Да крајната цел е еден пазар на европско ниво. Нормално ова ќе потрае и можда нема да успее, ама работата се движи во таа насока. Проблематичен дел се ограничените прекуграничните капацитети и како ќе се наплаќа тоа, ама ко што знам работат и на тоа.
Инаку ова со берзава за електрична енергија е малце тешко на кратко да се објасни, па затоа и звучи премногу комплицирано. Ти како обичен корисник, можеш да си бираш снабдувач. Пример ЕДС, ЕВН и тн. ќе ти дадат понуда за една година и ти ќе си ја избереш најдобрата без да те интересира што они праат понатака. Тука лежи пазарот. Е сеа нивниот ќар ќе зависи од нивното играње на берзата. А берзата како функционира
Има повеќе типови на пазарење на истата, билатерални договори, day-ahead, intraday и балансен. Не е како типична берза. Е сега некој снабдувач се обезбедил билатерално, тие што немаат договор одат на ден-однапред. Ова ден-однапред го викаат market coupling, снабдувачите даваат цени за купување, а производителите за продажба, двете криви се пресекуваат и се формира унифицирана цена за сите утредента. Пример денес на HUPX во 2 до 3 часот цената се формирала на 41 евро за МВч. Производителите што дале над 41 евро понуда и снабдувачите испод тоа испаѓаат од игра, останатите сите ја добиваат цената што ќе се формира. Intraday ти е класична берза, моментално се случува. Глеаш понуда за наредните 15 минути, имаш цена и купуваш ако сакаш. Ама многу мала количина се тргува на овој начин, најчесто за балансирање. Се надевам нешто е појасно
На долг рок цената на овој начин ќе се намали на ниво на ЕУ, ама кај нас ќе се зголеми зашто се држи вештачки ниска. Со оглед на тоа дека никад нема да влеземе во ЕУ, ја би го насочил @Ali Pasha да протестира кај Заев пред куќа. Вмро тактички го кочеше процесов, не знам што мајка ги тераше овие да го почнат.