Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

Sho zboruva ovoj be, koj go brifiral deka imalo stotici godini ubivanje megu kosovo i srbija???
Amerikancive vrska nemaat a sekade se neshaat.
Не рече баш така...додаде дека тогаш се викале со други имиња (мисли на државите), ама да 100тици години немало процентуално толку Албанци таму.
 
На ваквите под итно им се потребни лекции за возење од Рамбо, во 21-ви век не знаат основни возачки правила.

А убаво вели Рамбо: "не ме гледај мене, гледај на патот; така се случуваат несреќи", со разликата што на оваа од горниот видео запис никој не и` држи нож над градниот кош, а сепак не знае да вози.

Трамп гледам номинирал нов судија во врховниот. Изгледа ќе го поминат републиканците кандидатот.
Памтам Обама му ставија пречка за да избери бидејќи бил 10 месеци до заминување.
Ме интересира дали ќе се одрази ова на изборите.
 
Не може да има полоша варијанта од Трумп, невозможно е.

Трамп победува поради таквите како тебе. Нити го знаеш, нити те претставува, нити има нешто со тебе... ама лаеш
 
Трамп гледам номинирал нов судија во врховниот. Изгледа ќе го поминат републиканците кандидатот.
Памтам Обама му ставија пречка за да избери бидејќи бил 10 месеци до заминување.
Ме интересира дали ќе се одрази ова на изборите.
Обама немаше мнозинство во Сенат тогаш и не можеше да ја истурка номинацијата. Не дека не номинираше кандидат.
 
Sho zboruva ovoj be, koj go brifiral deka imalo stotici godini ubivanje megu kosovo i srbija???
Amerikancive vrska nemaat a sekade se neshaat.
На кажуваат на вести намерно Трамп го реши и Косовското и Палестинското прашање и доби 2 Нобелови награди за мир и една за медицина зошто најде лек за корона- варикина пиење една чаша на гладно срце во 5 наутро.
 
Трамп гледам номинирал нов судија во врховниот. Изгледа ќе го поминат републиканците кандидатот.
Памтам Обама му ставија пречка за да избери бидејќи бил 10 месеци до заминување.
Ме интересира дали ќе се одрази ова на изборите.
Републиканците ќе гласаа против, ама тоа е право на лидерот на мнозинството во Сенатот. Сега имаат 51 глас, Ромни ќе гласал ЗА. Проблем е реториката на демократите, башка и Трамп има право да номинира судија, што и го направи.

Нема да се одрази, лажни вести од СиЕнЕн, видовме како прават анкети. ;)
 
Настрана навивачкиот аспект, идеологија и слично, што е различна фамилијата Трамп во однос на Клинтинови или Бајден со овие нови инфорамции за плаќање пари на членови на семејството за „консултански услуги“ и слично. Што е резликата помеѓу Трамповата и Клинтоновата фондација?

Нема разлика, двете фамилии се богаташи врзани со Волстрит, тука ми е трагикомично што Трамп го прикажуваат како безгрешен борец за обичниот американец, чистач на мочуриште и слични пропагандни срања.

Шефувањето во Белата куќа му е чист бизнис интерес, ништо повеќе.
 
Точно, но никој не очекуваше Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во 2016 година, па затоа до денешен ден го третираат како неочекувана и непосакувана нус појава која треба што е можно поскоро да се отстрани од американската политичка сцена.

А тек па ако победи на наредните редовни претседателски избори во САД кои треба да се одржат на 3 ноември 2020, ќе го распнат типот - иако е еден од нив. Ако досега го маваа со дрва и камења, после 3 ноември 2020 - доколку победи - ќе го распнат.

Еве како расипана плоча повторно ја препакуваат и ја прикажуваат истата приказна за неговите врски со Русија, неговите затаени даноци, сега па Ненси Пелоси ги прогласува даноците на Доналд Трамп за прашање на национална безбедност, бидејќи наводно во 2016 и во 2017 година платил даноци во износ од само 750 (СЕДУМСТОТИНИ И ПЕДЕСЕТ) американски долари, а истовремено наводно има долгови во износ од 400 (ЧЕТИРИСТОТИНИ) милиони американски долари.

Старата приказна за рускиот заговор ја препакуваат и ја прикажуваат во облик на презадолжениот Трамп кој финансиски е зависен од Владимир Путин, па затоа мора да игра рускаја во Белата Куќа на Авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон, САД.

Ако сега го прават ова - пред одржувањето на наредните редовни претседателски избори во САД - допрва ќе следува вистински циркус после 3 ноември 2020 доколку Трамп победи на изборите.
 
Друго прашав јас, настрана твојата идеолошка реторика, Трамп е аутсајдер или е дел од олигархискиот амерички естаблишмент? Се ми се чини е ова второто
 
Трамп гледам номинирал нов судија во врховниот. Изгледа ќе го поминат републиканците кандидатот.
Памтам Обама му ставија пречка за да избери бидејќи бил 10 месеци до заминување.
Ме интересира дали ќе се одрази ова на изборите.

Мислам дека да, негативно на сметка на Трамп.
 
Негативно затоа што од една страна имаа недемократите полна уста пофалби за неа и одредени ставови за процесот пред 4 години и денес се промени сѐ. Она ќе биде одличен судија, сакале они или не. Минатиот пат изгубија со нивниот однос спрема Каванах, ќе изгубат повторно. Башка утре има дебата, чисто да не заборавите вие што сакате да ја гледате. :)
 
Друго прашав јас, настрана твојата идеолошка реторика, Трамп е аутсајдер или е дел од олигархискиот амерички естаблишмент? Се ми се чини е ова второто

Секако дека е второто, ама на аутсајдерски начин влезе во Белата Куќа на Авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон, САД, и затоа го третираат како неочекувана и непосакувана нус појава која мора што е можно поскоро да се отстрани од американската политичка сцена.

Не знам на што ти се однесуваше твојот коментар за мојата идеолошка реторика, јас уште од 9 ноември 2016 имам убаво кажано дека воопшто не ми е мило за изборната победа на Доналд Трамп, но би излажал кога би рекол дека не ми е мило за изборниот пораз на Хилари Клинтон.

Освен тоа, немам ништо заедничко со Доналд Трамп. Јас сум Македонец и со задоволство би поддржал било кој политички паразит кој би направил нешто добро за Македонија и за македонскиот народ, а од САД досега не сум видел таков паразит на висока државна/јавна функција.
 
Ако сега го прават ова - пред одржувањето на наредните редовни претседателски избори во САД - допрва ќе следува вистински циркус после 3 ноември 2020 доколку Трамп победи на изборите.
Ми се чини циркусот веќе е загарантиран, кој и да победи на изборите..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom