Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Види го, ми се смее... :D
И тие внатрешни манифестации мора да се одраз на надворешните. Зборуваме за религиските догми, кои нели при нивното придржување ве водат во рајот. Сега не сите регилии имаат исти догми и од каде да знам кои догми водат кон портите на рајот? o_O
 
За животот у северна македонија се смејам :D
 
За животот у северна македонија се смејам :D
Знам.

Ај сега ти, продолжи да мислиш само на цицки и ќе, или одиш во пеколот или пак ќе те вратат во Македонија...како награда секако. :D
Мене ми нема спас.
 
Знам.

Ај сега ти, продолжи да мислиш само на цицки и ќе, или одиш во пеколот или пак ќе те вратат во Македонија...како награда секако. :D
Мене ми нема спас.
Ако ништо друго сум имал магично детство....за тоа би се враќал уште милијарда пати а има доволно останато у него за уште милион години гориво за живот понатака :D
 
Многу е контроверзна оваа тема....ќе речам дека постои еволуција ама не на принципи кои се чисто базирани на математичка статистика.
Во што контрадикторна , а и од каде математички докази во биолошка гранка?
 
Во што контрадикторна , а и од каде математички докази во биолошка гранка?
Математика во смисла ко преживи причаче. Иначе контроверзна во многу погледи.....најважниот да го земеме свеста. Зошто се појавила?
Ако се појавила како резултат на еволуција каде се генерира и како?
 
Според атеистите, која е смислата на животот?

А зошто мислиш дека животот треба да има смисла? Кој природен закон вели дека животот треба да има смисла?
 
А зошто мислиш дека животот треба да има смисла? Кој природен закон вели дека животот треба да има смисла?
Самото тоа што сме битија со свест не тера да бараме смисла за нашето постоење, свесно битие не може а да не се запраша која е смислата на постоењето и согласно неговата претстава за смислата на животот и да го уреди начинот на кој ке живее.
 
Не е спорно дека можеме да бараме смисла, но погрешно ти е поставено прашањето. Ти прво претпоставуваш дека мора да има смисла животот, па потоа прашуваш која е смислата на животот според атеистите. Ниту еден природен закон за кој што знаеме не гарантира ништо како смисла на животот, напротив, на природните закони не им е многу гајле за човечките смисли и бессмисли.

Инаку зборот смисла има смисла единсвено кога се употребува во вистински контекст. Да се има смисла е својство на искази, еден исказ може да има смисла или може да нема, гледано од логички аспект. Е сега, ако го истргаш зборот смисла од контекстот во кој што има смисла, значи кај исказите преточени во реченици, тогаш настануваат вакви чудни прашања како што е смислата на животот.
 
Според атеистите, која е смислата на животот?
Можеби, да се создаде нешто кое ќе живее односно опстојува вечно.

Според атеистите, која е смислата на животот?
Не можеш туку така само да прашаш која е смислата на животот според атеистите. Тоа е исто како да прашаш која е смислата на животот според пантеистите. Прво атеизмот не е идеологија, религија или догма. Атеизмот е само неверување во богови, ништо повеќе ништо помалку. Секој атеист индивидуално како ќе тера во животот не игра никаква улога на остатокот од атеистите. Истото важи и за некој пантеист, политеист итн. За мене може смислата на животот да претставува да имам колекција од убави саати. За друг може да претставува да стане најдобар тенисер, пејач, фудбалер, нинџа, speedster на светот. Десетти може ќе сака да биде најдобриот асасин во галаксијата... Она што ги поврзува сите е само тоа што не веруваат во богови.
 
Тој така прашува затоа што имплицитно претпоставува дека религиозните имаат некоја смисла, па штом религиозните имаат, тогаш мораат да имаат и атеистите, осносно мора да немаат, бидејќи смислата на животот спрема него има некаква врска со бидувањето религиозен. Но ако воопшто го дозволиме прашањето за смислата, и ако го прошириме, тогаш сите ќе се најдат во незгодно.

Која е смислата на животот на религиозните? Која е смислата на постоењето на Бог? Која е смислата на постоењето на Универзумот?

Зошто воопшто нешто, а не ништо?

И така што би рекол Волтер, подобро е да се вратиме на копањето на градината.
 
@dARK_ElementaL
Ѕирни го "Смислата на животот" од Монти Пајтон, може и јас да го изгледам пак.
Сега ќе го видам инаку ова што ми го прати. :)

Овие прашања се вртат 7 години, ништо ново.
 
@Dumbledore знам дека си закоравен атеист....у контекст со муабетот од пред некој саат.....го објавил некој на фб. Може меслиш дека имаш душа....како и да е.
122158139_10213737625514757_6694578427805164081_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom