Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Се решив некако да пишам.

Јас не бев некоја девојка која се оптеретуваше со влегување во врски откако ја завршив последната пред неколку години која и не ми донесе ништо добро.
Како интроверт, секогаш сум одбивала покани за дејт а освен тоа во последниов месец се случи во семејството блиска личност да се зарази од корона што дополнително ме фрли во немоќ и несигурност дека луѓето ќе ме одбегнуваат поради тоа.
За среќа се заврши добро и притоа си ветив дека поинаку ќе го живеам мојот живот.

Решив да дадам шанса на дечко од соседниот град откако излегов од изолација.
Го знаев прилично добро, има голем круг на пријатели во мојот град и бев сигурна дека работите ќе одат одлично.
Бидејќи имам другарка таму ја замолив да се распраша дополнително за дечково за кој се испостави дека е од нејзино маало и добив само добри вести па реков зошто да не, ништо не губам.

Договорот беше да одиме во парк, да пиеме кафе, пиво, грицки и подоцна да ме однесе дома.
Ме собра, се течеше добро се додека дечково не одлучи наместо дома да ме однесе на друго место кое беше малку повеќе одалечено од мојот дом, со автомобилот.
Изговорот му беше дека не сакал гужва и сакал да зборува со мене. Прифатив разговор само ако ме врати дома а бидејќи сум прилично незгодна на карактер бев решена доколку не си стои на збор ќе си заминам сама без разлика колку сум одалечена од мојот дом.
Разговаравме, ме бакна, му возвратив.
Се течеше одлично додека дечково не проба да ме допира нападно, пробав некако да се тргнам од него, да бидам смирена и да не испаничам дополнително. Ама тој упорно, ми е срам да кажам како се однесуваше манијачки кон мене.
За среќа со другарка ми пред да излезам се договоривме да ми се јави и доколку има нешто да и кажам.
Типов го фати паника после повикот од другарка ми и почна некако да се правда и да ми се извинува и доколку сакам да ме однесе, ќе го направи тоа.
По патот, дознав дека типот кој глумеше шарм на стартот имал девојка, врската им била комплицирана, бил сигурен дека и таа го изневерува па да проба и тој.
Се почувствував грдо, неубаво, лошо.
Го прашав зошто не се обидува да ја спаси врската при што добив одговор што сум знаела јас?
Стигнав дома, на сето брзање го заборавив мобилниот во неговиот автомобил.
Ја проголтав гордоста, го побарав некако, беше фер да ми го донесе притоа се извинуваше дека не направил ништо погрешно.
Прекинав контакт со него разочарана бидејќи по извесен период ми се допадна некој човек.

Слободно можете да се смеете на мојата наивност, се чувствувам прилично грдо.
Се на се нема никакви последици....ако има вина тогаш е кај дечкото, затоа што зборот не си е не....од секогаш било така.
Позитивна ствар е што си излегла од комфорт зоната, она што треба да го направиш е: да не ја искористиш случкава за да се вратиш у калта пак. Иначе можеш и ти да се насмееш на твојата наивност, само немој да се осеќаш грдо заради ова. :)

Иако случкава има елементи на тролање, добра е за анализа секако.
 
Битно е колку траело и таа се противела, станува збор за правен престап ако траело долго. Ако траело долго, може имал исти такви испади и претходно. Битно е да се знае колку траело.

Не ја однел против нејзина волја. Она прифатила да се повозат. Да ја однел некаде против нејзина волја, тоа е друг правен престап.

Ќе се согласиме ли јас и ти на некоја тема?
Луѓе, девојкава рече МАНИЈАЧКО ОДНЕСУВАЊЕ.

Ја однел на друго место. ОН ОДЛУЧИЛ.

Договорот беше да одиме во парк, да пиеме кафе, пиво, грицки и подоцна да ме однесе дома.
Ме собра, се течеше добро се додека дечково не одлучи наместо дома да ме однесе на друго место кое беше малку повеќе одалечено од мојот дом, со автомобилот.
Изговорот му беше дека не сакал гужва и сакал да зборува со мене. Прифатив разговор само ако ме врати дома а бидејќи сум прилично незгодна на карактер бев решена доколку не си стои на збор ќе си заминам сама без разлика колку сум одалечена од мојот дом.

Може да се согласиме дека не се согласуваме на темава.
 
Луѓе, девојкава рече МАНИЈАЧКО ОДНЕСУВАЊЕ.

Ја однел на друго место. ОН ОДЛУЧИЛ.

Може да се согласиме дека не се согласуваме на темава.
Дечково одлучил, она прифатила.. Несреќна формулација со зборот одлучил.. Предложил е посоодветно..
 
Дечково одлучил, она прифатила.. Несреќна формулација со зборот одлучил.. Предложил е посоодветно..
Па не е на тебе, на мене и на Дамблдор да одлучиме како треба да се формулира. Анализирам тоа што пишува. Пишува дека он одлучил и пишува манијачко однесување.

Анализирам и коментирам врз основа на тоа што читам. А вие ако ги испревртувате зборовите, може и дечкото да го направиме светец да!
 
Ти можеш да одлучиш дека си во право, јас можам или не да се сложам со тебе.
 
Ти можеш да одлучиш дека си во право, јас можам или не да се сложам со тебе.
Јас искажувам мислење. Давам совет од мое гледишта и моја перцепција на нештата, ти од твоја. И тоа е. Никаде не те натерав да се сложиш!
 
Луѓе, девојкава рече МАНИЈАЧКО ОДНЕСУВАЊЕ.

Ја однел на друго место. ОН ОДЛУЧИЛ.

