Вести на која? Уствари не е битно на која, на Sun нема, на Daily Mail нема, на Mirror нема, зошо узбуна за А1, Сител, Канал 5 или кој и да било?
Само логично размислувам, информацијата дека во Чокутка се буши и копа ненормално е точна, а иако веќе не е гувернер на покраината, има куќи таму, вложува во социјализирање на местото и подобрување на животот на мештаните, и околу 85% од цел профит од ископувањето и бушењето оди кај него...
Јес да се заеба гадно на финансиски план со разводот од бившата жена Ирина, ама паметен е, од дом за сираци стигна до тајкун, не паѓа толку лесно Роман, поготово не сега, кога е на врвот.
Ај малку и за политичките елементи во хиерархијата на Челзи.
Искрено не знам дали Абрамовиќ и понатаму има привилегии при копањето нафта во автономната област Чукотка, каде од 2001 мислам до лани беше гувернер. Поентата беше тоа дека благодарение на Абрамовиќ, Чукотка енормно брзо се развиваше со тоа што тој „вбризга“ 1 милијарда долари за нејзин равој, а од друга страна Чукотка дозволуваше „Сибнефт“ да копа нафта без да плаќа такси од околу 400 милиони долари годишно.
Е сега, зошто мислам дека грешиш во мислењето. Прво, гледаме дека цената на нафтата вртоглаво падна (и паѓа). Дојде до 30ина$ за барел. Второ и поважно, Абрамовиќ ја продаде „Сибнефт“ на „Гаспром“ пред некоја година. Значи, и да има бенефиции, ги има „Гаспром“. Така што Абрамовиќ изгледа не е толку активен со нафтата, изгледа се зафатил со други работи, и затоа не ме чуди да има повразност со банки и слични чуда, така што и него силно го тресе кризата.
И да се изјаснам, ич тулето не ме боли ако Абрамовиќ го продај Челзи.
Колега Фантом, вчера коментираше за несогласувањето на Дрогба со Анелка на теренот. Еве една денешна/вчерешна изјава на Дрогба:
“I have always said that I was happy that Nicolas came to Chelsea. But I still don’t understand why coaches are scared to play us together.”
Јас пак мислам дека може да се воиграат, но досега тоа не е направено ни натренинг веројатно. Како би го искоментирал ова?
Исто така, Сколари смета дека Чех требало да подобро да ја постави одбраната при корнеро од кој шо примивме гол вчера. Ја ко шо знам, бековите најчесто стојат покрај стативите, и тоа би требало да биде „непишан закон“ при секој корнер. Секако дека и Чех требаше да реагира, да свика да застанат покрај стативите, но и самите тоа треба да го знаат ебаго мајката. Во секој случај, само Лампард и Дрогба со преодна оценка за вчера и Иванович до некаде. Другото подпросечно.
И за Абрамович, информација најдов само на index.hr и истото преведено на Нетпрес. Нема на друго место.