За да се постигне стабилна работа на клима-та, со пониска потрошувачка, треба да работи цело време, во постојани услови на просторот кој го грее- лади. Нели така и лабораториите го тестираат.
Нели Gree направи тестови на Eurovent.
Кажете како го оценија таму.
Ако некој во помал простор сака да му е 26 степени и го поставил да дува на јако, постои ли клима што нема да се гаси , слично на он-оф уред.
Јас поставив слики летово, дека Gree Amber одржуваше 25 степени со потрошувачка од под 300 вати,цел саат, во деловен простор од 50 м2, кој пола е во стакло, а вратата на 5 мин. се отвараше.
Кога кажувате дека кинеските работат како полуинвертер, многу трошат, сакате да кажете дека софтверот не знае да ја одржува зададената температура.
Или дека хардверот му е второкласен.
Ова е многу битно за идните купувачи.
А друго е прашањето кој уред колку ќе трае. Ама тоа не е само до уредот, тука и монтирањето и начинот на користење е битен.