Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Флоскули од типот "народот е крив" ги ослободуваат од одговорност надлежните

И додека ние се расправаме кој е крив, на економски план ќе следи ребаланс на буџетот и трошење на народни пари за наводни мерки за економски спас. Долгот го надмина прагот од 60% од БДП, оваа година за само три месеци се задолживме за една милијарда евра кој што ќе се трошат без никаков мониторинг во наредниве месеци. Важно ќе има пари за пензии, плати, ваучери и пари за тренинг на магариња.

Не може да се вадат дека народот е крив, треба строги мерки, народот да беше способен да се самоуправува совесно немаше да постојат казни и право.
Иначе за економијата, најдобро се лови во матно, ама ќе биде да се надеваме краток тој период бидејќи се потешко ќе може да се задолжуваат, а кризава и афтерефектите ќе потраат неколку години најмалку.Па може и ќе дојде период за отчет:)
 
3ца од мојата поширока фамилија се моментално во изолација веќе 2 недели бидејќи беа позитивни.

Дедо ми и баба ми се по околу 65 години со полно здравствени проблеми како срце, шеќер, висок притисок... а вујко ми е некаде 40 години и е дебел.

Баба ми нема никаков симптом а другите двајца се со блага температура и примат инфузија еднаш дневно или на неколку дена чисто да се освежат. Не сваќам како она нема симптоми ама мило ми е дека е добра.

Инаку, кога им рекоа дека тестовите им се позитивни, веднаш се јавија на сите кои ги виделе за да ги известат за нивната состојба и заминаа на викендицата за да бидат надвор од контакт со било кој бидејќи таму нема баш луѓе.

За овие 2 недели колку што се таму, никој од тие што ги сретнале пред да им биде кажано дека се позитивни не испадна заразен што е одлично, а тие за 2 недели направија еден милион тегла ајвар кој, ако дојде ред да си дојдам до Македонија следната година, може и да го пробам.
 
..За овие 2 недели колку што се таму, никој од тие што ги сретнале пред да им биде кажано дека се позитивни не испадна заразен што е одлично, а тие за 2 недели направија еден милион тегла ајвар кој, ако дојде ред да си дојдам до Македонија следната година, може и да го пробам.
нека одлежи ајварот едно 40 дена за секој случај... :confused:
 
Не може да се вадат дека народот е крив, треба строги мерки, народот да беше способен да се самоуправува совесно немаше да постојат казни и право.
Иначе за економијата, најдобро се лови во матно, ама ќе биде да се надеваме краток тој период бидејќи се потешко ќе може да се задолжуваат, а кризава и афтерефектите ќе потраат неколку години најмалку.Па може и ќе дојде период за отчет:)
За спроведување на строги мерки потребен е ефикасен систем и доверба на граѓанството кон системот дека истите ќе се спроведат неселективно. Кај нас тоа евидентно е дека го нема. Пандемијата ги соголи сите слабости на институциите кои што се калемеле со децении наназад. Ниту една власт не превземала одговорност до сега за своите одлуки, така да ако им се укаже прилика да ја префрлат одговорноста врз некој друг тоа и ќе го направат. Во случајов "народот е крив" е совршена подлога за ескивирање од било каква одговорност, а воедно и дефокус од нивната неспособност.

Од кризава ќе излеземе со енормен долг во однос на нашите економски капацитети за сервисирање на истиот. Таа спирала на задолжувања нема да запре во иднина со сигурност. Но тоа е веќе друга тема, да не ја ширам повеќе.
 
не ја мирисам оваа влада, па немам потреба од искажување на добри зборови кон неа, но сепак мислам дека најголем кривец за оваа состојба ја има неурачунливоста на народот....

се одесуваат луѓето како спроти глава да им е....збеснат до крајни граници, фалење по фејсбуци кој кај бил, што глупост направил...групирање без никаков повод и причина....

малку е...
 
Не си во право другар..Го напаѓаме народот за непослушност(нај многу за журки,собиранки итн) а тие цело лето "ни пуштаја ваучери а и најавени се нови мсм за студенти)..На лето дружете се, на зима ќе ве затвориме..Која е нивната логика??.А народот е збеснат од проста причина шо ова еднаш се дешават на 100 години..Кога не држеле затворени во 4 ѕида со денови и најбитното без социјален живот?Немам ништо против, го поштувам секое мислење па така и твоето
 
Лично гледам ,,социјален живот,, кој пред пандемијата го немаше. Ако пред пандемијата сите се ѕвереа во телефоните, дали во кафиќи или ланч барови, сега истите тие качени по 5 на маса за 4 луѓе играат чочек...

кај беа пред ова вака да се забавуваат???? очите им истекоа гледајќи во мобилните, и џмурејќи еден према друг

Градиште....да..имаше дискотека кога јас одев како тинејџер некаде 88-89 та.....а летово таму го преселија Бардовци и Слепче...заедно
 
не ја мирисам оваа влада, па немам потреба од искажување на добри зборови кон неа, но сепак мислам дека најголем кривец за оваа состојба ја има неурачунливоста на народот....

