Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако е среќа шо имаме најдобар голман во свето, тогаш да, имавме среќа.Честито победа и ако со малку среќа беше:wink:
Грешка беше шо Есиен играше, се виде дека не е спремен доволно. И Балак. А Лампард ич не е во форма, исто како и во средата со Англија.Прекрасна игра на Босингва и Деко... Деко се изнатрча цела утакмица, насекаде беше, постигна и гол кој беше од витално значење и од мене има оцена 9 од 10. Босингва имаше супер игра во одбраната и неколку јаки спринтови во напад... 8 од 10. Другите подпросечно, Балак за никаде. Ништо не напрај цела утакмица, се отепа од седење и бунење за спорни ситуации. Сепак со каква таква игра 1-0 тепавме, иако воопшто не сум задоволен од изданието... Ајде сега постегнати тренинзи и да тепаме лезетски со Тотенхем.
П.С. Нема шанси да му е 150 милиони откупот на договорот на Робињо, очигледно не знајш како е правилото за откупување.
Виган? Стив Брус уште го држи лошото манчестерско вино, поклон за минатата сезона.Да не знае некој колку се повредени Е.Кол и Џо Кол.Овие од Виган косеа мислиш за живот или смрт се работи.Боже Господе![]()
Не ме сфати. Ако дојде веднаш ќе настапи за прв тим, макар и како резервист. Пошо нормално дека од одма нема да се снајдит сто постотно во Англија.
Иначе, околу тоа Робињо да си го откупит договорот...
Нека ми кажит некој до кога имат Робињо договор и колку му е плата неделно.
Правилото гласи (сигурен сум дека е вака, не се трудете да ме побиете): Ако играчот има уште 2 (или 3, за ова не сум сигурен, а и не е битно во случајов) години од договорот кон клубот, може да го раскине договорот така што ќе исплати толкава сума на пари кон клубот колку што би добил плата од нив за преостанатиот дел од договорот, во случајов 4.2 милиони евра.