Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Член од
17 август 2011
Мислења
10.257
Поени од реакции
18.206
Никогаш нема ни да почне со пишување да ти одговори на прашањето. Не го пишува тоа во памфлетите пратени од (не)владините.

Нашата племенска заедница тоа го има надминато од времето на војводата Љупчо пред 20 години, тогаш е последен пат кога луѓето се лажени да не плаќаат оти партијата ќе им ги поништи долговите.

Како мислиш да се унифицира цената низ цела ЕУ? Не е идејата да има берзански центри каде киловатчасот ќе се тргува?
И понатака ќе се тргува , меѓутоа крајната цел е да има унифициран пазар на ниво на цела Европа. Моментално има повеќе берзи каде има различна цена, Унгарска, Германска и тн. Кога би бил пазарот унифициран, нема да е цената на Унгарската берза 50 евра МВ а на Бугарската 40 да речеме, туку ќе биде иста.
 
A

Ali Pasha

Гостин
Тие толку почнаа да не потценуваат(што е добро) што мислат дека никој Македонец не гледа што се случува
Само на ова ќе ти реплицирам:
Вие толку многу не преценувате, што мислите дека сме толку паметни, па ние да имаме било каква стратегија.
Еве ќе те олеснам (сигурно мое мислење), се што прават албанците, е стихиски, без план, и затоа се во таква состојба како што се , секогаш насамарени од комшиите, па и од самите нивните „лидери“. Затоа здравството, обрзованието , и економијата им се на вакво ниво...

Сигурно ДУИ нема прст во протестите, бидејќи на некој начин е усмерено против нив. Можеби Алеанцата на Албанците се обидува да придобие од ситуацијата и да го поддржи протестот, бидејќи сами не се ни способни,и ни креативни да водат опозициска битка со стратегија и план, едноставно како племенска заедница уште ни се непознати зборовите - визија , мисија, стратегија , долгорочен, краткорочен и акционен план(ама тоа е легитимно за опозицијата која што сака да дојде на власт)!
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
И понатака ќе се тргува , меѓутоа крајната цел е да има унифициран пазар на ниво на цела Европа. Моментално има повеќе берзи каде има различна цена, Унгарска, Германска и тн. Кога би бил пазарот унифициран, нема да е цената на Унгарската берза 50 евра МВ а на Бугарската 40 да речеме, туку ќе биде иста.
Ако добро разбирам, на една берза на европско ниво да бидат сите субјекти продавачи и купувачи како балансни групи како се викаа таму? То би било малку хаотично, дури и за германците.
А ако цената е иста, каде е тука пазарот? Идејата е да бараш различни понудувачи со различни цени. Вака како што викаш ти, единствената разлика е што @Ali Pasha наместо протестира против ЕВН во Тетово, ќе треба да оди да протестира пред берзата во Франкфурт да речеме.
Автоматски споено мислење:

Само на ова ќе ти реплицирам:
Вие толку многу не преценувате, што мислите дека сме толку паметни, па ние да имаме било каква стратегија.
Еве ќе те олеснам (сигурно мое мислење), се што прават албанците, е стихиски, без план, и затоа се во таква состојба како што се , секогаш насамарени од комшиите, па и од самите нивните „лидери“. Затоа здравството, обрзованието , и економијата им се на вакво ниво...

Сигурно ДУИ нема прст во протестите, бидејќи на некој начин е усмерено против нив. Можеби Алеанцата на Албанците се обидува да придобие од ситуацијата и да го поддржи протестот, бидејќи сами не се ни способни,и ни креативни да водат опозициска битка со стратегија и план, едноставно како племенска заедница уште ни се непознати зборовите - визија , мисија, стратегија , долгорочен, краткорочен и акционен план(ама тоа е легитимно за опозицијата која што сака да дојде на власт)!
Ти и комшиите твои можеби немате план, ама вашите големци финансирани од пријателите имаат план (нивен или од пријателите неважно) и знаат како да ве анимираат да делувате за остварување на планот.
 
A

Ali Pasha

Гостин
Ако добро разбирам, на една берза на европско ниво да бидат сите субјекти продавачи и купувачи како балансни групи како се викаа таму? То би било малку хаотично, дури и за германците.
А ако цената е иста, каде е тука пазарот? Идејата е да бараш различни понудувачи со различни цени. Вака како што викаш ти, единствената разлика е што @Ali Pasha наместо протестира против ЕВН во Тетово, ќе треба да оди да протестира пред берзата во Франкфурт да речеме.
Автоматски споено мислење:

Ти и комшиите твои можеби немате план, ама вашите големци финансирани од пријателите имаат план (нивен или од пријателите неважно) и знаат како да ве анимираат да делувате за остварување на планот.
Aaaa , тогаш џабе паламудите ти и твоите истомисленици, ако големите пријатели имаат план... тогаш не ви се криви албанците, туку нивните големи пријатели.
 
Да крајната цел е еден пазар на европско ниво. Нормално ова ќе потрае и можда нема да успее, ама работата се движи во таа насока. Проблематичен дел се ограничените прекуграничните капацитети и како ќе се наплаќа тоа, ама ко што знам работат и на тоа.

Инаку ова со берзава за електрична енергија е малце тешко на кратко да се објасни, па затоа и звучи премногу комплицирано. Ти како обичен корисник, можеш да си бираш снабдувач. Пример ЕДС, ЕВН и тн. ќе ти дадат понуда за една година и ти ќе си ја избереш најдобрата без да те интересира што они праат понатака. Тука лежи пазарот. Е сеа нивниот ќар ќе зависи од нивното играње на берзата. А берзата како функционира :D
Има повеќе типови на пазарење на истата, билатерални договори, day-ahead, intraday и балансен. Не е како типична берза. Е сега некој снабдувач се обезбедил билатерално, тие што немаат договор одат на ден-однапред. Ова ден-однапред го викаат market coupling, снабдувачите даваат цени за купување, а производителите за продажба, двете криви се пресекуваат и се формира унифицирана цена за сите утредента. Пример денес на HUPX во 2 до 3 часот цената се формирала на 41 евро за МВч. Производителите што дале над 41 евро понуда и снабдувачите испод тоа испаѓаат од игра, останатите сите ја добиваат цената што ќе се формира. Intraday ти е класична берза, моментално се случува. Глеаш понуда за наредните 15 минути, имаш цена и купуваш ако сакаш. Ама многу мала количина се тргува на овој начин, најчесто за балансирање. Се надевам нешто е појасно :)

На долг рок цената на овој начин ќе се намали на ниво на ЕУ, ама кај нас ќе се зголеми зашто се држи вештачки ниска. Со оглед на тоа дека никад нема да влеземе во ЕУ, ја би го насочил @Ali Pasha да протестира кај Заев пред куќа. Вмро тактички го кочеше процесов, не знам што мајка ги тераше овие да го почнат.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
ја би го насочил @Ali Pasha да протестира кај Заев пред куќа. Вмро тактички го кочеше процесов, не знам што мајка ги тераше овие да го почнат.
Јас сум да продолжат да го прават тоа што го прават и тоа со многу засилен интензитет, што е можно повеќе коли на ЕВН да запалат, а по можност и зградите на ЕВН да им ги запалат.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Да крајната цел е еден пазар на европско ниво. Нормално ова ќе потрае и можда нема да успее, ама работата се движи во таа насока. Проблематичен дел се ограничените прекуграничните капацитети и како ќе се наплаќа тоа, ама ко што знам работат и на тоа.

Инаку ова со берзава за електрична енергија е малце тешко на кратко да се објасни, па затоа и звучи премногу комплицирано. Ти како обичен корисник, можеш да си бираш снабдувач. Пример ЕДС, ЕВН и тн. ќе ти дадат понуда за една година и ти ќе си ја избереш најдобрата без да те интересира што они праат понатака. Тука лежи пазарот. Е сеа нивниот ќар ќе зависи од нивното играње на берзата. А берзата како функционира :D
Има повеќе типови на пазарење на истата, билатерални договори, day-ahead, intraday и балансен. Не е како типична берза. Е сега некој снабдувач се обезбедил билатерално, тие што немаат договор одат на ден-однапред. Ова ден-однапред го викаат market coupling, снабдувачите даваат цени за купување, а производителите за продажба, двете криви се пресекуваат и се формира унифицирана цена за сите утредента. Пример денес на HUPX во 2 до 3 часот цената се формирала на 41 евро за МВч. Производителите што дале над 41 евро понуда и снабдувачите испод тоа испаѓаат од игра, останатите сите ја добиваат цената што ќе се формира. Intraday ти е класична берза, моментално се случува. Глеаш понуда за наредните 15 минути, имаш цена и купуваш ако сакаш. Ама многу мала количина се тргува на овој начин, најчесто за балансирање. Се надевам нешто е појасно :)

