Да имаше опасност од повлекување на признавањето на Косово ќе му дадеше меѓународната заедница на Мило зелено светло да си пазари пратеници. На опозицијава и е направен добар скрининг без гајле, го боли цеф Западот за црквите и за кој ќе биде на власт дур не им пипаш у стратешки интереси. Едино шо ќе напраат новиве е шо ќе ја остаат СПЦ на раат, ќе престанат непотребните еднострани хушкања со Србија, и евентуално да почнат пресметка со криминалниот клан на Џуканович.
Плус новите ќе си вработат свои по државна администрација и министерства, и ќе си чепнат со прстите од медот, нема да чепкаат во медот толку длабоко и безобразно како овие на ДПС што правеа 30 години.
Јас мислам дека ова во некоја рака им одговара на ЕУ.
1. Факт е дека во ЕУ не се во вистинска смисла на зборот заинтересирани за проширување на унијата со нови држави членки, ама тоа секако ЕУ не го кажува јасно и гласно.
Што им требаше стратешки да ја изолираат Русија од Европа,толку држави ЕУ си прими во членство, нас и Црна Гора не пикнаа шверцерски во Нато и не сме приоритет за членство во ЕУ, на самата унија не сме и потребни тоа е реалноста.
2. Со новата власт и најавена експертска влада во Подгорица од ЕУ ќе соработуваат ама сметам дека нема Црна Гора да влезе во ЕУ во мандатот на оваа нова експертска влада која се најавува во Подгорица.
3. Уште не е готово со Џукановиќ и неговата партија, Џукановиќ има уште 3 години мандат како претседател, да нема тој големи ингеренции на функција претседател, но сепак е на власт и има имунитет.
Можно е кога ќе дојде време за претседателски избори за 3 години, да се организираат заедно и претседателски и парламентарни избори во Црна Гора и тогаш ќе биде референдумска ситуација во Црна Гора, и онака сега ќе се формира експертска влада, а сите знаеме дека претежно кога ќе се формира во некоја држава експертска влада дека таква експертска влада скоро никогаш не го одработува до крај мандатот од 4 години.
4. Иако на Црна Гора и остана само уште едно поглавје да отворат од 35 поглавја во преговорите со ЕУ, имаат огромна бројка на поглавја кои се само отворени или само привремено затворени. Плус и кога една држава кандидат за членство во ЕУ ќе ги отвори и целосно затвори сите 35 поглавја, следи процес од 1-2 години додека сите членки на ЕУ да го ратификуваат протоколот за влез на некоја земја во ЕУ ( ние видовме од нашиот случај со Нато ратификацијата).
Далеку е Црна Гора од ЕУ едно 6-7 години во оптимистичко сценарио.
5. ЕУ ќе соработува фигуративно со новата експертска влада, но ако ЕУ не им даде ветер во грбот на новата власт во Подгорица со финиширање на процесот со целосно затворање на 35 поглавја од преговарачкиот процес ( а јас сметам дека ЕУ нема да ги затвори 35 поглавја), тогаш е реално да има извесно разочарување со експертската влада и како што погоре посочив за 3 години заедно со претседателски избори да има и парламентарни избори.
Ваков развој на ситуација и оди во прилог на ЕУ, тие и така не се за прием на нови членки.