МЛАДИ МИЛИОНЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА – КОИ СЕ И КОЛКАВИ ПАРИ ВРТАТ?
Датум на објава: 03.09.2020
"Најмладиот милионер во земјава е од Скопје. Тој минатата година ја има најголемата добивка меѓу младите милионери. Неговата компанија, која се занимава со повеќе дејности како градежништво, нафтен бизнис, хотелиерство минатата година има приходи од 13,8 милиони евра и истите се зголемени за 13,8 отсто. Но, за овој скопски бизнисмен, кој доаѓа од позната фамилија во бизнис секторот и политиката, минатата година се покажала како одлична со оглед дека најмладиот милионер успеал да ја зголеми добивката за 3920% во однос на претходната година. И со тоа, овој милионер, во чија фирма има 52 вработени заработил 3 милиони евра. Воедно, тоа е и најголемата остварена добивка меѓу најмладите милионери."
Овој најуспешниов од погоре е Јордан Мијалков, постариот син на Сашо. Го постирам ова тука чисто заради смешни мислења дека директно со дрога работел Сашо, можда ќе личи како да ги бранам нив или било кој друг али чисто за "описменување" вреди да се напише. Тие ликови што лежат на милионски тендери немаат потреба од нарко пазарот, многу побрзо и полесно перат пари на вој начин легално, отколку што тоа се прави во нарко бизнисот.
Имаат помалку од 35 години, а веќе се сопственици на бизниси во кои се вртат милиони евра. Во осум компании во земјава, каде приходите и добивките надминуваат неколку милиони сопствениците се помлади од 35 години. Бизнисите или се целосно нивни, или станува збор за семеен бизнис а некои имаат...
pari.com.mk