Кладилница (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Ренова - Хајдук Сплит 2 (1.5 квота)
Ренова е во лоша форма, во првенство има само една победа над Академија Пандев, две нерешени со Борец и Струга Трим Лум и два порази од Силекс и Работнички. Во квалификациите за Л.Е. има минимална победа против ерменски Алашкерт. Генерално делува доста послаба од лани. Хајдук од друга страна делува доста посериозно како екипа, во домашно првенство изгуби бодови само од Динамо Загреб и Славен белупо. Против славен може да се каже и малце несреќно. Доста млад и "гладен" тим имаат Хајдук, дефинитивно повеќе сакаат а и поголеми шанси имаат од Ренова да се пласираат во Лига Европа. Очекувам да го "преораат" теренот денеска.

Астана - Будучност Подгорица 1 (1.25 квота)

Астана ми е некако доста "симпа" екипичка, Барегшијан и Сотироу у нападот очекувам доста проблеми да им напраат на Будучност. Во квалификации за ЛШ доживеаа дебакл од Динамо Брест 6-3, во првенство се доста солидни, очекувам лагано да си го освојат годинава. Будучност некако не ми делуваат како многу сериозна екипа, во првенство имаат 2 победи и 2 порази со 7 примени а само 4 дадени голови. Во квалификации за ЛШ изгубија 1:3 од Лудогорец. Очекувам да пружат отпор но Астана ми е тука голем фаворит.

Теута - Гранада 2 (1.25 квота)

Теута тука е баш аутсајдер, минатата сезона заврши 5 на табела во албанската лига. Очекувам да се пружат голем отпор, тврдо да се постават но шансите да напраат нешто против Гранада се минимални. Гранада против А. Билбао покажа убава игра, си зема 3 бода без да прими гол, во овој дуел очекувам брзо да ја "скшат" одбраната на Теута и лесно со 2 гола разлика да си победат. Искуството на Солдадо и Молина напред и талентираните млади играчи како Херера треба да им донесат лесна победа.

Фк Ритериаи -Либерец 2 (1.35 квота)

Фк Ритериаи имаат ужасен старт во домашното првенство, од 16 утакмици изиграни само 1 победа 5 нерешени и 10 порази со 11 дадени а 29 примени голови. Во квалификациите за ЛЕ го поминаа Дери сити со гол во продолженијата (93 минута). Не изгледаат на сериозен тим, прелоши бројки оваа сезона. Слован Либерец од друга страна делува доста сериозно, очекувам од нив борба до крај на квалификацииве. Во домашно првенство почнаа солидно од 3 утакмици 2 победи ( една над Викторија Плзен 4:1) и 1 пораз (1:0 од Сигма). Имаат 6 дадени и 2 примени гола. Во овој дуел ми се јаки фаворити очекувам лесна победа.

Вкупна квота 3.16 (Сл)
 
Стеауа има девет заразени со коронавирус, само 14 фудбалери на располагање за утакмицата денеска. Во Спортлајф уште е коефициентот на 3.05. Има некоја вредност.
Значи ептен се заспани инфово протече вчера попладне негде Инаку има повторно тестирање а и нема ни да се одигра ова по мене
 
Жени брат :) можеби јако ја прославила победата ноќеска против Кербер, како да го зела турнирот..... Чекај сеа можеби ќе се опушти Дарија втор сет мада многу многу малку е веројатно да се случи тоа..... Идемо даље

И јас ја имам Синиакова, затоа мрчам. :D
 
Значи ептен се заспани инфово протече вчера попладне негде Инаку има повторно тестирање а и нема ни да се одигра ова по мене
Вчера првично беа четворица заразени и дополнително го тестираа целиот тим повторно, па излегоа девет. Имаат 14 играчи на располагање, а според УЕФА, треба минимум 13 за да можи да се одигра натпревар.
 
Бодо Глимт т13+
Ренџерс т23+
Волфзбург т23+

Не гледам посебна причина за анализа, исклучиво напаѓачки екипи против неколку класи послаби противници, 3.96 квота во СЛ.
 
@Vladimir1984 Коњух добиват денес или да избегнам

Сега баш ја гледав, греота за девојчето со повредите, инаку е поталентирана од сите хрватски тенисерки. Не знам што да речам, многу е подобра од Бошкович, за коефициентот се исплати.
 
Дали контавејт ќе остане Малото Девојче за Дрколот Кузнетсова :)
 
Марсеј - Ст. Етиен 1 @ 2.00

Двете екипи стартуваа со две победи. Марсеј минантото коло го победи ПСЖ кој беше ослабнат со неколку играчи, но тоа не значи дека Марсеј не е квалитетен,а Ст. Етиен ги победи Лориент и Стразбур што не се екипи од рангот на Марсеј. Гледам имаат тим за респект, и во меѓусебен дуел кога Марсеј е домаќин, нема пораз дома од Ст. Етиен, во официјален лигашки меч, од 23 меча како домаќин, 19 победи и 4 нерешени.
 
Ќе ме умрат тенисиве и турнирите на земја. Денес само уште куќата ја немам ставено на Мугуруза. Со Стивенс сервираше како машина, денес не може прв сервис да уфрли.

Прв сет во тајбрејк, низ нос да ти излезе. Два аса на втор сервис погоди малата, на земја, во важни моменти. Раонич на тврда не удира асови на втор сервис, само Медведев некогаш прави таков циркус.
Автоматски споено мислење:

Ај да се пробам со фудбал.

Ренова Хајдук 0-2.5 гола, коефициент 2.08 Пајнакл.

Двојката веќе падна на 1.40, никаква вреднсот повеќе нема таму, но мислам дека андерот е подобар избор. Денес ќе биде многу жешко во Скопје, преку 30 степени, ќе биде заебано да се игра. Очекувам Ренова да одиграат класичен бункер, а Хајдук не е баш Манчестер Сити да ги поболи од голови. 0-1, 0-2 најверојатни резултати, не би се изненадил од 0-0 конечен.
 
Последно уредено:

Оваа Ренова е dipshit, Хајдук мора да ги откорни ма да логичен пик е ундер2.5 само заради жешкото време
 
Оваа Ренова е dipshit, Хајдук мора да ги откорни ма да логичен пик е ундер2.5 само заради жешкото време

Не е ниту Хајдук нешто посебно, овие 1.4-1.45 се тотално неисплатливи.
 
1,30 padna kv na Hajduk, izgleda mn ja uplajkaat :unsure: I jas ja zedov uste snosti prolaz na 1,30 so Granada i Bodo Gimit 1.90 kv
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom