Одиме јако денес, ќе игра Мугуруза повторно.
Шмиедлова - Подорска 1, коефициент 1.92 Пајнакл.
Ова е close call, што се однесува на value. Дуел на две тенисерки кои се во голема форма и на кои земјата им е убедливо најдобра подлога. Играат сличен тенис, Шмиедлова за нијанса поофанзивна, и со нијанса подобар сервис, и тоа се нијансите заради кои ќе ја уплатам Словакињата. Во претходното коло потполно ја надигра Азаренка, а пред тоа Венус Вилијамс. Подорска имаше полесни противници, во прво коло Минен која е слаба на земја, а во второ коло Путицева. Шмиедлова ми е мене многу драга тенисерка, сметам дека е underachiever, и во неколку наврати ја имам гледано како се носи на равна нога со некои од најдобрите тенисерки.
Пиронкова - Крејчикова 1, коефициент 1.90 Бет365.
Овој бет се наметнува сам по себе. Крејчикова знае да биде заебана, таа е класичен шотмејкер, со многу варијации во играта, и земјата и е омилена подлога. Најголем проблем со неа е што многу лесно го губи својот сервис, дури и во ситуации кога води 30-0 во него. Од другата страна е лепотицата Цвете, која игра како несаглам откако ја одработи својата должност спрема врстата. Претворена е во вистински ѕид, како и да дојде топчето се враќа спрема противничката. Пред неколку години никогаш не би ја одиграл Пиронкова на земја, но ова е new, improved верзија на Цветето, која може да изгуби само од најдобрите. Цvete for the win.
Халеп - Анисимова 2, коефициент 4.50 Бет365.
Ја има и на повисок коефициент, ама не сакам да играм во егзотични кладилници. Ова во основа е long shot, ама последниот пат кога играа на Ролан Гарос Анисимова ја збриша Халеп. Анисимова игра одлично на земја, мислам дека на оваа подлога ќе го направи првиот вистински голем успех во кариерата. Халеп има проблем со тенисерки кои ја напаѓаат и не ја оставаат да ги сомеле со своето темпо и со непрестаните напади од основна линија. Овде Халеп во прво коло ја доби Сорибес Тормо многу убедливо, но имаше проблеми во првиот сет, а и против Бегу која и е редовен муштерија не делуваше најубедливо. За пострашливите имате +4.5 гема на Анисимова на коефициент околу 2.
Гарсија - Мертенс овер 21.5 коефициент 2.06 Пајнакл.
2-0 за Гарсија во меѓусебните, двата меча на бетон. Овде повеќе играм на некое претчувство, и заради тоа што Гарсија сигурно може до еден сет против Мертенс. Мертенс игра добро откако почна сезоната после ковидот, но Гарсија е доволно квалитетна да одигра тесен меч против Мертенс. Французинката иако земјата не е и примарна подлога добро се снаоѓа на неа, обично игра солидно на РГ, овде веќе ги доби Контавеит и Канепи, мислам дека има шанса дури и да го добие и овој меч.