Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
сега го видов целиот натпревар супер игра само после голот некако паднавме,како да ни беше доволно 1-0 иначе дрогба супер утакмица после некое време,можеше да им закачи уште некој комад.Од ањелка шутот мн блиску беше:vozbud:лампард и босингва се изнатрчаа додека пак алекс мислам дека само еден или два дуела загуби од амаури:smir: балак некако слабо не беше желен за игра,и судијата до некаде зезна можеше слободно да даде пенал откако чиелни место на топка отиде директно на дрогба ама тоа е судија ако не зезне нема кој:tapp:се на се ок натпревар сабота уште една победа не чека полека да фатиме ритам за да бидеме во форма за реваншот каде што мислам ќе биде далеку поинтересно:helou:
 
Добра победа, одличен резултат без примен гол. Јуве ме изненадија со добрата игра, очекував послабо од нив. Тежок натпревар не очекува во Торино, но мислам дека ако им дадеме таму гол ќе си ја завршиме работата, три сигурно нема да примиме.
 
Искрено, како резултат на играчкиот квалитет кој го поседуваат двете екипи очекував победа од два гола разлика на Челзи. Сепак, Јувентус изигра максимум колку што може, а формата на сините не е сеуште на потрбното ниво за таков резултат. Се виде дека за Хидинк беше многу битно да не се прими гол.
Во Торино очекувам патникот да биде решен уште во првото полувреме, еден гол на Комунале ќе биде сосема доволен за 1/4 финале.
 
Тие таму рано ќе тргнат да дадат гол...ако се отворат многу,една контра или полуконтра и ја решаваме утакмицата.Ама знам дека Хидиник ќе постави добра тактика која ќе не однесе во 1/4 финале!
 
Одличен натпревар Дрогба во свој стил го реши натпреварот и се надевам дека ќе се врати во старата препознатлива форма за него.
Во торино ни е потребно само 0-0 и да не се грижиме за ништо.
 
Еден од најслабите поединци воопшто на теренот вечерва!

Ок не може секој натпревар да го игра топ.А тоа џаш квадрати што го велиш е затоа што се испромашиле многу двете екипи.Инаку бев сигурен дека ќе победите ,дури мислев дека ќе победите со поголема разлика ама овие се покажаа како цврсти посебно во одбраната.:helou:Одличен резултат и паметно во Торино.
 
На 19.12.2008 ви го напишав ова.. Кај се тие Фантомците.. кукаа овде со Сколари.. кога ви реков дека ги имате најдобрите играчи.. и сега ке ви речам.. ке играте финале.. финале во лига на шампиони..
Поздрав!! :smir:
Немој, не се заебавај.
Околу Сколари делумно се сложуваме, па и ја велев дека еден дел од овие играчи Сколари не можи да ги оствари своите замисли (за екстра-напаѓачки фудбал). Па со Балак, Малуда, без Есиен и Џо Кол? Со Кварезма ќе беше поарно, само шо немаше да игра во ЛШ. Ја бев за варијантата Сколари на лето да составува еден јак тим ко шо сака, оти во спротивно не оди, и нема ни да тргни работата понатаму. Другата варијанта, за жал, беше разделба со Сколари, која ако мораше на сред сезона, требаше малку порано да биди; или пак во мај.
Најдобрите играчи? Хипотетички еве, кога би го поминале Јуве, и понатаму вака играме со Манчестер Јунајтед или Интер, Барса, Ливерпул, Реал, па и Баерн; наебавме. Јуве не е слаб, впрочем е осмина-финалист на ЛШ, ама не би го мерел со споменатите. Единствено тактичката генијалност на Хидинк ако биди во преден план ќе биди арно + се појќе и појќе ги запознава играчите и ќе успева да го вади најдоброто можно во корист на тимо од нив; односно ко шо реков претходно, Гус да е Свети Гус.

http://www.goal.com/en/news/11/tran...would-love-to-play-for-arsene-wengers-arsenal

Што му е сеа на овој..ем игра прв состав ем се буни.
Нема проблем! Ко можеше Диара да замини таму, и Оби Микел да излези во преден план; не се бунам ни за Калу. Мене ми е ко ветрушка, се плашам да не ја заборај топката ко ќе ја води. Филпс барем брз беше, овај ни брз не е толку. Ди Санто можи и сега, Џо Кол догодина, Кварезма ако остани (шо не верувам), Малуда нека се испоти малку, па и Деко.

Ибракадабра, еве го и Хидинк...

'I am satisfied that we won but overall I am not satisfied with the performance.
'We started well but after the goal we dropped off too far and we were too anxious. Juventus dominated the second half but did not create any danger.
'The tie is evenly balanced but I'm pleased we kept a clean sheet.
'I was not happy with the functionality of the team but we will improve it.'
'They are not at tip-top physical level. They are at a high level of fitness but not near the top for games like this. It is something we will work on.'

Заборајв за Балак...
Па не знам шо очекувате од 33-годишник кој игра цела сезона скоро на секој натпревар + верувам дека вчера имаше појќе дефанзивни задачи отколку офанзивни. Шо требаше да прај?
 
