Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Не пратев, праша ли некој на која научна основа се темели оваа новата мерка за маски на отворено и кога си сам?
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Не по една,не на отворено,по две маски да се носат е џабе кога на 70% и повеќе носот не им е покриен.И што ке прават куртоните,ке казнуваат и за неправилно носење маска? :pos:
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.712
Поени од реакции
88.768
Еден од членовите на комисијата за заразни болести си бил на Владо Горгиев пред неколку дена без маска и држење дистанца. Северен ФИРОМ :tvg:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.441
Поени од реакции
19.917
Маските, поготово овие хируршките, платнените, нема да спречат да се внесе вирусот по респираторен пат (т.е. со дишење). Но, кога збориш, плунката која ја испушташ ќе се задржи на маската во најголем дел. Затоа препораките се - носење маска + држење дистанца. Во таков случај нема шанси за пренесување на вирусот. Многу мала е веројатноста ако двете лица носат маски, а не држат дистанца. Затоа се вика дека маските се носат за заштита на другите.

Мислам реално, собирање ќе има пред 22 часот на поголеми групи. Ова за носење на маска ако си сам по улица (а не спортуваш - патем, што се подразбира под спортување? :D ) е малце глупо, освен во случаи каде има поголема концентрација на луѓе (отворени трговски центри, а притоа не се наоѓаш во продавница и сл.).

АМА како ќе проверуваат колку луѓе сте дома? :D Ок, комшија може да викне полиција и да каже „Комшииве до мене галамат, МИСЛАМ дека се 9+ души“ :D . И, како полицијата ќе провери ако не им дозволиш да влезат во домот?
Да не зборам што пишува „максимум 4 лица од иста фамилија“ - што е со фамилиите во кои живеат 5+ членови? :pos: Во ред, да искочи ова во Службен весник, можеби има некој искчучок.
Што ако ми дојдат 5 луѓе на гости? Треба еден да избркам!? :confused:

Меркиве се апсолутно глупави.
Значи кажа јасно и гласно членовите од фамилијата и максимум 4 луѓе од страна.
И ова е остаено на свест на граѓаните ама ние имаме се само свест немаме.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.440
Поени од реакции
18.622
Да. Секаде низ светов докториве глупости траскаат. Како тоа ти со твоето подпросечно медицинско знаење, знаеш дали јас траскам глупости?!

Абе многу сте силни вака на зборови. Знаеш со колку такви се соочувам дневно?

Влева низ врата, ни добар ден ништо. Уште не прегледан он мене ми кажува инјекција дека требало да му се стави. Чекај малку бе! Кој учел шест години школо тука, јас или ти???
Како го третирате медицинскиот персонал не е ни чудо што си даваат откази и си бегаат у Германија.

Засрамете се бе малку! Бонтон и култура покажете.
Еве со твоето надпросечно медицинско знаење, како го извади процентов :D Ја ти кажувам у реалност другче функционира работава од тоа што го зборите со маскиве. Си идат ради пари иначе, ако не ти е јасно зашто си идат. Ко сите остнати.
 
C

CoolIris

Гостин

Повели. Од најврвни стручњаци, ако разбираш англиски.

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Значи кажа јасно и гласно членовите од фамилијата и максимум 4 луѓе од страна.
И ова е остаено на свест на граѓаните ама ние имаме се само свест немаме.
Добро, тоа го слушнав, но ако ми дојдат 5 луѓе, кого да бркам!? Нели, 4ри луѓе не можат на шират Ковид, ама 5 тие се група (во случајот на Левица, 5 се и партија) и тие можат.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.551
Поени од реакции
2.734
Добро, тоа го слушнав, но ако ми дојдат 5 луѓе, кого да бркам!? Нели, 4ри луѓе не можат на шират Ковид, ама 5 тие се група (во случајот на Левица, 5 се и партија) и тие можат.
Дај им ждрепка да влечат :pos: :pos:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.441
Поени од реакции
19.917
Добро, тоа го слушнав, но ако ми дојдат 5 луѓе, кого да бркам!? Нели, 4ри луѓе не можат на шират Ковид, ама 5 тие се група (во случајот на Левица, 5 се и партија) и тие можат.
Сите да ги избркаш најарно :)
Автоматски споено мислење:

Значи стварно ситуацијата е тешко да се стави по контрола.
Да образложам, новите мерки со над 4 се можеби реални ама немаат смисла, барем не кај нас.

Зошто ? Па вака конкретно јас живеам во заедница со моите, сите одат на работа и имаат контакт со кој знае колку луѓе надвор, нормално носат маски се пазат колку шо можат.

Внука ми има 6 години и е прваче, оди на настава, морам да признаам дека иако има 6 години има повеќе мозок од пола форум тука што се тиче короне :) Добро се справуваме со неа засега, мијат раце, носат маски на школо и за чудо не им претставува на ниедно од дечињата проблем, се е во најдобар ред засега ама сепак за деца се работи. :)
Нејсе, снаата работи во кладилница, исто има контакт со стотици луѓе во денот, дечкото работи со транспорт, муабетот ми е дека колку и да се пазиш тешко е да исконтролираш се.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.929
Поени од реакции
17.173
Не пратев, праша ли некој на која научна основа се темели оваа новата мерка за маски на отворено и кога си сам?
да не ги заразиш бездомните мачки или кучиња
 
Kajgana Shop

На врв Bottom