Настрана навивачкиот аспект, идеологија и слично, што е различна фамилијата Трамп во однос на Клинтинови или Бајден со овие нови инфорамции за плаќање пари на членови на семејството за „консултански услуги“ и слично. Што е резликата помеѓу Трамповата и Клинтоновата фондација?
Нема разлика, двете фамилии се богаташи врзани со Волстрит, тука ми е трагикомично што Трамп го прикажуваат како безгрешен борец за обичниот американец, чистач на мочуриште и слични пропагандни срања.
Шефувањето во Белата куќа му е чист бизнис интерес, ништо повеќе.
Точно, но никој не очекуваше Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во 2016 година, па затоа до денешен ден го третираат како неочекувана и непосакувана нус појава која треба што е можно поскоро да се отстрани од американската политичка сцена.
А тек па ако победи на наредните редовни претседателски избори во САД кои треба да се одржат на 3 ноември 2020, ќе го распнат типот - иако е еден од нив. Ако досега го маваа со дрва и камења, после 3 ноември 2020 - доколку победи - ќе го распнат.
Еве како расипана плоча повторно ја препакуваат и ја прикажуваат истата приказна за неговите врски со Русија, неговите затаени даноци, сега па Ненси Пелоси ги прогласува даноците на Доналд Трамп за прашање на национална безбедност, бидејќи наводно во 2016 и во 2017 година платил даноци во износ од само 750 (СЕДУМСТОТИНИ И ПЕДЕСЕТ) американски долари, а истовремено наводно има долгови во износ од 400 (ЧЕТИРИСТОТИНИ) милиони американски долари.
Старата приказна за рускиот заговор ја препакуваат и ја прикажуваат во облик на презадолжениот Трамп кој финансиски е зависен од Владимир Путин, па затоа мора да игра рускаја во Белата Куќа на Авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон, САД.
Ако сега го прават ова - пред одржувањето на наредните редовни претседателски избори во САД - допрва ќе следува вистински циркус после 3 ноември 2020 доколку Трамп победи на изборите.