Абе море чоек јас стојам на тоа и тврдам дека го имате најдобриот состав! И сега ми цитираш овде Хидинк што рекол.. па што сакаш да речи? Односно што очекуваш да направи? Па човекот е 2 утакмици на клупата на Челзи.. да беше од почеток тој тука сега ке бевте 10 бода пред Манчестер, да беше Мурињо исто така тука сега ке бевте 10 бода пред Манчестер, да беше Капело исто така ке бевте пред Манчестер.. јас уште од старт ти кажав.. Сколари мислев дека е добар после она со Бразил, ама откако го видов со Португалија, односно со послаб тим какви некои катастрофални потези прави реков овај не го бива.. а за да бидеш прв во Премиер Лига со еден константен Манчестер ти треба подобар трењер..
Во напад ги имате Дрогба и Анелка, во средина ги имате Лампард, Балак, Деко, Кол, Есиен.. во одбрана Тери, Карваљо, Кол, Босингва.. и стандардно добриот Чех на голот.. и ти ми кажуваш ајде состави ги во еден тим.. па ако си трењер ке ги составиш.. ако не си ке играш со ВБА дома 0-0! А Сколари не беше трењер.. односно според мене немаше доволно храброст да воведе некои промени, да седни некои ѕвезди на клупа.. или од типот на Мурињо да му рече.. или ке слушаш што ке кажам јас или нема да играш па ако сакаш и Тери викај се! Сколари тоа не беше.. а сега Хидинк има премалку време.. да го доведи сето тоа во ред.. но јас ти кажав.. овој состав ако не стаса барем до полуфинале лига на шампиони за мене би било големо изненадување.. Па погледни го тимот за кој навивам јас.. во средината играат Камбиасо и Занети за кои никој нема право и не би смеел да речи дека се слаби.. и уште двајца играчи кои одвреме навреме знаат да блеснат.. Мунтари и Станкович! А на клупа седат Фиго и Бурдисо чекаат шанса да влезат! Кај Манчестер играат Роналдо, Карик, Гигс, Флечер, Парк, а на клупа седат Тевез, Нани, Сколс, Руни... Ама игравме 0-0, без нити една замена од средниот ред, без нити едно освежување.. 4 наши против 5 нивни.. и знаеш ли како играа? Со срце и мотивација.. а кај фудбалерите на Челзи фалеше таа мотивација.. па замисли ти Мурињо во Интер да ги има играчите од средниот ред на Челзи? Тогаш ке се сетиш на оној Реал од времето на Зидан и Флорентино Перез! И немој да ми тресиш глупости дека сте има послаб тим од останатите.. вас ви фали мотивација.. и желба.. вие ги имате најјаките поединци.. најдобриот дефанзивец според мене Тери, најдобриот играч од средниот ред Лампард, и Дрогба кој би го ставил во првите пет напаѓачи на планетава!
И можеби ке ти изгледа досадно додека ти повторувам.. ама грешка не векот според мене е бркањето на Мурињо!

П.С. Не сум јас од оние навивачи кои ке речат мојот клуб е најдобар.. јас си навивам за Интер.. али некои работи заслужуваат почит.. како што се најдобрите играчи Тери и Лампард, најголемиот светски клуб според мене Реал...
 
Очекувам да направи то шо најави, а шо ја цитирав погоре. Досега напрај и појќе од очекувано.

Околу храброста, шо не ја побара да ја цитираш мојата гневна реакција за неговата изјава по Олд трафорд лакрдијата како не знај шо да прај, и ќе „ќе размислел утредента со ладна глава“, па да видиш шо мислам за неговата „храброст“.

Чекај малку, ги мешаш работите. Па имаме тим преполн со врвни имиња. То едно десетина пати ми е кажано, само подолго време не ги гледам како права екипа, како шо Фергусон го држи Јунајтед.
Финале на ЛШ, во ред, ама нивната „врвност“ се покажа само во 30-те минути продолжение со Ливерпул на Стемфорд Бриџ во полуфналето лани. Па игравме со Фенербахче и Олимпијакос до то полуфинале, мајка му стара. На Енфилд ко изгубени Германци, сполај му на Рисе шо си мавна еден автогол во 93 минута. Само продолжението на Стемфорд беше врвно. Ги величаш многу „ѕвездиве“, не дека си далеку од вистината, само малку премногу ги величаш. Мотивација, која мотивација, кондициски ко да паѓаат по 60 минути игра, дали си ги гледал последниов период. Ко македонската репрезентација да ја гледам ебаго. Само ова се играчи платени неделно колку шо играчите од мак-тимот земаат годишно кај шо играат. Хидинк го цитирав за да ти потврдам дека то е така. Е сега, чија „заслуга“ е то, мислам знајме и двајцата.

Досадно, па и понекогаш станува досадно, само ко е таква вистината, никош не е грешно да се кажи. :toe:
 
Пофалби од мене за играта на Челзи,добро е што повторно влезе во форма.Голот на Дрогба беше екстра!Поздрав и многу среќа во Торино.:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom