Репрезентативецот на Гана ги одигра последните 30 минути од вчерашниот дуел кој Челзи го доби со 2:0. Хидинк признава дека Есиен ќе биде дел од неговите планови за стартниот состав против Јуве.
„Тој е фи со повредата, но има разлика меѓу тоа и да бидеш подготвен за играње и за комплетен ангажман. Потребно е добро да размислам дали ќе стартуваме со него и да видиме како тој ќе реагира“, изјавил Хидинк.
Јас мислам дека не треба да почнуваме со Есиен, затоа што можеби сеуште не е во топ форма, па може да се повреди (не дај Боже) или пак да е поспор и да прави грешки. Така беше и пред да се повреди. Се жалеше на мала повреда, а Сколари упорно го форсираше и го заеба на 6 месеци, а можеби му ја заеба и кариерата, ќе видиме.
Се сложувам со FantomX дека ќе го добиеме мечот само со дисциплинирана игра. Искрено, не се надевам многу на нападот, пошто го имаме само Дрогба, а не е во сјајна форма како што беше порано. И да го удвојуваат или утројуваат како што вика D_T, кој ќе го искористи тоа? Калу или Малуда?!? Нема шанси. Ќе речете Френк. Да, ама ако го удвојат Дрогба тој ќе биде на средина каде што ига и Френк, а крилата сезонава ни се тапа. Значи ако не примиме гол идеме натаму, ако не, црно ни се пишува...