Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледај го приврзокот 234225

Едноставни позитивни кратки раскази.
Одлично! Тоа ми треба за во воз!!!0E9299A6-2FE4-445A-85F0-8817ED6A76A5.jpeg И ова се раскази,ама многу малечка ија завршив више :(

инаку се 5 чудни раскази, во стилот на Мураками, на тема желби, посакувања и нивно задоволување, без разлика дали се желби за храна, љубов или нешто што тајно си го сонувате
 
Прва книга за 2020. Месец и половина помина и едвај се натерав да седнам да прочитам нешто. Ме фати некоја мрза или пак ми требаше малку одмор, кој знае хаха. :D

Странецот - Албер Ками
Мала книга која нема повеќе од 90 страни и ни е позната уште од средношколските денови како задолжителна лектира. Тогаш дека изигравав мангуп поминав со читање кратка содржина и не ја прочитав ама сега сфаќам дека многу сум пропуштил. Обработува интересни теми: абсурд и егзистенцијализам, супер описи на главниот лик Мерсо и квартот каде што живее.
Во книгата што ја имам е додаден и филозофскиот есеј Митот за Сизиф каде се обработени овие теми па веројатно следно што ќе читам ќе биде тоа.
 
Последно уредено:
96-та. издание и за црно чудо „Езоетерија“ имала Copyright за Југославија, како што читам :)
Но тоа беа чудни времиња тогаш...
Не е чудо. Езотерија беше во сопственост на Мандиќи (Маја и тој другиот, не знам како се викаше), а они беа у врвот на југословенското ОТО, заедно со Јулијан Насков од тука и Емир Салиховиќ од Босна, Немечек, Леградиќ и други првенци.
 
Ах, кога parareligion.ch e изворот...
Nice.
LoL, ja имам книги од Езотерија повеќе од тебе сигурно и добро знам кои се Мандиќи, а богами и Јулијан. За разлика од вас новопечените телемити кои мислите дека светот започнува со вас.
 
LoL, ja имам книги од Езотерија повеќе од тебе сигурно и добро знам кои се Мандиќи, а богами и Јулијан. За разлика од вас новопечените телемити кои мислите дека светот започнува со вас.
Знам, знам, види погоре и линк ти ставив, едно та исто ли со тебе ќе расправам? :)
Знаел добро за Јулијан и Мандиќи... оди читај Game of Thrones и Harry Potter и не ме заморувај со теории на заговори. :)
 
The Yogas and other Work, Vivekananda.

Сите 4 форми на јога објаснети од ненадминливиот Вивекананда. Поголем дел од книгата е за Џнана јога бидејќи е најтешко да се објаснат разните идеи кои доаѓаат од умот. За Раџа јога има одлични коментари на самите Афоризми на Патанџали.
Исто ги содржи сите предавања на Вивекананда кога бил во Америка, како и некои говори...

Прекрасна книга со над 900 страници која содржи многу од размислите на Истокот.

IMG_20200218_221507.jpg
IMG_20200218_221456.jpg
 
Раскажи ми ги соништата од Сидни Шелдон.
Три жени се осомничени дека направиле повеќе брутални убиства. Ешли е срамежлива и осамена компјутерџика, Тони дрска кавгаџика, склона на луди ноќни прошетки, а Алет е уметничка душа.
Сега за сега ми е супер, сеуште сум на почеток но осеќам се ќе се испреплети до крајот. Од тие книгите што се читаат со еден здив е.
 
Vikendov ja procitav Dissomnii.

Do prvata polovina bev siguren deka knigava ja pisuval @ЈуријАркадиевич, romanticno, pisatel, Ukraina, poljakinji...

Mene mi zavrsi antiklimaticno i mi imase premnogu klise fori no ne me izvadija od film. Interesna i brza za citanje, relevantna pred se so politickiot moment, ubavo iskustvo overall imav so knigava.

4/5
 
Во рок од неколку дена ги прождрав "Години на невиност" и "Вероника реши да умре". Првиот со многу описи на етикецијата на њујорошкото високо општество во време на 1870-тите, кои одат во такви танчини што пластично ја доловуваат и текстурата на ткаенините, а и одлично понираат во суштината на неколкуте носечки ликови. Препорачливо четиво за оние на кои им се допаднал филмот The Age of Innocence (1993) и кои имаат трпение да читаат нешто што лесно може да се сврсти во "типично женска литература", инаку дело на првата жена-нобеловка во рамки на книжевноста - Идит Вортон. Вториов ми е разочар на декадава, микс од типични квазифилозофии/психологии и поуки кои и инаку провејуваат во делата Коелјо, податни за цитирање од страна на консументиве на инстант-литературата.
 
Последно уредено:
The Wardstone Chronicles/The Last Apprentice од Џосеф Делани, моментално стигнав до четвртата книга од серијалот - The Spook's Battle.

Се работи за серија од 12 книги од dark fantasy жанр, приказната се врти околу Томас Вард кој е седми син на седми син и е чирак на Џон Грегори - Спук (ловец на натприродни суштества, нешто како Гералт само што овој универзум е по "приземјен" за разлика од Вичер универзумот). Исто така се среќаваат интересни мотиви и верувања од средновековна Англија како на пример верувањето дека седмиот син на седмиот син има натприродни моќи, како да се открие која жена е вештерка а која не е итн.

Се заљубив во серијава, ги надмина сите мои очекувања. Ги читам книгите по неколку страни на ден и правам поголеми паузи бидејќи не сакам да ги прочитам сите книги наеднаш (околу ~110 страни од книга се). Додека паузирам со оваа серија а бидејќи доаѓа нова серија, ќе мора да ја ставам и Horus Heresy на пауза и ќе почнам да ја читам Eisenhorn : Xenos од Дан Абнет, најдобриот писател според мене за Warhammer 40k.
 
„Идиот“ од Достоевски. Отсекад ме интересираше руска литература од овој период, а никад не сум се натерал да ги прочитам најјаките дела. Си ја ставив на kindle и преинтересна ми е, одлична е поготово за сегашноста исполнета со дигнати сељаци што бркаат некои фејк животни норми.
 
Лолита од Владимир Набаков. Бев изненадена кога ја најдов во градската библиотека. Малку ми е тешка руската литература за читање ама вреди стварно.
 
Езива книга за такф момент
Читајте книге!!!
Ирса ми е меѓу најомилени, купују од њума нон стоп.Овај ми е на ред
IMG_20200314_192037.jpg
IMG_20200314_192007.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom