Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.
В

Вори

Гостин
Денеска сум ОК!Стабилизиран.Школо бев главен.не смееше да писне никој!
ЧЕЛСИ ФОРЕВР!!!
 
Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Во право си, всушност 2-1 за Јуве требаше да биди. Ама нокаут натпреварите се такви шо можи да се помини и со два нерешени натпреврари, па победа всушност значи пласман понатаму.

Хидинк вели дека тоа било страшен натпревар, вистински евро-тест, во кој морало да се постигне барем еден гол, што и било остверено. Првото полувреме, не цело, но претежно било под нивото на кое треба да е Челзи, но во второто полувреме било подобро. И тоа што било најдобро, е реакцијата на играчите на примените голови, нивниот победнички карактер (нешто што со Сколари го немавме, туку баш спротивно). Така, Гус вели дека не би коментирал повеќе директно за натпреварот, внимателно ќе го прегледа на DVD неделава, по спласнувањето на еуфоријата, без многу емоции; за да извади заклучок што е позитивно а што негативно во играта. Но најмногу го радува секако, победничкиот менталитет на играчите по примените голови.
Хидинк околу Дрогба вели дека е се подобар и подобар, ако си стопер не ти дава да дишиш, како резултат не неговото постојано залагање, и се надева дека така и ќе продолжи.
Лампард со изјава дека сега сите европски гиганти треба да бидат исплашени од овој Челзи.

Со Арсенал или Хул во полуфиналето на ФА играме на 18 април, во сабота, на Вембли со почеток од 18:15. Пренос се подразбира.

Околу Есиен да искоментирам, сметав(м) дека не требаше до почеток да игра, ама не беше многу лош (не ни в премногу добар), ама со постигнат гол во првиот натпревар во ЛШ после финалето, и тоа нокаут-натпревар, секако дека ќе има појќе самодоверба.
Добро бе Фантом, за кого навиваш, за Челзи или за Јувентус? И вчера те читав на фан клуб јувентус. Од кај извлече 2-1 за Јуве?

Ај сега вака, да бидеме реални и искрени, а не навиачки настроени. Најреално беше 2-1 за Челзи. Зошто? Првиот гол си го постигнавме фер, исто како и вториот. Вториот гол на Јувентус не беше фер постигнат. ОК, имаше пенал, ама немаше фаул за да има слободен поради кој дојде до пеналот. А ако го рачунаме голот на Дрогба, требаше да биде 3-1. Ама пошто НЕ сме навивачки настроени, ете, 2-1.

А според играта Јуве беше подобар, ама не заслужи да победи ради вториот гол. Затоа, кога ќе се земе се во предвид (и головите,т.е. кој како беше постигнат и играта), најреално е 2-2. :smir:

Без љутиш, само си кажувам мое мислење, а мислам дека така и е.
 
F

fantomX

Баш заради играта, сметам дека Јуве требаше да тепа. Од друга страна можеби си и во право, еве вечерва Интер по таа логика заслужи нерешено, а со то и да оди понатаму, ама Манчестер сосема заслужено помина.

На крајо на краиштата, ја не би зборувал појќе за то, па поминавме мајка му стара, шо е друго битно. Сега Порто да ни се падни само...:vozbud:
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Да ни падни Порто или Виљареал :wink:
 
Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Може сега да ни се падне англиски противник или не? Пошто нели за 1/8 финале не можеше...
 
Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Уф ќе биде интересно. Ама со Хидинк не се сомневам дека може да тепаме било кого.

Т.е. барем се надевам :)
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
A што велите да ни падни Барса, па да ги видиме можностите на Катлонците....или со нив за во финале :vozbud:
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
A што велите да ни падни Барса, па да ги видиме можностите на Катлонците....или со нив за во финале :vozbud:
Според мене поубаво е со нив во финале да се сретнеме.
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Со мало задоцнување, честито за пласманот во 1/4 финалето. Со оглед на тоа што Интер отпадна, и Кварезма игра за вас (иако не смее он да настапува во ЛШ), до крајот на ЛШ ќе навивам за Челзи, со надеж дека ќе ја освои титулата. :)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Ја ги посакувам Порто, Виљареал или Баерн М.
(пошо другиве екипи се класа погоре од овие 3)
 
В

Вори

Гостин
Само Ливерпул да не падне и Манчестер.Вториве ги сакам во финале!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom