Пред неколку години имав сличен проблем. Имотот на кој живее татко ми, ми припаѓа мене (на брат ми е друг) и кога дојде ред да градам се појави проблем. Има чист имотен лист, со чисти меѓи со сите комшии, што значи точно утврдена КП, со 2 градежни маркички во неа, но во ДУП се води и делот од плацот на комшиите со една градежна маркица заедно со нашите на една градежна парцела. (ДУП е стар најмалку 30 години)
Во тој момент имаше 3 решенија:
1. Да си платам изработка на нов ДУП (процедура која трае од 6 до 12 месеци) и чини неколку илјади евра.
2. Да го убедам комшијата да ми го продаде делот (речиси никогаш тоа)
3. Да ми го даде земјиштето на користење на 99 години (со совет одма после кога ќе добијам дозвола да го раскинеме договорот)
Ова третото не пробав иако можеби можев, сепак решив купив стан и тука живеам. Тој дел остана нерешен додека општината не најде пари и не дојде на ред овој ДУП (иако рекоа дека прво се прават по селата, за овие тешко ќе се најде пари)