Албанците имаат право како граѓани на оваа држава накаде сакаат да се прошируваат, имаат поголем наталитет, имаа поголема економска моќ, фашистички е да се работи против тоа, една од алатките е кревање на национализмот кај македонците, контролирано толерирање на криминалот, за да се дигне националното чувство во одредени други општини во кои не се сака да се прошируваат албанците, можеш да читнеш и одредени членови тука како реагирале кога албанско семејство се селило во чиста населба.
Со други зборови ќе ги пуштаме низ вода македонците кои живеат во населби со доминантно албанско население, ќе толерираме криминал, ќе толерираме секакво изживување врз нив, ама чистите населби ќе бидат наши и само наши и племенски ќе ги браниме. Во ова за жал сте учесници и вие како граѓани, ти лично пред се.
Албанците имаат поголема куповна моќ заради иселениците, за да се прошируваат не им требаат инциденти, ниту патриотизам, имаат пари, имаат потреба за имот, и нормално сакаат да живеат во населби кои се уредени и каде важат законите, што е сосема нормално.
А од друга страна ги имаш македонците кои мака мачат со предавниците кои ги продаваат имотите, ги закануваат за да не продаваат, ги закануваат семејствата кои се вселуваат.
Не викам дека све е црно бело, не викам дека и албанците не покажуваат триумфализам кога купуваат од македонец, ама никако не се сложувам со тебе дека тоа е национален консензус, и дека организирано се прави тоа.