се одесуваат луѓето како спроти глава да им е....збеснат до крајни граници, фалење по фејсбуци кој кај бил, што глупост направил...групирање без никаков повод и причина....

малку е...
За актуелнава состојба со вирусот и како тоа се справуваме системот е најодговорен, по мое некое размислување. За генералната состојба во државата изминативе три децении сноси одговорност и народот. Тоа би рекол дека е разликата.
Системот калкулираше со кризата од самиот почеток а кулминација доживеа со ифтарите. Мерките не се здравствени туку политички мотивирани. Во текот на предизборието се злоупотреби вонредната состојба за партиски цели. Филипче не зборува од медицински аспект за ситуацијата туку гледа да вметне и некоја партиска директива ако тоа одговара на партиските интереси. Во јавниот дискурс постојано слушаме некакви експерти кои што жонглираат и релативизираат со ситуацијата по политичка потреба. Пред летните одмори наративот беше еден а сега е сосема друг. Карантините во иницијалниот период се покажаа како неуспешни а беа прогласени за успех. Затоа што после нивното укинување започна една линија на нови случаи, иницирана од политичка одлука со т.н ифтари, за да му се удоволи на ДУИ и албанството и која што зеде нагорна прогресија од која што до ден денешен не се опоравивме. За разлика од држави како Шпанија, Италија, кои што после карантините одржаа релативно ниски бројки и мирно лето. Кај нас беше обратно а се однесувавме како да не е ништо. Едниствена мерка беше - трошете ваучери.

После сето ова јас не би го обвинил народот, затоа што истиот тој народ се однесува во склад со сигналите кои што му ги праќа актуелната власт, комисиите на чело со Филипче, а истите се конфузни и недоречени. Уствари поим немаат што прават. Нели требаше нова влада за да наводно била ефикасна па спремни да сме го дочекале есенскиот бран. Само тоа го мантраше Венко и оној копукот од Муртино. Поминаа изборите, ниту протоколи за настава имаа осмислено, ниту мерки за економијата, ниту опремија медицински капацитети, ништо, нула. Вакцини за грип уште нема а цело време верглаше за навремена вакцинација оти кога ќе се сретнеле грипот и ковидот ќе било пи*ку матер работата.
Народот е крив оти е неиформиран, необразован, некултурен и ред други работи. Ама за воведување на мерки, стратегии, финансирање, кадар, управување, антиципирање, спроведување на мерки, набавки...е одговорна државата и оние кои што менаџираат со таквиот систем.
 
еве ти долу, на почетокот на написот, а веројатно преведен од англискиот...
Глупоста е што поим немаат како и кого највеќе напаѓа вирусот а сеглупираа со посебен построг карантин за 65+ луѓе, без некоја медицинска основа или дијагноза, така од РАКАВ... да ама тоа НЕ ВАЖЕШЕ за СИТЕ 65+ ... не за политичари, доктори, вип личности, а и многу други...
тешка будалаштина...
Starije i ugrožene staviti u karantenu, a mlade pustiti da žive normalno. Tako bi se ukratko mogla sažeti deklaracija koju su ovih dana u javnost pustili znanstvenici i epidemiolozi s vodećih svjetskih sveučilišta, Jay Bhattacharya sa Sveučilišta Stanford, Sunetra Gupta s Oxforda i Martin Kulldorff s Harvarda.

Знам што пишува, тука ставив и линк до декларацијата. Сега гледам дека веќе е преведена на српски, бугарски и хрватски, па можеш да ја прочиташ цела, не е голема.

Оваа декларација е против lockdown, а камоли да подржува карантин (често се мешаат термините lockdown, карантин, изолација, полициски час).

Декларацијата е пишувана со цел да се нормализира животот, а за да помине се со помали жртви, препорачуваат поголема заштита за ранливите категории. Нема ништо на сила, карантин или што ти знам.

Еве прочитај најубаво сам... Немој да се налутиш, но и ти како многумина, околу коронава се фаќате на медиумски натписи (мерки, смртност и др.), а можете барем денес лесно да проверите за се...

За актуелнава состојба со вирусот и како тоа се справуваме системот е најодговорен, по мое некое размислување. За генералната состојба во државата изминативе три децении сноси одговорност и народот. Тоа би рекол дека е разликата.
Системот калкулираше со кризата од самиот почеток а кулминација доживеа со ифтарите. Мерките не се здравствени туку политички мотивирани. Во текот на предизборието се злоупотреби вонредната состојба за партиски цели. Филипче не зборува од медицински аспект за ситуацијата туку гледа да вметне и некоја партиска директива ако тоа одговара на партиските интереси. Во јавниот дискурс постојано слушаме некакви експерти кои што жонглираат и релативизираат со ситуацијата по политичка потреба. Пред летните одмори наративот беше еден а сега е сосема друг. Карантините во иницијалниот период се покажаа како неуспешни а беа прогласени за успех. Затоа што после нивното укинување започна една линија на нови случаи, иницирана од политичка одлука со т.н ифтари, за да му се удоволи на ДУИ и албанството и која што зеде нагорна прогресија од која што до ден денешен не се опоравивме. За разлика од држави како Шпанија, Италија, кои што после карантините одржаа релативно ниски бројки и мирно лето. Кај нас беше обратно а се однесувавме како да не е ништо. Едниствена мерка беше - трошете ваучери.

