C
CoolIris
Гостин
Нема зошто да се чувствуваш грдо, да се самоанализираш и да си ја бараш грешката што си прифатила дејт со таков човек. Пробај да ги согледаш нештата од друга страна. Биди среќна што уште на самиот почеток си добила јасна слика за профилот на овој лик. Не се разочарувај, сигурно има нешто подобро од тоа за тебе!Се решив некако да пишам.
Јас не бев некоја девојка која се оптеретуваше со влегување во врски откако ја завршив последната пред неколку години која и не ми донесе ништо добро.
Како интроверт, секогаш сум одбивала покани за дејт а освен тоа во последниов месец се случи во семејството блиска личност да се зарази од корона што дополнително ме фрли во немоќ и несигурност дека луѓето ќе ме одбегнуваат поради тоа.
За среќа се заврши добро и притоа си ветив дека поинаку ќе го живеам мојот живот.
Решив да дадам шанса на дечко од соседниот град откако излегов од изолација.
Го знаев прилично добро, има голем круг на пријатели во мојот град и бев сигурна дека работите ќе одат одлично.
Бидејќи имам другарка таму ја замолив да се распраша дополнително за дечково за кој се испостави дека е од нејзино маало и добив само добри вести па реков зошто да не, ништо не губам.
Договорот беше да одиме во парк, да пиеме кафе, пиво, грицки и подоцна да ме однесе дома.
Ме собра, се течеше добро се додека дечково не одлучи наместо дома да ме однесе на друго место кое беше малку повеќе одалечено од мојот дом, со автомобилот.
Изговорот му беше дека не сакал гужва и сакал да зборува со мене. Прифатив разговор само ако ме врати дома а бидејќи сум прилично незгодна на карактер бев решена доколку не си стои на збор ќе си заминам сама без разлика колку сум одалечена од мојот дом.
Разговаравме, ме бакна, му возвратив.
Се течеше одлично додека дечково не проба да ме допира нападно, пробав некако да се тргнам од него, да бидам смирена и да не испаничам дополнително. Ама тој упорно, ми е срам да кажам како се однесуваше манијачки кон мене.
За среќа со другарка ми пред да излезам се договоривме да ми се јави и доколку има нешто да и кажам.
Типов го фати паника после повикот од другарка ми и почна некако да се правда и да ми се извинува и доколку сакам да ме однесе, ќе го направи тоа.
По патот, дознав дека типот кој глумеше шарм на стартот имал девојка, врската им била комплицирана, бил сигурен дека и таа го изневерува па да проба и тој.
Се почувствував грдо, неубаво, лошо.
Го прашав зошто не се обидува да ја спаси врската при што добив одговор што сум знаела јас?
Стигнав дома, на сето брзање го заборавив мобилниот во неговиот автомобил.
Ја проголтав гордоста, го побарав некако, беше фер да ми го донесе притоа се извинуваше дека не направил ништо погрешно.
Прекинав контакт со него разочарана бидејќи по извесен период ми се допадна некој човек.
Слободно можете да се смеете на мојата наивност, се чувствувам прилично грдо.