Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Хахах, биди маж, што треба тоа да значи? :D
Дека толку широк распон на емоционални испади не прилега на човечко суштество што има многу постабилен хормонски сооднос во организмот.
 
Не, не треба.
Треба да останеш елоквентен и цивилизиран.

Не се караме како млад брачен пар, туку дискутираме. Ама нема поента понатака, имај убав ден!
Не, треба да станеш и да се бориш.

Да, дискусијата подразбира и размена на досетки и провокации, ама јас не видов ниту еден конкретен факт, иако постирав анкета на претходната страна (затоа прерасна во кавга). Дали има примери каде тој дреме и пуши цигари или грицка семки цел ден, а таа ринта? Апсолутно. Има и спротивни примери. Некој не треба да трпи такво однесување. Јасно е дека со една плата не може да се живее, и бидејќи сите актери активно се вклучени во работниот процес, треба и домашните обврски да се поделат. Сега зошто огромен процент од жените сметаат дека на Македонија не и е потребен феминизам?, и тоа е прашање за кое треба да се дебатира, ама кога нема активни членови желни за дебата, тогаш ништо.
 
Дека толку широк распон на емоционални испади не прилега на човечко суштество што има многу постабилен хормонски сооднос во организмот.
Немаше емоционален испад, само ме зачуди тоа што од една страна ги игнорира провокациите упатени кон мене, а не ги игнорира провокациите од моја страна упатени кон членот кој се мачи да состави една реченица.
 
Супер. И од тоа треба да извлечеш заклучок. Дури и феминистките очекуваат од мажот да се однесува како маж.
 
Темава не е за лични препирки, таквите решете ги преку приватна порака. Опомена пред казнени.
Фала!
Јас лично сакам да зборувам за тие права кои им се или ви се скратени. Сега имаме и конечно анкета за нашето општество, со размислување на нашите граѓани, и тоа како одговориле мажите и како одговориле жените. Тоа што цело време одат на деструктивност, јас не можам ништо.

Редно беше од Европа и САД да се осврнеме на феминизмот во Македонија. Далеку од тоа дека сме совршено место, но уште подалеку од тоа дека законите кои ги покриваат прашањата поврзани со темава ни се од среден век. Функционалноста на законите е исто така прашање, колку тие се применуваат. Но ако некој сака, со некаков клуч да стигне до одредена цел, како што има трендови, кои се доста непопуларни, но се шират, како одреден процент застапеност на жената во Управните одбори (Калифорнија)! Или учеството на жената во тој сектор, само затоа што е жена, а го има и кај нас во неколку сектори, а во други жената воопшто не е застапена поради позитивната дискриминација, тие прашања треба да се отворат па секоја страна за застане зад своите ставови со аргументи. Сега кога имаш членови кои апсолутно немаат поенти, повторно јас не можам тука ништо. Има и такви кои имаат и одлични поенти, ама сѐ паѓа во вода по личните навреди...А гледам дека неколку мои ставови се избришани, не знам од која причина, ама и тоа не е проблем. :)
 
Кој беше терминот за женски шовинист, мизогинист?
Автоматски споено мислење:

Дали за жена која смета дека мажот е супериорен може да се искористи терминот шовинист?
 
Последно уредено:
119711549_3425227170893511_4057227323265790049_o.jpg
 
Некултурно е маж да не понуди секс на женско, у било која прилика. Дали на работно место или другде. А дали жената ке прифати тоа е нојна одлука. :)
 
Некултурно е маж да не понуди секс на женско, у било која прилика. Дали на работно место или другде. А дали жената ке прифати тоа е нојна одлука. :)
Претпоставувам дека не работиш. Како оди тоа, одиш по улица и прашуваш " дали сакаш секс"? Каков е скорот?
 
Претпоставувам дека не работиш. Како оди тоа, одиш по улица и прашуваш " дали сакаш секс"? Каков е скорот?
Не бе друже, не мислев така - да одиш по улица и да прашуваш дали сакаш секс? тоа се вика на курви у дистрикт. Само проста маса иде и така бара секс. :)
 
Не бе друже, не мислев така - да одиш по улица и да прашуваш дали сакаш секс? тоа се вика на курви у дистрикт. Само проста маса иде и така бара секс. :)
Рече " во било која прилика", улицата е прилика. Оној што проси, не бира место и време, гледа да земе нешто од било кој човек, ако ми ја разбираш метафората. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom