Белорусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ne_sum_ja
  • Време на започнување Време на започнување
Wait a little..Веројатно имаме различно поимање на јака држава...За мене е јака држава кога граѓаните на таа држава се среќни и задоволни, кога имаат услови за живот да не набројувам сега кои и какви ќе ми треба еден сат да пишвам.

Ако ти гледаш од воена призма, тогаш, тоа е многу погрешен пристап. Како основна дефиниција на држава спаѓа тоа: добробитта и задоволството на населението на истата.

Веројатно ќе се сложиш со мене дека „хиперсонична“ ракета со вотка и леб и преку еден ден сол, не одат едно со друго..;)
Да де, тоа статистичарите во обединети нации го нарекле тоа human development index според квалитетот на животот што се води во една држава... Се земаат одредени параметри се множат се делат се праат чуда, и на крај излегува бројка.. Таа бројка помага за да се даде објективен суд за животот на луѓето во една држава и да се спореди со други држави....

Еве ти накратко објаснето:

Еве ти ги резултатите и трендовите од 1990:

Квалитетот на животот на една држава може да се подобри за неколку години, додека воената сила е друг муабет. Воената сила и тоа како има улога во добриот живот на граѓаните на една држава, бидејќи безбедноста и стабилноста се важен сегмент за нејзиниот развој.
 
Последно уредено:

Што да прочитам, 49 место е Русија, 50 Белорусија, 52 е Бугарија.. Тоа не ти говори нешто? Не знам што сакаше да докажиш со линкојве. Ако беше за животот и напредокот, верувај сам докажа дека не си во право.
 
вие елџибитистите како планирате да го подобрите животот на белорусите? Преку бесплатни лубриканти за белоруските шарени револуционери?
 
Кога ќе речиш една работа, мислиш дека си интересен. Кога ќе ја повториш таа работа, испаѓаш смешен. Кога уште еднаш ќе ја кажиш истата работа, глуп си бе брат.

А ти ова го верглаш 1.000 пати...

ајде белорусија кога ќе ја ослободите вие елџибитистите можда ќе ви дадат некој бонус и пакетче лубриканти.
 
Што да прочитам, 49 место е Русија, 50 Белорусија, 52 е Бугарија.. Тоа не ти говори нешто? Не знам што сакаше да докажиш со линкојве. Ако беше за животот и напредокот, верувај сам докажа дека не си во право.
Тоа сакав да ти го кажам пред неколку страни, кога го постирав.... Сега сакав да ти кажам само дека тоа што го ти дефинираше како јака држава е нешто што статистичарите го измериле, му дале име human development index и го претставиле во бројка....
 
Oкеј е, јас си стојам на мислењето што го имам. На вакви табели не верувам, и на рангирања. Квалитетот на живот најдобро се мери кога ќе поразговараш со човек кој ја зема просечната плата во државата, и што тоа може да си дозволи со неа.

Точно и дека безбедноста игра улога, но како да речам, прво треба да се среди државата и ситуираноста на нацијата, а потоа да се трупа воен арсенал. Бидејќи вака испаѓа онаа народната „Полски клозет има во дворот, ама вози мерцедес“...
 
Wait a little..Веројатно имаме различно поимање на јака држава...За мене е јака држава кога граѓаните на таа држава се среќни и задоволни, кога имаат услови за живот да не набројувам сега кои и какви ќе ми треба еден сат да пишвам.

Ако ти гледаш од воена призма, тогаш, тоа е многу погрешен пристап. Како основна дефиниција на држава спаѓа тоа: добробитта и задоволството на населението на истата.

Веројатно ќе се сложиш со мене дека „хиперсонична“ ракета со вотка и леб и преку еден ден сол, не одат едно со друго..;)

А ти си го видел со свои очи режимот на исхрана на просечниот Русин или Белорусин за да знаеш дека доаѓа со хиперсонична ракета во менито, или само така си слушнал ?

Еве јас не сум видел, па затоа и не правам споредби.

И после месец дена повторно се враќаш на твојата погрешна теза - дека јака држава е таа во која граѓаните се среќни и задоволни, а го забораваш тоа што ти го спомнав: државата произлегува од граѓаните, а не граѓаните од државата.

Прост народ = силна држава, северенфиромистан ти е одличен пример за тоа.

САД со овие нивниве денешни либералофашисти се одличен пример за истото.

Каде е полицијата која сакаме да ја распуштиме?

Ако граѓаните произлегуваат од државата, тогаш воопшто не би требало да има протести во Белорусија според твојата теза, а во САД не би требало да има полициска бруталност и протести.

Oкеј е, јас си стојам на мислењето што го имам. На вакви табели не верувам, и на рангирања. Квалитетот на живот најдобро се мери кога ќе поразговараш со човек кој ја зема просечната плата во државата, и што тоа може да си дозволи со неа.

Точно и дека безбедноста игра улога, но како да речам, прво треба да се среди државата и ситуираноста на нацијата, а потоа да се трупа воен арсенал. Бидејќи вака испаѓа онаа народната „Полски клозет има во дворот, ама вози мерцедес“...

Во ред, а кога последен пат си поразговарал со просечен човек од Белорусија за да знаеш каква е состојбата таму ?

Еве јас не сум разговарал со никого, па затоа ми останува можеби не да им поверувам на бројките од статистичарите, но барем да ги погледнам и да ги земам во предвид.
 
Последно уредено:
А ти си го видел со свои очи режимот на исхрана на просечниот Русин или Белорусин за да знаеш дека доаѓа со хиперсонична ракета во менито, или само така си слушнал ?
Ти си ја видел со свои очи таа фамозна хиперсонична ракета, или само така си слушнал?

Сум имал прилика да се дружам повеќе месеци со Руси кои живеат во Ставропол и во Оренбург, и сум добро запознат со повеќе работи во поглед каков е животот таму, и да ти кажам искрено, не се разликува со оној што го имаме тука ние во Македонија, според нивните зборови.

Така е, во Исланд на тешки маки се поради ова.
Баш така. Да се послужам со басни како еден член тука што обожаваше басни да пишува. Работава мене ми изгледа како некој локален були, кој оди по комшии покажува мускули. Сите пари што ги има ги дава втеретана и на стероиди, и сите од него околу се тресат, а кога ќе си појди дома, на маса има само леб, масло и пипер и му дува од пенџерињата кои не се променети 203 години.

Тие што ги малтретира булито, кога ќе си појдат дома си одат во чисти и средени куќи, со ПВЦ дограма, со тв, интернет, со јадење и пиење итн..Нив не им е толку важно да се јаки во тепање, бидејќи не им е таква филозофијата, туку нив поважно му е да си се облечени убаво, да си имаат убав дом, да се нахранети и да си имаат услови за живот.

И доаѓаме до фактот дека булито впрочем, си ги лекува фрустрациите малтретирајќи други, а кога ќе дојди некој поголем батко од некое друго маало кој не само што е понавежбан доаѓа и убаво дотеран, со кола.И кога ќе добие по уши, локал булито почнува да се жали и да цвика кај својата тетка со закосени очи, а таа е толку тромава и гломазна, што да се помести ќе и требаат 32 години...
 
Ти си ја видел со свои очи таа фамозна хиперсонична ракета, или само така си слушнал?

Сум имал прилика да се дружам повеќе месеци со Руси кои живеат во Ставропол и во Оренбург, и сум добро запознат со повеќе работи во поглед каков е животот таму, и да ти кажам искрено, не се разликува со оној што го имаме тука ние во Македонија, според нивните зборови.

Јас никогаш и никаде не ја спомнав таа фамозна хиперсонична ракета, туку ти ја спомна.

И велиш на Русите во Ставропол и во Оренбург им е исто како кај нас. Дали имаат таму шаренолики корисни идиоти или полицајци кои сами се удираат во пајак-возила или амнестирани терористи и воени злосторници на власт ?
 
Имаат Рамзан Кадиров.
 
Имаат Рамзан Кадиров.

И велиш тој им вели на Русите дека би било добро да научат чеченски јазик и да вработуваат Чеченци во приватните фирми ?
 
Како ги влечиш темиве, алал да ти е. Од Оренбург и Ставропол, повлекуваш паралели со Македонија, а главната поента за дебатата, се изгуби меѓу редови..

А кој е крив за тоа што е така во Македонија?! Сите ние. Почнувајќи од самите себе. Едноставно, не не бива...Факт...
 
Споредбата ја започна ти, не ја започнав јас.

Но добро, барем твојот коментар "почнувајќи од самите себе" говори дека можеби си разбрал дека државата произлегува од граѓаните, а не граѓаните од државата.

Дај Боже да го запомниш ова и да го земеш во предвид и во твоите идни коментари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom