- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 10.313
- Поени од реакции
- 15.475
Ќе објаснам со прости зборови, за да можи да се свати...Може некој да ми објасни што значи ставката Активна моќност (АМ) која се мери во KW (не kWh)?
Претпоставувам дека ова е ставката Врвна активна моќност во "МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ЦЕНИТЕ НА ПРЕСМЕТКОВНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ПО КОИ ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЈА ИСПОРАЧУВА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА НА СНАБДУВАЧОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИ И СНАБДУВАЧОТ ВО КРАЕН СЛУЧАЈ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА"
Дали постојат уреди за намалување на оваа ставка како што постојат уреди за намалување на реактивната енергија?
-бидејќи потрошувачите имаат потреба од влечење некогаш на поголема моќност...некогаш помала...некогаш никаква...а за да тоа се обезбеди, треба некој да ископа јаглен према потребите(не повеќе бидејќи ќе согори под дејство на воздухот), треба да се планира количината на вода во езерата па кога и колку да се пушти....ако некому му текни да повлечи многу струја а ја нема таа дома, треба да се купи навреме на пазарот....
од тие причини покрај тоа колку ќе потрошиш киловати по единица време, битно е колку одеднаш ќе повлечиш снага(како во кафана....ти можиш да испиеш со друштво 100 пива месечно...но што ако ги сакаш во една вечер...некој треба да ги донеси внатре во кафиќот)
Затоа во броилата за правни лица се става ,,максиграф,,...кој ја мери максималната повлечена моќност во период подолг од 15 минути( но не ноќе)...и таа ја бележи како максимална. Следниот пат ако повлечиш повеќе...важи новата
вои пракса е вака:на пример третиот ден од месецот пушташ машина од 12 киловати, плус компресор 5 Квв, плус бољер.....и максиграфот застанаува на 20 Квв...и тие ти важат за ел месец. Поминува некое време....трошиш помалку моќност одеднаш....но на 29-ти во месецот ги пушташ овие машини и плус некоја печка од 25 Квв....но да речиме во траење од 18 минути(над 15). Сега новата максимална повлечена моќност е 40 киловати
Овие 45 киловати ти ги рачунаат за сите 30 дена во месеот...и ги множат со одредената цена за актривна моќност
На фактурата плус си ја добиваш и потрошената енергија....да речиме 15 000 денари...и на нив се додаваат и овие 45 киловати
Значи...треба да се гледа да се распределат потрошувачите...не одеднаш сите да се вклучат
Е сега...кај физички лица за да нема вакви математики....се договориле таа активна моќност да се плаќа ,,од око,, или 33% на потрошената енергија
Или народно..наместо да те мерат...плаќаш ,,ѓутуре,,
Многу индустриски објекти плаќаат огромни суми за активна моќност....бидејќи не ангажираат некој ова да им го објасни.
ако им се понудиш и им побараш пари ...ќе ти речат-јас си знам најдобро за мене што ми треба
па нека си тераат и нека ја богатат ЕСМ