Другарот твој сторил прекршок по чл. 277 ст. (2) од ЗБСП.
За тој прекршок е предвидена казна од 200 евра или 40 негативни бода. Забрана за управување со возило не е предвидена како казна за тој прекршок, значи нема да има забрана.
Сепак, полицаецот ја утнал постапката, ама тоа не е ништо ново или чудно.
За тој прекршок не се оди на Суд, туку се издава мандатен платен налог на лице место, за другар ти: 1. да си ја плати казната во рок од 8 дена или 2. да му се впишат негативни бода во возачката книшка или дозвола, ако нема книшка.