На долг рок цената на овој начин ќе се намали на ниво на ЕУ, ама кај нас ќе се зголеми зашто се држи вештачки ниска. Со оглед на тоа дека никад нема да влеземе во ЕУ, ја би го насочил @Ali Pasha да протестира кај Заев пред куќа. Вмро тактички го кочеше процесов, не знам што мајка ги тераше овие да го почнат.
Димитар, ова е добро брзо објаснување за берзата.

Се вели дека цената на електричната енергија била под пазарната вредност и дека морала да поскапи. Јас имам неколку прашања па ако може некој да ми објасни.

Доколку цената на електричната енергија била подценета, како големите фирми кои купувале на слободен пазар, како што имам слушнато, достигнувале цени и до 4 ден за скапа и 2 ден за евтина тарифа и плус помалку од 0,5 денари за некое учество на пазар и транспорт и сл.
Доколку државата настапи како единствен купувач за домаќинствата сигурно ќе биде најголемиот купувач и ќе може да постигне барем 2-3% пониски цени.

Втор проблем е во тие 33% за моќност. Како што имам слушнато фирмите наплаќале само за максимално повлечена снага односно колку максимум KW се повлекле од мрежата. Значи ако во една секунда се повлечат 5KW наместо, наместо тие 33% на вкупната сума се наплаќаат само тие 5KW и како што имам слушнато по цена од околку 170-180 ден за KW.
Ова значи дека ако во месецот фирмата троши континуирано 5KW на час, таа ќе потроши 5*24*30=3600KW a ќе плати само околку 1000 ден.
Домаќинството за истата услуга ќе плати ќе има сметка за потрошена енергија 6 пати повеќе односно 6.000 ден.
3600*5(еве да речеме просечна цена од скапа и евтина)=18000 односно 33% од 18.000 односно 6.000 ден.

На крајот на кој начин се контролира ефикасноста на работењето на фирмите? Дали ние се доведуваме да стимулираме непродуктивни фирми? Дали има некој репер за минимална ефикасност над која зголемувањето на трошоците нема да се признава. На пример, 1 работник во Германија одржува 1 трафстаница. Кај нас еве да речеме се признаваат 2 работници. Што ако на една трафостаница се прикажат 20 работници. Дали како трошок ќе се признаат само овие 2 работници? На кој начин се заштитуваа државата и надодот од неефикасна работа, која на крајот тие ја плаќаат?
 
Уф :D Најпрово струјата не мора да поскапи, државата може да ја држи пониска како до сега зашто воглавном државна фирма ја произведува. Ама ЕУ бара тој сектор да функционира пазарно. Ќарот од повисоките сметки ќе иде во буџетот, ќе можеме да вработиме поише партиски војници, ЕЛЕМ ќе може да финансира поише паркови и панорамски тркала. Меѓутоа тие пари можат да бидат и продуктивни, патишта, школи и тн.

Е сега струјата се држеше подпазарно на два начина. Првиот е тоа што ЕЛЕМ законски е обврзан струјата да ја продава на ЕВН како универзален снабдувач по цена диктирана од Регулаторна Комисија(32 евра МВ), што е далеку под пазарна цена. Новиот закон диктира ЕЛЕМ за 5 години да не биде обврзан на тоа, и ќе може да ја продава енергијата на берза по повисока цена. Бидејки ЕВН си имаат точен приход од дистрибуција, а немаат ефтин снабдувач, ќе мора да ги зголемат сметките.
Вториот начин е преку индустриската тарифа. Компаниите плаќаат буквално дупло во споредба со домаќинствата. На тој начин компаниите ја преплаќаа струјата, а индиректно ги помагаа домаќинствата кој плаќаа подпазарно. Најголема глупост беше што и објекти како канцеларии плаќаа дупло а релано трошат исто како и домаќинствата. Е тоа се смени исто со законот за либерализација, кај што компаниите можат сами да си бараат снабдување, и да не ја плаќаат тарифата на ЕВН. Не е точно дека компаниите на слободен пазар плаќаат поефтино од домаќинствата. Пак плаќаат поскапо, ама 20-30 посто помалку од индустриската тарифа. Окулу максималната моќност, тоа се специфични броила останати од времето и е грешка. Имало на локацијата фирми што имале многу машини, и влечеле многу врвна моќност оптеретувајки ја мрежата. Сега работат како маркети пример и им доаѓа поефтино. Меѓутоа и со такво броило плаќаш повеќе од домаќинствата, а помалце од слободен пазар.

