Живот без глутен

  • Креатор на темата Креатор на темата MaMasita
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Возраст
37
Немам Целијакија ама ужасно ми смета глутенот, не најдов тема за ова па затоа решив да ве прашам, како се снаоѓате? Купувам леб или јадам со галети од ориз, немам проблем за тоа, си допуштам ту и таму нешто со глутен да каснам, ама се трудам да го избегавам. Што ви е најтешко да избегавате?! Мене пивце ми беше па се префрлив на вино, ама пивце си е пивце, не го сакам безглутенското туку Скопско само. Еве веќе 3г се држам понастрана од глутен, бел шеќер (додуша воопшто шеќер), бел ориз и сол, ама почнувам да се уморувам. Пред ерата на држење понастрана од овие намирници имав многу проблеми, сега се е надминато, па сакам да попуштам веќе малку по малку. Ваши искуства?!
 
Не се замарај ногу со глутено. Битно е избегаваш леб и шекер. Интегрален ориз пробај и нема да сакаш веќе без да пробаш.
 
Јачмен е поголем проблем од глутен.
 
Не се замарај ногу со глутено. Битно е избегаваш леб и шекер. Интегрален ориз пробај и нема да сакаш веќе без да пробаш.
Leb ne trwba da se izbegnuva. Lebot e dosta nutritiven. Ama integralniot. Problemot e ko ke go namachkash lebot so majonez ili neshto drugo. Eve edno mnogu interesno video bash za leb.

Не се замарај ногу со глутено. Битно е избегаваш леб и шекер. Интегрален ориз пробај и нема да сакаш веќе без да пробаш.
Бел ориз, бело брашно, бела сол, бел шеќер, не користам исто така. Си правам лепче сама од семки, брашно од јатки и рж, спелта или овес, хељдата не ми ја поднесува желудник. Мислев новите лепчиња на Жито лукс што се да ги пробам, да олабавам малку. Оној тонусот ми е жива глупост.
 
Пробај пченкарен леб, тој има помалку глутен, и тој од жито лукс со овес што е. И јас одбегнувам работи со глутен, бидејќу вежбам и ми прави потешкотии и надуенст.
Глутен имаш во житните растенија, така да оризот можеш слободно без разлика бел или интегрален. Интегралниот во однос на белиот содржи повеќе растителни влакна што ја успоруваат дигестијата и полека се вари и воедно јаглехидратите поспоро навлегуваат во крвотокот. И затоа е добра алтернатива.
 
Јас знам кај има глутен, не ми е тоа проблем. Оризот го јадам интегрален зошто белиот ми е грд, не ми е вкусен. Влакната ја успоруваат дигестијата? Мене ми ја забрзувааат значително. И јас вежбам, глутенот многу ми смета и лактозата, затоа ги исфрлив.
 
Па растителните влакна го успоруваат варењето на храната, со што имаш ситост подолго време.
Јаглехидрат без комбинација со влакна би влегол побрзо во крвотокот и после им исто брз пад на шеќер, и затоа се чувствува пак глад.
Зборот ми беше дека со растителните влакна добро се регулира и гладта а и шеќерот и инсулинот во крвотокот. :icon_mrgr:
 
Сега се разбравме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom