Челси има екипа, има играчи, тренер, финансии, младински состав, има се што им е потребно да успее да освои титула.
Проблемите се: повредени играчи, психички се недоволно подготвени (можеби уште има последици тоа финале од ЛШ)
немањето ни најмалку среќа, а и најмногу од се ФОРМАТА на играчите...
Тоа е
Екипа, играчи - Ќе ги коментирам како едно. Челзи има
имиња, но не екипа и играчи. Ако ме разбираш шо сакам да кажам.
Тренер - Само со
имиња, џабе е и тренер.
Финансии - Нема за мултимилионски трансфери, ама не верувам дека преплатените ѕвезди не примаат секој понеделник енормно голема сума на пари.
Младински состац - И тие шо имаат по 20 години добиваат само 5 минути шанса во куп натпревар, против третолигаш.
Повредени играчи - Се согласувам, но еве пополека се враќаат, а резултатите се полоши отколку на почетокот.
Психички недоволно подготвени - Втор главен проблем според мене, особено на домашен терен. Ко клетва да е фрлена. Само шо психолошката подготовка е задача на тренерите.
Немањето среќа - Најголемиот проблем, поврзан се претходново. Да не набројувам, јасно е шо се досега се случуваше.
Формата - тим кој се стреми кон титула треба да победува и ко ќе не игра добро. Ливерпул така почна, сега и Јунајтед. Ние? Пак среќата е, и психолошката подготвеност на размазаните „ѕвезди“.
Финансии и нема баш. Богатството на Абрамович од 17 милијарди падна на 2.6 милијарди поради економската криза. Како што прочитав и фудбалерите биле принудени да си плаќат храната во ресторанот на клубот, а Абрамович сериозно размислува да го продава клубот.
Еве ви поточно што е работата.
Да бе, за греота. На Тери, Лампард и Балак можи нема в понеделник да им стаса по 130000 фунти на сметката, како и минатио шо има стаса, а како шо ќе им стаса и следнио. Ма кутри тие, сами си плаќале јадење...
Секој тим има криза, искрено се надевам дека време е да се свеснат малку и да почнат да играат како што знаат. Само едно не ми е јасно со Сколари, го ценам многу како тренер феноменален е...само при такви двајца напаѓачи (Анелка и Дрогба) да игра само со еден шпиц? Тоа мене не ми е јасно. А денешниов резултат...срамота е али има реванш ќе си тепате таму и готова работа, само финтата е што мораат да играат уште 1 + натпревар за глупости, дополнителен замор.
Нема клуб кој перфектно ќе ја изигра цела сезона. Ама тие шо се стремат кон титула, треба да победуваат во „лошите денови“.
Дали ја виде Барса прееска? Едвај, едвај...ама до крајо тепа.
Во Премиер...
fantomX напиша:
Повредени играчи - Се согласувам, но еве пополека се враќаат, а резултатите се полоши отколку на почетокот.
Психички недоволно подготвени - Втор главен проблем според мене, особено на домашен терен. Ко клетва да е фрлена. Само шо психолошката подготовка е задача на тренерите.
Немањето среќа - Најголемиот проблем, поврзан се претходново. Да не набројувам, јасно е шо се досега се случуваше.
Формата - тим кој се стреми кон титула треба да победува и ко ќе не игра добро. Ливерпул така почна, сега и Јунајтед. Ние? Пак среќата е, и психолошката подготвеност на размазаните „ѕвезди“.
Реванш има и ќе си тепаме, и види...одиме во 4-то коло на ФА Куп!!! Каков успех! И тогаш доаѓа Евертон (на пример) на Стемфорд и крај на одличните настапи во ФА Купот!!!
Јас иронија си прам вака, ама смешното (трагичното) е шо ова и не е далеку од вистината.