Последново прашање е тешко да го одговорам. Надзорот за трошокот на овие компании го има владата преку Регулаторна, а над владата технички ние. Дефинитивно нема потреба од толку вработени, меѓутоа тоа ти е во секоја наша институција. Како што кажав цената не е ради трошоците, туку ради регулатива.
Само ќе го додадам ова, ефтина струја не е социјална мерка и не секогаш им оди во прилог на најсиромашните. Поразвиените држави тоа го сватиле и се стремат кон енергетска ефикасност. Нема никаква логика да се грееш на електрична печка и да плаќаш исто ко некој што се ебава со пелети, котел на дрва и тн. Да ви биде јасно дека богатите трошат поише струја од сиромашниот граѓанин и добиваат поише ќар од субвенционираната цена. Доколку тие пари се во буџетот, а станува збор за голема сума, можеби ќе бидат искористени попродуктивно.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Доколку цената на електричната енергија била подценета, како големите фирми кои купувале на слободен пазар, како што имам слушнато, достигнувале цени и до 4 ден за скапа и 2 ден за евтина тарифа и плус помалку од 0,5 денари за некое учество на пазар и транспорт и сл.
Доколку државата настапи како единствен купувач за домаќинствата сигурно ќе биде најголемиот купувач и ќе може да постигне барем 2-3% пониски цени.
Државата (вака кажано е недефинирано на кој субјект точно мислиш) го прави тоа преку универзалниот снабдувач (ЕВН Хоме) и ЕЛЕМ/ЕСМ како субјекти над кои што има и де факто и де јуре одредена сопственост. ЕЛЕМ/ЕСМ има формирано посебна фирма во рамки на акционерското друштво која тргува на берзите, т. е. продава при вишоци на производство и купува при дефицити.

Таквата цена која ја споменуваш, а патем е исклучок а не правило за индустриски потрошувач и тоа не за долго време (јас лично имам видено флет пакети т. е. еднотарифни договори од 3 до 4 мкд/kWh неколу месеци, моментално истите фирми го имаат сменето и снабдувачот и договорот и имаат двотарифен договор со 3 до 3,5 за ниска и 7 до 8 мкд за висока тарифа што е пак повисока цена од моменталната регулирана за домаќинствата), кај домаќинствата не може да се постигне од проста причина што едно броило кај индустрискиот потрошувач му носи приход и профит на снабдувачот толку колку што би му требало да се занимава со илјадници броила на илјадници физички лица. Од технички аспект, индустриските потрошувачи имаат генерално плански пристап кон трошењето на електричната енергија за разлика од домаќинствата што е важно при набавката на струјата од берзите за формирање на тие балансни групи што се споменати претходно.

Сумирано, и технички и финансиски, апсолутно никој нормален кој не е на некој начин принуден, нема да се нафати да набавува струја од берзи за луѓе што сечат бандери кога има качено техничари од дистрибуција да им ја прекинат струјата заради долгови како на пример гнилиот свет кој го опслужува КЕЦ Васил Главинов при ЕВН Македонија.

Втор проблем е во тие 33% за моќност. Како што имам слушнато фирмите наплаќале само за максимално повлечена снага односно колку максимум KW се повлекле од мрежата. Значи ако во една секунда се повлечат 5KW наместо, наместо тие 33% на вкупната сума се наплаќаат само тие 5KW и како што имам слушнато по цена од околку 170-180 ден за KW.
Ова значи дека ако во месецот фирмата троши континуирано 5KW на час, таа ќе потроши 5*24*30=3600KW a ќе плати само околку 1000 ден.
Домаќинството за истата услуга ќе плати ќе има сметка за потрошена енергија 6 пати повеќе односно 6.000 ден.
3600*5(еве да речеме просечна цена од скапа и евтина)=18000 односно 33% од 18.000 односно 6.000 ден.
Тоа се нарекува врвна моќност и постојат технички решенија (порано механички уред, сега електроника во рамки на броилото) кои ја мерат врвната снага (во kW, не енергија во kWh) на секои 15 минути и на крајот се зема највисоката вредност во пресметковниот период. Кај големи потрошувачи, истата се мери во стотици киловати или мегават, не во 5 киловати.
И истата е одделна и целосно различна ставка од мерењето потрошена електрична енергија (kWh).
Според твојот пример, фирмата ќе плати 1000 денари за врвната моќност и уште плус 15000 - 30000 денари за потрошена електрична енергија од 3600kWh според актуелните цени.
Кај домаќинството тие 33% се пресметани во тие 5 денари кои ги споменуваш и истото ќе ги плати тие 18000 денари вкупно, без тие 6те илјади дополнителни.

На крајот на кој начин се контролира ефикасноста на работењето на фирмите? Дали ние се доведуваме да стимулираме непродуктивни фирми? Дали има некој репер за минимална ефикасност над која зголемувањето на трошоците нема да се признава. На пример, 1 работник во Германија одржува 1 трафстаница. Кај нас еве да речеме се признаваат 2 работници. Што ако на една трафостаница се прикажат 20 работници. Дали како трошок ќе се признаат само овие 2 работници? На кој начин се заштитуваа државата и надодот од неефикасна работа, која на крајот тие ја плаќаат?
Нејасен си на кои фирми да се контролира ефикасноста. Ако мислиш на тие кои работат во електросекторот, мораа да почнат да стипендираат студенти за електроинженери и да отвораат специјални паралелки како тие за деца со посебни потреби за да квалификуваат млади луѓе за мајстори како би нашле кадар за работа од што секторот е максимално исцеден. Уствари секогаш може уште да се исцеди, може нема да има лимонада ама ќе има партали од лимонот.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Сеа читам жмицко повикува на протест против поскапувањето на струјата у Среда. Значи кое дно е државава и народов на куп.

Абе не му сметаше на телево поскапувањето на струјата па цел месец граѓански протести ги игнорираа или им се потсмеваа у смисол ако им е на албанциве редно е некој(ЕВН) да ги оправи и сл.
И сеа од еднаш ајде протести за струјата, и тие волоите шо се смееа на фб и општо сеа ко попчиња ќе искочат и ќе носат пароли.

А баш се чудев на првиот протест, на кој бев јас, зашто имаше толку малку македонци едвај 50 души и зашто ете Левица на пример која се залага за социјалните прашања демек, не повикаа за подршка на тие протести ?

Сума сумарум државава е такво срање што без политичка позадина ништо саглам изворно од народов не потекнува. И затоа и самите политичари коа ќе бидат на власт знаат дека народов на све пристапува, и носат секакви одлуки за нивен ќар а на штета на северниве пацови.

Сеа со среќа нека им се протестиве, и нека си се дружат сопартијците сами.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983

Да не се поклопи со предизборната кампања ова? А Левица нема капацитет да води такви протести. Не е целта само да се протестира, туку стручно да се каже како поинаку. А Левица нека си остане во политички и правни прашања.
 
Левица идеолошки треба баш да се бави со ова и има и те како капацитет да поведе "разочарани" граѓани на борба/протест против алчните апаши на власт, впрочем нели и така дојдоа до 2 пратеника и многу илјади гласови :).
А ако се стручњаци за право и правни прашања тоа е бонус, баш што викаш нека предложат стручно некој закон.
Ете на пример се ближи зимска сезона за греење, во сите нормални здраворазумски држави како Грција на пр имаат "субвенционирана" електрична енергија за греење во сезона на греење и да се заштити воздухот од загадување и здравјето на граѓаните.
Ете Левица стручно нека предложат некој таков закон со клаузула за промена на цената на електричната енергија во одредени моменти во годината.

Ако се сака се може.
Вака, и сега во овие моменти се прават чисти, а не прљави политички поени.
Поготово ако е чиста борбата за благосостојбата на граѓаните.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom