Не се возбудувај, смешен и преглуп испаѓаш со постов.
Прочитај си основни правила за обложувалницата каде уплаќаш. Еве ако не си кадарен за тоа, ќе ти помогнам, конкретно за Спортлајф.
"Важечки резултат за еден настан или натпревар кој е предмет на обложување е резултатот постигнат на крај на регуларниот тек на натпреварот, крајот на трката или настанот (пр: 90-та, 60-та, 48-та, 40-та минута итн., што е во зависност од видот на натпреварот, спортот или настанот), а продолженијата не се важат, освен за играта оди понатаму или за некои игри кои ќе бидат однапред нагласени во билтенот. "
Или во превод, како што веќе кажав, ако натпреварот заврши нерешено, важечки резултат за сите типови е оној од регуларниот дел.
Или повторно во превод, ако повторно не ти е јасно, ако Денвер- ЛАЛ заврши 100-100, типот Двата тима даваат 102.5+ поени ќе биде НЕДОБИТЕН. Па они ако сакаат нека дадат и уште по 100 поени во продолжение, пак типот ќе биде недобитен.
Ова за играчи не важи и се зема крајниот исход без разлика дали после продолжение или регуларен дел.