ЗА СИТЕ ПОТРЕБНИ ЛИСТИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ БАРАТЕ И КОПИРАТЕ ОД СТАРАТА ТЕМА,
>>> КЛИКНЕТЕ ОВДЕ <<<
____________________________________________________________________________________________________________________
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
I.Еве го мојот мост од претходно врска дополнителните документи:
НАПОМЕНА !!!!
НЕКА НЕ ВЕ БУНАТ ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ДОСТАВА НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ!!!
ТИЕ ШТО СЕ ПРКУ РОДИТЕЛ НЕ ТРЕБА ДА НОСАТ ПОТВРДИ !!!!!
ТИЕ НЕ ВАДЕЛЕ ПРОИСХОД И НЕ ТРЕБА ДА ДОКАЖУВААТ ПОТЕКЛО!!!!!
СИТЕ ОНИЕ КОИ ПОДНЕСУВААТ ПРЕКУ ПРЕДОК СО ПОТВРДА,БРАТ/СЕСТРА,ИЛИ СО СТАР ДОКУМЕНТ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ.ДОКОЛКУ НЕМААТ ОДНЕСЕНО ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА !!!
1.ПРИ САМОТО ИНТРЕВЈУ(ЗА ПОНОВИТЕ КОГА ВО ИСТ ДЕН СЕ ДОСТАВУВААТ ДОКУМЕНТИ И СЕ СПРОВЕДУВА ИНТЕРВЈУТО),ИЛИ
2.ПРИ ПОДДАВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ И ЗАКАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРВЈУ,ПА И НА ДЕНЕОТ НА ИНТЕРВЈУ
ЗНАЧИ НЕ СЕ БУНИТЕ СО ДАБЧ ,И СЕТЕТЕ СЕ ДАЛИ ПО ДВАПАТИ ВАДЕВТЕ ИЗВОДИ /УМРЕНИЦИ И ПОТВРДА!!!!
ДАБЧ Е ЕДНО,ПРАВОСУДИЕ Е ДРУГО!!!!
ВАЖНО до сите членови!!!!!
Сите оние кои се на задолжителна проверка а ги немаат однесено при интервју сите изводи /умреници во Министерството за Правосудие преведени и заверени, и плус оригинал потврда од БККС, задолжително да ги однесат. Проверете си, консултирајте се со посредниците, преслушајте се дали два пати вадевте изводи или умреници или потврда, нека не ве убедува никој дека нетребало, дека ако требало да доставите дека ќе ви побарале. Изгледа дека повеќе нема да има статус дополнителна проверка туку веднаш одбивање од совет!!! Така е договорено и со посредниците, деновиве имало средба во Правосудие и кажано е дека нема во иднина, за новите апликанти, ни да се дозволува да се носат дополнителни документи, туку при самото аплицирање документите да се прегледуваат и да се според происходот!!!
Затоа дур е време носете, оние шро немаат однесено, за да нема вакви несакани последици, време изгубено за глупост, од незнаење, неинформираност и сл.
_____________________________________________________________________________________________________________________________
II.Бугарски културен клуб на Лазар Младенов,или Македонско бугарско пријателство на Маринела(070339563).
Тоа се тие два клуба од кои можеш да извадиш потврда за потекло.
Треба да видиш преку кој предок ќе одиш ,односно кој од нив прадедо или прабаба е роден/а во село или град во МК во кои во период од 1900 до 1918 според статистиката на Васил Кнчов живеело бугарско население.
Само внимавајте кога се поврзувате до предокот да нема разлики во имиња или презимиња на изводите или умрениците на предците,зошто кај нас знаеме какви грешки има во матичните служби,и многу тешко се исправа.
Ќе се јавите кај Лазар и ќе ви објасни се,ќе му кажте од кој дел на МК имате потекло и тој ќе ви каже бива или небива и преку кој предок да одите.
+38971239202 Лазар Младенов.
III.За сите оние со разлики во датуми,имиња или презимиња помеѓу изводите/умрениците кпга се поврзуваат до прадедо важно е:
1.Податоците за предокот на кој се повикувате секаде да се совпаѓаат,пожелно е но не е морално и податоците од сопругата на предокот да се во ред,но не е неопходно.
2.Разликите можете да ги решите
-Во матична служба-најсигурна опција
-Доколку неможете ,тогаш на нотар со изјава на двајца сведоци ,но само за во Министерството за Правосудие поминува изјавата,за во ДАБЧ не!
Е сега имајте на ум дека постојат повеќе опции за поврзување по златна линија:
Татко-дедо-прадедо(на дедо ти татко)
Татко-баба-прабаба(на баба ти мајка)
Татко-дедо-прабаба(на дедо ти мајка)
Татко-баба-прадедо(на баба ти татко)
Мајка-дедо-прадедо
Мајка-баба-прабаба
Мајка-дедо-прабаба
Мајка-баба-прадедо
Затоа ,Вие одлучете и проценете,зависно од Вашата ситуација ,дали е подобро да се обидете со корекција,или да се поврзете преку друг предок.....
_____________________________________________________________________________________________________________________
IV.Пост за процедура за подигнување и трошоци.
На страната каде што пишува дека е одобрено државјанството,има едно сиво поле Записване,и таму има термини да закажеш,да прикачиш фотографија од пасош не поголема од 2 МБ и да внесеш мејл,па ќе добиеш повратен одговор на мејл.Потоа мејлот го принташ и со тоа ливче одиш во правосудие да си го подигнеш указот.
Од веб страната од МП запишија ж-сметката и цел на дознака вносна бележка за внесена државна такса за получаване на удостоверение т.е. заподигање на Указ. Земи и две слики пасошки формат.
жиро с-ка БНБ ЦУ, BIC: BNBG BGSD, IBAN: BG09 BNBG 9661 3000 1737 01
Во Софија одиш во банка да платиш за Указ, 50 лева + 10 лева манипулативни трошоци, попатно направи копија од пасошот заедно со влез за секој случај. Во Министерството за Правосудие ќе влезеш дај им ја уплатницата, двете слики од кои едната потпишана со цело име и презиме и пополни едно ливче за адреса - Столична обштина, ул. Леге бр. 6. Ќе те внесе во систем госпоѓата и ќе ти го испринта Указот.
Извод нов ,преведен и легализиран-ако го преведуваш во МК тогаш ќе треба во амбасада да го легализираш.А ако го преведуваш во Софија ,агенциите за превод го носат на нотар за заверка.Ќе си побараш на интернет некои агенции за превод и ќе им го испратиш изводот по скен ,за да биде спремен кога ќе одиш таму само оригиналот ќе им го покажеш.За во МВР оригинал,за во општина копија.
Направи копии од Указот и оди во општина, тука е во близина на МП. Се качуваш на прв спрат, десно има неколку шалтери, на истиот спрат се плаќа. Земи 3 формулари, Адресна карта за настојашт адрес, Зајавление за постојанен адрес и еден Картон исто така за пополнување. Настојашт адрес пополнав Р. Македонија и име презиме нешто, Постојанен е за адресата во Бугарија т.е. Столична Обштина, ул. Леге бр. 6 итн. податоци за себе и на картонот пополни податоци што треба. На каса плати 30 лева и оди да направиш копии од формуларите.По редовна постапка ЕГН ќе ти излезе за 5 до 7 работни дена.Има некои средуваат за во еден ден но тоа се плаќа,можеш да пробаш ти да замолиш и да им платиш.....
Иначе за во полиција ќе ти треба писмото од општина со ЕГН (удостоверение за постојанен адрес), копија од пасош, извод од матична книга на родени - преведен и заверен на нотар (ова можеш да го направиш во меѓувреме), зајавление кое ќе ти го дадат таму и ќе го пополниш на лице место и плаќање на каса во полиција, зависи по која постапка ќе одиш,толку и ќе платиш.Може и со картица само треба да е на твое име.
Ова се трошоците -
Ова се трошоците за подигнување на указ и адреса -
-52 лева -За подигнување на указ
-40 лева-За адреса и ЕГН во општина
-30 лева -За превод и заверка на извод кој што ќе ти треба за во МВР за сликање
Вкупно 110 лева
Ова се трошоците за пасош и лична карта
-36 лева -Лична карта за 3 дена(за 30 дена е 18 лева а за 8 часа 90лева)
-90 лева -Пасош за 3 дена(за 30дена е 40 лева,а за 8 часа е 200лева)
Вкупно 126 лева за 3 дена ако го земеш пасошот(за 30 дена е 58 лева,а за 8 саати 290 лева)
Значи се комплет ако сакаш за 3 дена да ги земеш ќе платиш 226 лева -односно 113 евра.
Плус тука ти се и трошоците за пат.
_____________________________________________________________________________________________________________________________
V.ПРОЦЕДУРА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВО ПРЕКУ АМБАСАДА
1.ДОКОЛКУ СТЕ ИМАЛЕ ИНТЕРВЈУ АМБАДАСА/КОНЗУЛАТ.
-КОГА ЌЕ ТИ БИДЕ ПОТПИШАНО ДРЖАВЈАНСТВОТО ,ДОКОЛКУ ВО МОЛБАТА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО ИМАТЕ НАВЕДЕНО ДЕКА САКАТЕ ДА СИ ГО ПОДИГНЕТЕ ПРЕКУ АМБАСАДА,ПРВИТЕ 2-3 ЧАСА ЌЕ СТОИ СТАТУСОТ СО ОПЦИЈА ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ.ПОТОА ДОКОЛКУ НЕСАКАТЕ ДА ЗАКАЖЕТЕ ЗА ВО СОФИЈА,ПО АВТОМАТИЗАМ ЌЕ СЕ СМЕНИ ДЕКА Е ПРАТЕНО ВО АМБАСАДА И ДЕКА ТРЕБА ДА СИ ГО ПОДИГНЕТЕ.
-СЕ ЈАВУВАТЕ ДАЛИ Е СТИГНАТО(ОБИЧНО ЗА ОДМА СТИГНУВА ДО 3 ДЕНА МАКС),И ОДИТЕ ВО АМБАСАДА,НОСИТЕ 2 СЛИКИ ПАСОШ ФОРМАТ(ИЛИ 3 ЗАВИСНО ДАЛИ СТЕ ПРЕКУ КОНЗУЛАТ ИЛИ АНБАСАДА),2 КОПИИ ОД ПАСОШ,ИЗВОД И ВЕНЧАНИЦА(ТИЕ ШТО СЕ ВЕНЧАНИ )СЕ ПЛАЌА 35 ЕВРА ЗА ДРЖАВЈАНСТВО(ПРВО ОДИТЕ ВО АМБАСАДА ДА ВИ ДАДАТ УПЛАТНИЦA ЗА ВО УНИ БАНКА НАША, НА 25 ЕВРА А ДРУГИТЕ 10 ЕВРА СЕ ПЛАЌААТ ВО АМБАСАДА) + 15 ЕВРА ЗА ИЗВОД ЛЕГАЛИЗАЦИЈА (МОРА ДА Е ПРЕВЕДЕН)+15 ЕВРА ВЕНЧАНИЦА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА(ПРЕВЕДЕНА) ЗА ТИЕ ШТО СЕ ВЕНЧАНИ ЗА ВО ОПШТИНА.
-КОГА ЌЕ ВЕ ПРАШААТ ЗА АДРЕСА ,ТИЕ ШТО НЕМААТ ПРИВАТНА(НЕМА ПОТРЕБА ЗА ТАКВА),ЈА КАЖУВААТ ЛЕГЕ 6,ОПШТИНА СРЕДЕЦ.
АМБАСАДАТА ПРАЌА ПИСМО ДО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВОСУДИЕ,А ОД ТАМУ ТИЕ ДО ОПШТИНА СРЕДЕЦ.ПИСМОТО МОРА ПРВО ДА СТИГНЕ ЗА ПОТОА ДА МОЖЕТЕ ДА ИЗВАДИТЕ ЕГН,БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ПРЕКУ АМБАСАДА ИЛИ САМИ ЌЕ ПОДНЕСУВАТЕ ЗА АДРЕСА.ЗНАЧИ МОЖЕ И ДА СИ ГО ЗЕМЕТЕ ДРЖАВЈАНСТВОТО,А ПОТОА САМИ ДА ПОДНЕСЕТЕ ЗА АДРЕСА,НО САМО ПОГОЛЕМИ ТРОШОЦИ ЌЕ НАПРАВИТЕ,ЗОШТО КОГА ЌЕ ОДИТЕ ТАМУ ЌЕ ВИ КАЖАТ ДЕКА МОРА ДА СТИГНЕ ПИМОТО ,ПА ПОСЛЕ ДЕКА ЌЕ ВИ ЈА ДАДАТ АДРЕСАТА И ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ПОДНЕСЕТЕ ЗА ЕГН.
-СЕ ЈВУВАТЕ НА БРОЈОТ ПОСЛЕ 1 МЕСЕЦ (МИНИМУМ)А НАЈКАСНО 2 МЕСЕЦИ-+35929872801 Општина Средец-адресна -ЗА ДА ПРАШАТЕ ДАЛИ Е СТИГНАТО ПИСМОТО ЗА ВАС.
-ОТКАКО ЌЕ ВИ ПОТВРДАТ,ИМАТЕ ОПЦИЈА ИЛИ ОД ТУКА ПРЕКУ ПОСРЕДНИК ДА ПОДНЕСЕТЕ ДА ВИ ГО ИЗРАБОТАТ МАТИЧНИОТ БРОЈ,ИЛИ КОГА ЌЕ ОДИТЕ ВО СОФИЈА ДА ПОЈДЕТЕ СО ПОСРЕДНИК И ЗА ОДРЕДЕН НАДОМЕСТ (ОКОЛУ 100 ЛЕВА),МОЖЕТЕ И ВИЕ САМИТЕ ДА СЕ ОБИДЕТЕ НА СЛУЖБЕНЦИТЕ ДА ИМ ДАДЕТЕ ,ДА ВИ ГО ИЗДАДАТ МАТИЧНИОТ БРОЈ ЕГН ВО ИСТИОТ
-ЌЕ ВИ ИЗДАТАТ УВЕРЕНИЕ ЗА АДРЕСА И ЕГН И ЌЕ СЕ УПАТИТЕ ВО МВР НА СЛИКАЊЕ,ИЛИ ДОКОЛКУ САКАТЕ ТУКА ДА СЕ СЛИКАТЕ ,НОСИТЕ ПРЕВЕДЕНИ ИЗВОД И ВЕНЧАНИЦА,КОПИЈА ОД УКАЗ,ПИСМОТО ОД ОПШТИНА ЗА АДРЕСА И ЕГН, И СЕ СЛИКАТЕ ЗА ПАСОШ И ЛК.ДОКУМЕНТИТЕ ТРЕБА НАЈРАНО ДА СТИГНАТ ЗА 1,5 МЕСЕЦ ДО 3 МЕСЕЦИ.
2.ДОКОЛКУ СТЕ ИМАЛЕ ИНТЕРВЈУ СОФИЈА.
-НАЈПРВИН ДА СЕ НАПОМЕНЕ ДЕКА НАЈДОБРО ЗА ОНИЕ КОИ ДОПРВА ЌЕ ИМ ПОТПИШАТ,ВО МОМЕНТОВ НАЈДОБРО Е ПОДИГНУВАЊЕ ПРЕКУ АМБАСАДА,И НАЈДОБРО Е ДА НЕ ЗАКАЖУВААТ ТЕРМИНИ,ЗА ДА МОЖЕ ДА ИМ СЕ ПРАТИ ДА ГО ПОДИГНАТ ТУКА.
-СЕ ПРАЌА ЕМАИЛ НА
L_Stoyanova@justice.government.bg (со долна црта е мејлот),СЕ ПИШУВА ВО МЕЈЛОТ ВО КОЈ УКАЗ БРОЈ Е ВКЛУЧЕНА ВАШАТА ПРЕПИСКА ,МОЖЕТЕ И СКРИНШОТ ОД СТАТУСОТ ВАШ,ВАШЕ ИМЕ ПРЕЗИМЕ БРОЈ НА ПРЕПИСКА ,СКЕН ОД ПАСОШ ОБАВЕЗНО.
-ИМ ПИШУВАТЕ ДЕКА ПОРАДИ СОСТОЈБАТА СО КОВИД ,НЕМА ДА БИДЕТЕ ВО МОЖНОСТ ДА ГО ЗЕМЕТЕ ДРЖАВЈАНСТВОТО ОД СОФИЈА,И НАВЕДУВАТЕ ВО КОЈА АМБАСАДА (ПОСОЛСКА) ИЛИ КОНЗУЛАТ(КОНСУЛСКА СЛУЖБА)САКАТЕ ДА СИ ГО ПОДИГНЕТЕ.ЗА ТИЕ ШТО ИМААТ ПОСТОЈАН ПРЕСТОЈ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ МОЖЕТЕ И ОД ТАМУ ДА СИ ГО ПОДИГНЕТЕ САМО НАВЕДЕТЕ ВО КОЈ ГРАД Е СЛУЖБАТА ОД ТАМУ ДА ГО ЗЕМЕТЕ.
ОСТАНАТОТО Е ИСТО КАКО ПОГОРЕ.
***edit
@palekrstic
(благодарност до
@palekrstic за текстов)
_____________________________________________________________________________________________________________________