После сето ова јас не би го обвинил народот, затоа што истиот тој народ се однесува во склад со сигналите кои што му ги праќа актуелната власт, комисиите на чело со Филипче, а истите се конфузни и недоречени. Уствари поим немаат што прават. Нели требаше нова влада за да наводно била ефикасна па спремни да сме го дочекале есенскиот бран. Само тоа го мантраше Венко и оној копукот од Муртино. Поминаа изборите, ниту протоколи за настава имаа осмислено, ниту мерки за економијата, ниту опремија медицински капацитети, ништо, нула. Вакцини за грип уште нема а цело време верглаше за навремена вакцинација оти кога ќе се сретнеле грипот и ковидот ќе било пи*ку матер работата.
Народот е крив оти е неиформиран, необразован, некултурен и ред други работи. Ама за воведување на мерки, стратегии, финансирање, кадар, управување, антиципирање, спроведување на мерки, набавки...е одговорна државата и оние кои што менаџираат со таквиот систем.
Во Шпанија беа истите мерки како кај нас, зошто кај нив се намали бројот а кај нас не ?
Нашата влада копира мерки од другите и тие мерки не ги носи сам Филипче.
Конкретно за Шпанија и таму е општ хаос, не се знае кој јади кој пие и таму се контрат опозиција со влада и мислам дека лажираа бројки за да ја спасат туристичката сезона.
 
Знам што пишува, тука ставив и линк до декларацијата. Сега гледам дека веќе е преведена на српски, бугарски и хрватски, па можеш да ја прочиташ цела, не е голема.

Оваа декларација е против lockdown, а камоли да подржува карантин (често се мешаат термините lockdown, карантин, изолација, полициски час).

Декларацијата е пишувана со цел да се нормализира животот, а за да помине се со помали жртви, препорачуваат поголема заштита за ранливите категории. Нема ништо на сила, карантин или што ти знам.

Еве прочитај најубаво сам... Немој да се налутиш, но и ти како многумина, околу коронава се фаќате на медиумски натписи (мерки, смртност и др.), а можете барем денес лесно да проверите за се...

Еве и тука слично нешто викаат.

https://www.johnsnowmemo.com/
 
Od ponedelnik moze samo merka so koja ke se ZATVORAT kafani I diskoteki...od tamu se glavnite klasteri....
Прва мерка (a според мене и најпотребна) која требаше да биде уште одамна вооведена е рестрикција на работно време на кафичите и рестораните кои се покажаа како нејнепослушни во однос на почитувањето на протоколите, па дури и целосно нивно затворање. Евентуално да им се дозволи само да "шалтерски" да работат и да продаваат кафиња, пијалоци и храна за носење и да вршат достава на истите. Невидена глупост е во кафана да се седи без маска, а на тротоарот пред истата таа кафана полиција да казнува за неносење на маска. Кога Париз и Каталонија (дури во сезона) можеа да ги затворат баровите и кафаните кои многу повеќе ги пичитуваа нивните протоколи, зошто да не и ние кога и самата нивна комора на угостители е неспособна да воведе некаков ред во угостителските објекти. Газдите на баровите пак крајно арогантни и дрски, сред пандемија да организираат свирки, свадби и журки и мува да не ги лази, а на тв да плачат за помош од државата, па дури и да се закануваат!
 
А Стокомак,Кам Маркет или Кипер си бил? Си бил по пазарине да видиш што се дешава? У автобус си се возел скоро? И таму ли рестрикции да се воведат? Абе ова што зборите е како балон пробушен на 1000 места со игла,па едно по едно дупче со селотејп да ги лепиш.На крај ке потрошиш неколку траки и на прво дување ке ти пушти балонот,џабе време и зијан селотејпот.Могуче ли е до толку да не сфаќате дека не е можно ова за што се залагате,т.е ке нема никаков ефект
 
А Стокомак,Кам Маркет или Кипер си бил? Си бил по пазарине да видиш што се дешава? У автобус си се возел скоро? И таму ли рестрикции да се воведат? Абе ова што зборите е како балон пробушен на 1000 места со игла,па едно по едно дупче со селотејп да ги лепиш.На крај ке потрошиш неколку траки и на прво дување ке ти пушти балонот,џабе време и зијан селотејпот.Могуче ли е до толку да не сфаќате дека не е можно ова што сре го наумиле?
E Aman ajde smiluvaj se be, kazi sto e mozno za tebe!!!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom