- Член од
- 29 јуни 2014
- Мислења
- 25.883
- Поени од реакции
- 42.564
Тоа бегање што го викаш се вика еволуција. Тоа е нешто што мора да се случи за да се одржи релевантноста на пазарот. Они, мслам музичарите, музиката ја прават за да заработат, а не за лепе очи. Брега проценил што се бара и тоа му дал на народот. Многу ги гледате плитко работите.Па да ама за нешто се прашувал и Бебек, кога Брега почнал да скршнува од првичните идеи за класичен/психо рок и сакал да вметне фолк мотиви почнале несогласувањата. Затоа и Бебек си иде од бендот и со тоа Бреговиќ на еден начин скроз си го присвојува бендот и ги диктира правилата на функционирање во иднина.
Па има врска аргументот за сељачко со оглед на тоа што скроз бега од рок музиката и иде во некој шунд правец, музика за сите уши, за у кафана, за по дома, за пијанка на улица, за на слави и собиранки, за сегде. Ликот не ни знае да свири гитара.
Ок се Дугме, све тоа стои дека се најпопуларни и бенд со највеќе продадени плочи ако не се лажам, Брега е мајстор да продаде. Не дека они се единствен бенд што од рок одат на нешто помеко, има и други примери ко Плави Оркестар, Црвена Јабука, Бајага и до негде Галија и Парни Ваљак. Ама ова на Дугме е недефинирано, затоа и чобански рок се вика.
Јас и Индекси би ги ставил во категоријата на поп-рок бенд со примеси на психоделија. Иако они се у посебна категорија со тоа клавијатурите, они и ЕКВ се уникатни во тој поглед. Клавијатурата на Маги е чиста магија. Маргита е пола ЕКВ.
За мене најчист рок свири Азра и никој друг.
Ова е за у другата тема, сега приметив. Нека префрли Зан ако не го мрзи.
У музиката ако не еволуираш, не можеш да одржиш континуитет, сеа ако за некого неколку фолк мотиви се сељачки тоа е ваш проблем.