Златно езеро ам де как не тие рајатон ќе ми го расипвеле, абе дојте Септември убајна да вијте шо е. Јас ак не по една лајца, ам де по една кутлача ќе ви дајме та ак сакате и натре удајте се, битисајте се :зелен:
Џам, чисто, водана уште е саглам за капење, тишина ти и гузине в езеро и змишчана саде. Прегледај го приврзокот 266741
Западна железничка траса Скопје- Охрид :
Скопје -Тетово - Гостивар - Тајмиште - Кичево - Струга - Охрид,
дали сте знаеле?
...железничка станица Кичево 05.06.1921 год
... железничка станица Охрид,
...возот кај железничката станица Охрид,
...железничка станица Охрид,
... и од Подмоље како четврти крак железничката пруга поминувала преку мостот на реката Црн Дрим, Струга до Тасмаруништа која е 30 км од Дебар,
... сите овие железнички станици функционални од 1919 год до 1966 год,
П.С.
... да ми речеше некој дека постоело ваква железничка траса ќе го направев будала, а одозгора да се опкладев ќе си изгубев, посебно сум лута на колешките од Охрид, а богами и од Струга да не кажат дека имало железничка пруга на мостот над реката Црни Дрим, поминувајќи пешки сто пати да речат...еве тука имало железничка пруга и поминувало воз... оффф!
Еве еден краток француски документарец од 1965 „Охрид експрес“ шо го прикажвит животот околу пругата.
Иначе патувањето од Охрид до Скопје со „Охрид експрес“ траело неверојатни 18 саати. Дедо ми се возел редовно со возов зошто татко му работел на линијава. Бил толку бавен шо скокале од возот за мочање и од ко ќе завршеле работа ќе стрчнеле малце и ќе се качеле пак на возот .
Колку што знам терминалната станица во Охрид била кај Отекс фабрикана и трасата одела по сегашнава Улица Железничка.
Иначе све имало порано Охрид. И театар и болница, не таму кај шо е сеа болницана, него многу пред то имало позади палас кај зградите болница. ИА однапред кај Палас крај езеро имало и школо, од Григор Прличев дел, хотел Турист била зградата. Мојш да замислиш покрај езеро да си учет деца да си уживет а не ко сеа само тој шо е богат да мојт да имат нешчо таму. Ехехе на времето Охрид имало и дуборезачка школа, само не знам точно кај била, ми се чинит кај музичкото ново, не сум сигурен.
Е сеа ако се вратиме назад и универзитет имало и то прв во светов горе Имарет, ама то никој не го кажвит. И први во светов имавме езеро, ама и то е малку познат факт.
Едно време имаше и аеро клуб кај музичконо старо...И дом на ЈНА имаше, карате тренирафме ко деца таму и кафанчето одма до него имаше убај ефтини кебапи. И автобуска имаше одма до него ито прописна автобуска со сите шартој.
Ехехе шо немаше. Скопје е село за Охрид ак почнам да пишам шо све имало и то многу пред скопје.
Пример не е сеа ред вака на софрава ама на времето Охрид после војната во Краљевина Југославија ми кажвеше дедо ми Охрид бил предодреден да бидит ко Лас Вегас шо е денес и имало работи шо денес во ЛАс Вегас пример ги имат. А сите знајме ЛАс Вегас многу после Охрид го разви тој бизмис. Не зборвам за коцкарници за другиот бизнис.
Имаше Охрид едно време и полигон се играја турнири од фабрикиве, од школиве во мал фудбал. Имаше и трибини тој пулигонот. Не беше стадионот само на спортскион него и на пулигон се играше фудбал. УБа чорба праеја во Софка таму на пулигон одеја на поручек љуѓе на чорба таму. Ми се чинит ушче прает таму уба чорба.
За овје полибералните љуѓе шо се фри ворлд шо пафкет мара, ми имет старите кажвено на времето исто многу убо растел коноп низ охрид си саделе љуѓе, си пушеле трева на времето, никој да те гонит, никој да те апсит. Си садиш в бавча си го собираш твој си е.
До пред некоја година имаше и липи...За нив најмногу ми е жаљ право да ти кажам.
И за коцката во чаршијана ми е многу жаљ шо е немат појке. Пред десетина години бевме на шетање во Фиренца и цел центар на фиренца е со таква коцка ко шо имаше на времето во Охрид. Па да му се невидит Фиренца е културен град, Да винчи таму творел, аристократи биле имавме значит во Охрид то шо имале најголемите аристократи во историја на Италија.
Ке ми текнит уш нешчо да напишам шо све имало во Охрид. Абе Господа сме биле ние, ама пуста политика и криминал не вратија во железно доба.
Не мојш да не знајш дека Охрид имало железничка. Јас сум 97ма и сите моја генерација, чак и помлади шо сум праел муабет знает. Булевар Железничка ваљда не се викат зш многу железари имат по улицана.
Охрид е најубав град кај нас,иако сум од Скопје. Единствена маана е што нема убава песочна плажа (нешто како Сливица). Поранешна Немо плаче за вакво нешто
интересни се Биволите...а ги имаше и во Скоипје до земјотресот... во Охрид ги носеа на Сточна плажа... денес калта и мочуриштето се редуцирани, мислам подалеку од брегот на езерото...
интересни се Биволите...а ги имаше и во Скоипје до земјотресот... во Охрид ги носеа на Сточна плажа... денес калта и мочуриштето се редуцирани, мислам подалеку од брегот на езерото...
Охрид плажата одма после „мостон“ се викаше Ајван плажа зш ги носеле Биволите (Ајваните) на напивање вода и беше многу несредена порано. После од АРМ ја средија напраја и Скејт парк и ја преименоваја во Бафало Бич. Сега никој не ги знајт овие имиња и сите го знает местото ко Куба.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.