Ама тоа е проблемот....
СЕГА има агресивни кучиња. Дури ако се стерлизира, за 4-5 години се уште има да има агресивни кучиња.
Јас во дивина живеам волци да ме јадат или?
Извини ама примитивно размислуваш, односно твојава тема уствари нема поента, мислев има некоја подлабока суштина. Директно упорно не кажуваш решение на проблемот, но според твоите постови веројатно за тебе најдобро решение е шинтери од комуналец да земат пушки и ладнокрвно да отстрелуваат кучиња по улици. За жал, или за среќа, тоа не само што не е ефикасно туку воопшто НЕ Е решение на проблемот, затоа што не во наредните 4-5, туку во наредните 1000 години пак ќе се појавуваат нови и нови кучиња.
Проблемот постои отсекогаш и е комплексен, може да се реши само системски од корен со некои вакви мерки отприлика:
- Задолжително чипирање на сите миленици и случајни проверки на тоа дали миленикот е чипиран или не (како што ти бараат легитимација ако те сопрат);
- Размножување и одгледување на кученца само со регистрација и купување на лиценца за одгледувачница. Секој оној кој што не сака да биде одгледувачница и да плати за лиценца е обврзан задолжително да го стерилизира миленикот;
- Најстроги казни за напуштање и оставање кучиња на улица;
- Воведување на годишен данок за сите идни сопственици на кучиња од моментот на донесување на законот;
Тие ми текнаа сега за сега ама во таа насока треба да се размислува. А ти доколку имаш конкретен проблем со конкретно куче, пријави во Комуналец и ќе го заловат и отстранат, тоа си функционира. Мада јас одамна не сум сретнал улично куче што напаѓа луѓе, не знам каде ти се движиш што "те јадат волци".