнае колку мал проток)! Тогаш нивниот КОП ќе стане полош за два дваипол пати!
Ако на -7 има КОП 4 (тоа е за 30ц што никој не ти го кажува!).
За да постигне 60ц ќе треба да работи со КОП 1.5 или дури и помошни греачи да уклучува!
Не е исто делта Т од 37 и 67 степени!!
30 степени плус разлика го отепува адиабатскиот циклус!
П.С.и ова важи за сите марки и модели без разлика оти е физика во прашање!
Побарај си податоци обавезно за делта/Т,потрошња на струја и проток на вода. Ова се трите варијабли што треба да ги знаеш,а за 5000€ богами и треба со клањање да ти ги дадат