Може да се согласиме дека не се согласуваме на темава.
Тој одлучил, таа прифатила. Тој одлучил да одат во парк, ја присилил да одат во парк!? Проблемот е манијачкото однесување, колку тоа траело? Ако траело една секунда, тоа не е манијачко однесување.
 
Јас искажувам мислење. Давам совет од мое гледишта и моја перцепција на нештата, ти од твоја. И тоа е. Никаде не те натерав да се сложиш!
Пробувам да кажам дека фаќање за зборот одлучил не ја доловува реалната случка. Не знам зошто се доживуваш како личен напад...
 
Ааа така. Шах мат!
Значи манијачко однесување трае повеќе од една секунда. Епа девојчето рече манијачко. :)
Ако сакаш да играме шах, само изрази желба.

Да. Тој мислел дека таа е за секс, ако тој престанал кога таа започнала да се противи, тоаш тоа не е манијачко однесување. Моето второ прашање е што она подразбира под манијачко однесување! Може он започнал да ја пипка. Не е во ред да се донесат сите заклучоци пред да се најдат одговорите на клучните прашања. Само не гледам зошто она би се чувствувала виновно. Она нема никаква вина.
 
Пробувам да кажам дека фаќање за зборот одлучил не ја доловува реалната случка. Не знам зошто се доживуваш како личен напад...
Ама како ти може да кажеш како девојчето ја доловува реалната случка? И како може да кажеш дека наместо одлучил требало да стои предложил? .... муабетов ви е сама си го барала.

Не доживувам ништо како личен напад. Дискутирам.
Автоматски споено мислење:

Само не гледам зошто она би се чувствувала виновно. Она нема никаква вина.
Ајде да не го тупиме. Греота за девојчето да си набива вина. Се согласувам за последново.
 
Автоматски споено мислење:

Ајде да не го тупиме. Греота за девојчето да си набива вина. Се согласувам за последново.
Нема тупење, јас дискутирам, а притоа се обидувам да ја сфатам елементарната логика зад твоите ставови. Станува збор за игра на зборови, тоа ми е јасно, но таа се согласила на разговор. Претпоставката е дека се чувствувала сигурно со него. Сега дали тоа следење на играта е според твојата перцепција манијачко однесување? Според мене не. Дали има проблем ако тој продолжил да се однесува манијачки, откако таа започнала за дава отпор или да се противи? Да. Не знам дали имаш некој проблем со мене, ама секој твој коментар е напад, па потоа дефанзива. Јас се обидувам појасно да ја согледам ситуацијата. Тоа што на некои не им се допаѓаат моите погледи, можат да прецизираат каде, а не да ме прашаат дали сум го прочитал коментарот. Го прочитав и одговорив и од спектарот кој тебе не ти е познат- машкото однесување и гледањето кон сигналите. Никаде не го оправдувам однесувањето, само го објаснувам, да нема дополнителни полемики. :)
 
Сега дали тоа следење на играта е според твојата перцепција манијачко однесување?
Во ред. Еве да ја разгледаме и другата страна. Прифатила следење на играта, изиграла наивно. Јасно ми е што се обидуваш да кажеш, ама зошто да ставаме акцент на наивноста на девојката. Баш како што кажа некој погоре, не дојде за да ја осудуваме туку за емоционална поддршка. Барем според пишаното мене не ми изгледа дека не е свесна каде погрешила. Е сега, била наивна, прифатила "да разговараат". Ама, дали тоа, според твојата перцепција, пак му дава за право на дечкото да се однесува манијачки?! Јас те прашав и не добив одговор. Кој нормален сериозен човек се однесува така на прв дејт?! Па ни тинејџери не се однесуваат така.

Го прочитав и одговорив и од спектарот кој тебе не ти е познат- машкото однесување и гледањето кон сигналите.
.... гледање на сигнали океј. Ама пак ќе кажам, нема простор за анимално однесување.
 
Ми се чини девојчето побара емоционална поддршка, не обвинувања и осуди.
Гајле ми е што барало „девојчето“ на анонимен форум каде што може да се регистрира кој сака и каде што ја имаме едната страна од приказната.
Додека не ја слушнеме другата страна, секој има право да си каже тоа што мисли, а „девојчето“ да е спремно да слушне и што треба и што не треба.
Просечниот женски ум е поприлично изместен така да ништо чудно и цело ова да е една голема фантазија креирана за внимание.
Јас искажувам мислење. Давам совет од мое гледишта и моја перцепција на нештата, ти од твоја. И тоа е. Никаде не те натерав да се сложиш!
Аман не се карајте ја зажуструвајте ситуациајта вие двете, lol.
 
Во ред. Еве да ја разгледаме и другата страна. Прифатила следење на играта, изиграла наивно. Јасно ми е што се обидуваш да кажеш, ама зошто да ставаме акцент на наивноста на девојката. Баш како што кажа некој погоре, не дојде за да ја осудуваме туку за емоционална поддршка. Барем според пишаното мене не ми изгледа дека не е свесна каде погрешила. Е сега, била наивна, прифатила "да разговараат". Ама, дали тоа, според твојата перцепција, пак му дава за право на дечкото да се однесува манијачки?! Јас те прашав и не добив одговор. Кој нормален сериозен човек се однесува така на прв дејт?! Па ни тинејџери не се однесуваат така.

.... гледање на сигнали океј. Ама пак ќе кажам, нема простор за анимално однесување.
Ниту обвинив, ниту нападнав, само прашав и добив твој коментар. Каде реков дека била наивна?

Што е тоа "манијачко однесување", според неа? Тука има голема празнина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom