Што има врска колку е стар парфемот?
Штом се произведува, си има публика.
Јас не сум го имал затоа што другари го користеле, или уште го користат, инаку мислам дека е супер.
Тоа што ви праи кеиф, терајте си го.
Има парфеми кои се 50-60 па и повеќе години во продажба. Тоа што последниве години почна тренд секоја година да излегуваат некои нови формули, што и не се баш нови е во духот на времево, маркетингот, конзумеризмот. Така настрада еден генијален парфем според мене - Attitude на Armani, кој го прекинаа, а задржаа некои супернаивни "култни" мириси кои ме потсеќаат на скапана лубеница.