Не твоја желба, туку на кнез. Значи си поставуваш догматична теза во глава дека нема шанси да е поинаку и правиш све да ја вклопиш моменталната ситуација во таа теза.
Значи здраво партнерство помеѓу Турците (воопшто сите) и Словените не постои. Тие се ривали повеќе од милениум. Нивната врска може да е само доколку едната страна е субмисивна. Тоа значи дека ако еднаш ете соработувале околу Сирија, таа врска во никој случај не е стабилна, ниту пак можеш да ја пренесеш во следната ситуација.
Не сум запознаен со тезите на Кнез.
Но јас никаде не зборував за „здраво партнерство“ или некаков траен сојуз, дури ни за взаемна доверба. Јас едноставно сметам дека (макар еднократно) ако нешто им е во моментален интерес на Русија и на Турција, дека без многу проблеми ќе се договорат... Едноставно не знаеш кој е долгорочниот план на Москва, едно 10 потези од сега, ниту па велам дека тоа вклучува „жртвување“ на Ерменија. Едноставно премногу работи не ги знаеме, за да бидеме сигурни во било што.
На крај тие сепак соработуваат во повеќе погледи, не само во Сирија (како што велиш), туку и за енергетски транспорт (јужен поток). САД/ЕУ можат да се лутат, но и Русија и Турција имаат бенефит од тоа и ете се договориле. Продавањето на С400 е уште еден пример, а има и други.
Нагорно Карабах е доста комплексна ситуација за да внесуваш такви догми во објаснувањето. Таму многу работи се испреплетуваат. И јас сум сосема сигурен кога викам дека без разлика колкави да се непријателствата помеѓу Ерменското раководство и Путин, Русија пре ќе ги раскине односите со сите Турски републики, одколку да дозволи Ерменија да ја снема.
Нагорно Карабах е кнедла и за Русија, и за Иран. Но ете некои сојузи си носат и свое бреме.
Без лутење но мене
твоево размислување ми личи на „догмастично“, кога ќе кажеш дека нешто си сигурен а реално нема начин да бидеш сигурен.
Пак ти внесуваш тези. Артилериските позиции се директно против интересите на САД, а не на Русија. Тој нафтовод е конкурентски на Русија и Русија секако би имала бенефит него да го снема.
Да ама зошто толку еднодимензионално гледаш на тоа?
Еве како јас размислувам - ако актот е предвидливо провоцирачки за воен одговор (каков што сега имаме), и ако актот е извршен од политичка марионета на САД која е пред релативно кратко време е инсталирана на власт, тогаш сметам дека безбедно можам да претпоставам некаква позадина со интереси на Пакс Американа...
Ова е само мое размислување. Се разбира дека не знам како реално стојат работите - но тоа реално никој од нас и не го знае.
Којзнае какви сѐ работи не се случуваат зад кулисите, но една од тие шеми ќе се оствари и ќе ја видиме - или за кратко или за подолго време од сега.